Водно
планина во Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
планина во Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
Водно — средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина. Има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.
Водно | |
---|---|
Поглед кон Водно од Скопје | |
Највисока точка | |
Врв | Крстовар |
Надм. вис. | 1.066 м |
Координати | 41.9653° СГШ; 21.3944° ИГД |
Географија | |
Место | Скопско, Македонија |
Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м.[1] каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи неговото име.
Климата на Водно е пријатна, типично планинска. Во различни периоди од годината климата е многу различна така што средната температура е 23 С°. Најниската измерена температура во месец јануари 2005 г. изнесувала -15 С°, а највисоката измерена температура во месец јули истата година изнесувала 43 С°.
Водно има разновидна хидрографска мрежа: потоци, подземни води, водопади и извори. На Водно има многу потоци кои овчарите ги користат за напојување на стоката и делумно за наводнување на дивите костени.
На Водно има два типа на подземни води: артерски и бунари.
Објектите што се на повисока надморска височина ги користат артерските подземни води, а објектите кои се на пониска надморска височина ги користат бунарите.
Водата е бактериолошки и хемиски исправна за која заводот за здравствена заштита има издадено потврда.
Водно може да се пофали со еден мини-водопад од страна на селото Долно Соње кој е висок окулу 15 метри и е поактивен на пролет, кога се топи снежната покривка.
На Водно има и многу извори кои се користат за потребните за околното население.
Од растителниот свет на планината Водно може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија.
Од листопадните растенија на Водно најзастапен е дивиот костен, но има и бреза, липа, даб, габер и др.
Од зимзилените растенија кои се во поголем број од листопадните, најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно. Со помала застапеност е и смреката, а има застапено и зеленика и ели кои се со незначителен број.
Претставници од животинскиот свет се следниве:
Водно денес и покрај тоа што е значаен туристички центар има мала посетеност на туристи и туристичко-угостителски објекти.
Државата треба повеќе да вложува во природните убавини што ги има планината Водно, но и посетителите не треба да ги оставаат огновите недогасени, ѓубрето честопати насекаде е расфрлано а има и доста диви депонии на кои се фрла смет во големи количини. Тоа е една од пречките зошто Водно нема доволно туристи. Но најголема пречка е тоа што Водно нема стратегија за развој на туризмот.
Посетеноста на Водно е релативно слаба бидејќи нема доволно информативен и пропаганден материјал со кој би ги привлекол туристите.
Водно ги има сите предуслови за развој на рекреативниот туризам, бидеќи ги има сите потенцијали. Тоа се следниве:
Постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“. Водопадот е реткост за околината на Скопје и тоа е причина повеќе туристите да го посетат.
Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите. Може да се направи мотел кој ќе опслужува како воздушна бања и центар за рехабилитација.
Приватно ловиште за да се зачува природата и животинскиот свет. Ловиштето треба само да ги размножува постоечките видови и да не лови од другите зони.
Зоолошка градина од поинаков карактер, во којашто животните наместо во кафези, би биле оградени со жица и во која животните би ги набљудувале во нивната природна средина на живеење.
Спортското село би било камп во кој спортистите би доаѓале на подготовки, и тоа спортското село би било „расадник“ за млади спортисти.
Кампот за летување и зимување би бил составн од една ливада со сите услови за кампување и тој камп би работел за време на летната и зимската сезона.
Патека за пешачење-џогирање и велосипетска патека се голема потреба на планината и би биле од голема корист.
Планината Водно нуди извонредни услови за развој на планински и друмски велосипедизам. Многу често шумските патеки се користат од планинските велосипедисти коишто ги споделуваат заедно со планинарите под мотото „Споделуваме и се почитуваме“.
До врвот на планината Водно, наречен Крстовар, се стигнува од две страни. Од северната страна се стигнува по асфалтен пат што започнува кај основното училиште Кочо Рацин и е во должина од 11,6 километри. Овој пат во почетокот е широк булевар со три сообраќајни ленти и велосипедска патека. Потоа се стеснува, но сè уште нуди простор за автомобили и друмски велосипедисти. Овој пат прави вкупна висинска разлика од 770 метри, со просечна косина од 6,6%. Овој пат нуди прекрасен поглед на градот и места специјализирани за одмор, т.н видиковци. Сообраќајот е дозволен до Средно Водно, каде што е поставена рампа за забрана за автомобилите, и започнува пат отстапен само за пешаците и велосипедистите. Најстрмниот дел започнува после местото викано „Детско одморалиште“. Овој пат има и опција за пристап преку селата Долно и Горно Нерези. На овој пат се одржува трката во друмски велосипедизам како дел од манисфестацијата Прв до врв. Актуелен шампион и велосипедист со најбрзо време е Горан Кузмановски.
Јужниот пристап кон врвот започнува во селото Долно Соње и се движи по широк тампониран неасфалтиран пат. Овој пат е во должина од 7,9 километри и се добива вкупна висинска разлика од 390 метри со просечна косина од 4,9%. Овој пат нуди прекрасен поглед на јужните падини на планината Водно и Мокра Планина со врвот Солунска глава. Овој пат најчесто го возат планинските велосипедисти заради типот на подлогата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.