From Wikipedia, the free encyclopedia
Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ — вториот партизански одред во Македонија, по Скопскиот. Основан е на 11 октомври 1941 година во месноста Црвени Стени кај Прилеп од 37-39 борци од Прилеп.[1][2] Политички комесар на одредот бил Трајко Бошкоски - Тарцан. Нападот на борците од овој одред во Прилеп на 11 октомври 1941 година после ослободувањето се слави како Ден на востанието на Македонија.
Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ | |
---|---|
Првоборците Мице Козар и Трајко Бошкоски - Тарцан на Прилепскиот народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“ (1941 година) | |
Активна | 11 октомври 1941 – 25 декември 1941 |
Големина | 45 борци |
Битки | НОБ |
Ноќта на 7 октомври 1942 година, Трајко Бошкоски - Тарцан (Илинденски) како комесар на Прилепската партизанската чета доаѓа во Прилеп во куќата на Димче Мирчески, на Рид на средба со членовите на МК, Стеван Стојаноски и Аспарух Корубиноски, кои му пренеле дека утредента, имале договорено средба со другар од ПК на КПЈ за Македонија (Лазар Колишевски). Меѓутоа, рано изутрина на 8 октомври куќата каде што биле сместени илегалците била блокирана од бугарската полиција. За време на рацијата Аспарух, Стеван и Димче биле уапсени, а Илинденски успеал да се пробие од обрачот стрелајќи во полицајците и агентите низ уличките од Рид, и пред да биде блокиран градот од полицијата и војската, заминува кон Степанечко, во логорот на првата партизанска чета. Слушајќи ги пукотниците на Ридот, секретарот на ПК Лазар Колишевски во придружба на Крсте Црвенковски кои оделе на состанок во станот на Димче Мирчески, веднаш се враќаат во Вишне Маало, во станот на Борко Темелкоски – Лилјакот и уште истиот ден претпладне Лазар Колишески заминува за Скопје преку железничката станица кај Мажучиште.
По овој настан истиот ден се одржува состанок на МК и МВШ (Местен воен штаб) во куќата на Марко Ристески, без двајцата уапсени членови, и без политичкиот комесар на партизанската чета - Илинденски. На овој состанок се детализира планот за формирање на одредот и за неговата прва вооружена акција. Решено е одредот да брои 45 борци разделени на три чети, по петнаесет. Четите да дејствуваат на три страни во Прилепско:
Илија Попадинец добива задача оружјето што се наоѓало засолнето во Прилеп да го префрли во Варош. Се направил распоред за известување на борците предвидени за во одредот, за што се задолжени Крсте Црвенкоски, Мице Димески, Блаже Спиркоски и Перо Крстески.
По завршувањето на состанокот, истиот ден напладне бугарската полиција и војска врши блокадата на градот со цел да изврши апсење на осомничени комунисти. Исто така се уапсени и сите граѓани кои не биле во своите домови и оние кои немале документи за идентификација. Во дворот на полициската управа се приведени неколку стотини граѓани, меќу кои голем број членови на КП и СКОЈ. Приведените уште во дворот се селектирани, и еден по еден се пуштени, при што на поголемиот број им им се дале белешки да можат да се движат низ блокадата, а наредниот ден се пуштени и останатите, освен Кире Гаврилоски, Панде Чесноска, Киро Стојаноски, Блаже Талески и Благоја Аризанкоски, кои се задржани.
Утрината на 9 октомври, итно е свикан МК и МВШ во домот на Марко Ристески на кој присуствувале Вера Ацева, Орде Чопела, Ѓоре Дамески, Марко Ристески и Борка Талески. На состанокот се донесува решение доколку не бидат ослободени уапсените, да се ангажираат нови луѓе за да се изврши предвидената вооружена акција.
Меѓутоа, уште пред пладнето почнале да се јавуваат предвидените борци за во одредот кои биле претходно затворени, поради што МВШ решава дел од предвидените борци, веднаш, еден ден порано да заминат на собирното место Црвени Стени. На сите борци веднаш им бил даден знак за распознавање, така што оној што доаѓа од Прилеп, треба да го засвири првиот рефрен од песната „Много песен…“, од советскиот филм „Пастир Костја (Весёлые ребя́та), а врската за кон пештерата на Црвени Стени ќе одговори со вториот рефрен.
Дел од предвидените за во одредот квечерината по двајца или тројца, по различни патеки се сретнуваат на претходно договореното место во близина на Институтот за Тутун, од каде што во 20 часот, борците тргнуваат местото Дабојч. Кај Дабојч групата ја пречекуваат Ордан Чопела и Димо Наредникот каде што најпрво на оние борци кои служеле војска им се доделува по една пушка со по 10 куршуми. Откако групата се вооружила веднаш, предводена од Димо Наредникот продолжува за Црвени Стени каде што стигнуваат околу полноќ. Ноќта кај Црвени Стени пристигнуваат и другите групи на борци меѓу кои биле Борка Талески и Трајко Бошкоски-Илинденски.
Наредниот ден Димо Наредникот им изведува забрзана обука за ракување со оружје на борците кои немале претходна воена обука. На десетти вечерта е одржан состанок на МК во домот на Борко Темелкоски. Присуствувале членот на ПК Борка Талески, политичкиот комесар и заменикот на партизанската чета Трајко Бошкоски – Тарцан и Јоска Јорданоски-Сандански. На состанокот е донесено решение да се известат политичките затвореници во градскиот затвор, да бидат падготвени за излегување, Јоска Јорданоски уште од самиот состанок е упатен кон четата со задача да ја доведе на Црвени Стени, Борка Талески, Трајко Бошкоски и Ордан Чопела се враќаат во Црвени Стени а секретарот на МК и останатите членови остануваат во градот.
Утрото наредниот ден, Борка Талески и Трајко Бошкоски на дел од борците во Црвени Стени им определуваат посебни задачи. Блаже Спиркоски и Данчо Стојчески добиваат задача да доведат дел од предвидените борци. Данчо Стојчески ги прифатил Аспарух Јосифоски, Димче Димоски, Волче Наумчески, Мендо Бошкоски и Душко Наумоски. Блаже Спиркоски ги прифаќа Драган Спиркоски, Милан Димоски и Душан Ристески. Попладнето, групите се спојуваат кај Дабнички завој кон Зеленик и заедно се упатуваат кон Црвени Стени.
По постројувањето на борците, Борка Талески и Трајко Бошкоски – Тарцан предлагаат да се одреди привремен командир по што Никола Попоски едногласно е избран од сите борци. Дента Јоска Орданоски пристигнал во логорот на четата над Степанци и откако им ја објаснил задачата на борците, веднаш, со засилен марш, преку ден се упатуваат кон Црвени Стени, но за 30 минути не упеваат да стигнат во планираното време, поради што првата чета не била вклучена во борбените акции во Прилеп.
На 11 октомври 16 борци од одредот, поделени во три групи, вршат напад во Прилеп. При нападот врз бугарската полициска станица го убиваат стражарот. Во затворот се наоѓале политички затвореници и македонски патриоти. Следниот ден, бугарската полиција уапсила 700 прилепчани, меѓу кои и неколкумина борци од одредот.[3]
На 15 октомври 1941 кај селото Попова Нива на Селечка Планина, на одредот му се приклучуваат борците на Прилепската партизанска чета, формирана на 12 септември.[4]
Нападот на село Царевиќ бил изведен на 8 ноември 1941 година, поради што одредот тргнал од логорот претходната ноќ, за да утрото пристигне во селото. Распоредот за нападот го направил Киро Крстески - Платник, бидејќи добро го познавал селото. За нападот, одредот формирал четири групи, а пред нападот била испратена извидничка патрола да ја испита ситуацијата во селото, односно да види дали има непријателски војници, полицајци, издајници и службеници на окупаторот. Одредот зазел борбен распоред, извршил блокада на селото и ги затворил сите прилази, а извидничката патрола, а извидничката патрола поднела извештај дека селаните се наоѓаат во црквата на богослужба. Тогаш, нападните групи (водови) од четири страни истовремено влегле во селото, при што го фатиле кметот во неговата куќа и разоружале еден полски чувар.
После излегувањето од црквата селаните биле повикани сред село, поради одржување на митинг. Во тој момент патролата известила дека кон селото се приближуваат двајца вооружени бугарски полицајци, поради што селаните се вознемириле да не дојде до вооружен судир. Меѓутоа бугарските полицајци биле фатени во заседа и биле разоружени. На митингот присуствувале и разоружените полицајци, слушајќи ги зборовите на политичкиот комесар на одредот, кој го завршил говорот со зборовите:
Само со вооружена борба, браќа Македонци, можеме да дојдеме до својата вековно очекувана слобода и борбата можеме да ја водиме со останатите народи на Југославија и тоа подеднакво со германскиот и бугарскиот окупатор.
Песната „А бре, Македонче“, ја имала својата прва изведба на 8 ноември 1941 година, во прилепското село Царевиќ, на првиот народен собир во поробена Македонија | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Откако го завршил говорот, политичкиот комесар им го честитал Митровден на селаните, бидејќи нападот се одвивал тој ден. После тоа се одржала народна веселба и се играло оро на сред село и се пееле песната Абре Македонче каде се спремаш. Во оваа акција биле заробени: двајца бугарски полицајци, комисијата за реквизиција на жито во селото и претседателот на плетварската општина, биле уништени списоците за реквизиција на жито и житото било вратено на селаните. После одржаниот митинг и заминувањето на одредот во базата, за нов командант на одредот бил поставен Киро Крстевски - Платник, бидејќи дотогашниот командант Ѓоре Велковски Стрелката бил поставен за командант на месниот воен штаб. Во Извештајот на Адам Петровиќ полковник на Независната Држава Хрватска (НДХ) и воен аташе во Софија, за овој настан се вели дека во текот на митингот пред собраниот народ било кажано:[5] „...тие на собраниот народ му говореле: Ќе страда диктаторот Хитлер! Ќе страда Мусолини! Ќе страдаат сите крвници на Европа а нам ќе ни дојде слободата!“[5]
Во продолжение на истиот извештај се вели:
Заради отежнатите зимски услови за војување, ПК КПЈ за Македонија донесува одлука за расформирање на одредот на Кадин Камен на 25 декември 1941. По расформирањето на одредот неговите борци се прераспоредени на илегални задачи во: Скопје, Прилеп, Битола, Преспа и Кавадарци.
Одредот е формиран во следниот состав:[6]
Подоцна на одредот му се приклучуваат:[7]
На 25 октомври за командант на Одредот е назначен Ѓоре Велкоски, за политички комесар Крсте Црвенковски, за заменик командант Лазо Колевски, за заменик политички комесар Јоска Јорданоски, за комесар за исхрана Мицко Козар, а за негов заменик Перо Крстески.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.