From Wikipedia, the free encyclopedia
Прв скопски народноослободителен партизански одред — прва партизанска единица на НОВ во Македонија. Формиран е на 22 август 1941 година кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк и опстојува до 2 ноември 1941 година кога се самораспуштил.[1] Прв командант на одредот бил Чедомир Миленковиќ, а потоа, од 18 до 31 октомври, Љубомир Лековиќ.[2] Политички комесар на одредот бил Даме Крапчев. За време на постоењето на Одредот, во него, континуирано или повремено, се бореле 42 борци од кои 17 загинале во текот на НОВ.[3] По војната, тројца борци од одредот (Раде Јовчевски - Корчагин, Боро Петрушевски и Александар Урдаревски) се прогласени за народни херои на Југославија.
На местото на формирање на одредот, на 22 август 1981 година е откриен споменик во чест на одредот, изработен од вајарот Максим Димановски.[4]
Одредот е формиран по одлуката за почеток на вооружената борба, донесена на илегалното Јунско советување на Скопската организација на КП во Македонија (одржана во Козле на 22 јуни 1941). Одредот бил формиран од 12 или 13 борци, главно од составот на петте дотогашни скопски диверзантски групи. Во неговиот борбен пат му се приклучиле вкупно 42 борци, со мешовит национален состав - Македонци, Срби, Албанци, Турци, Црногорци, Хрвати и Чеси.
Веднаш по формирањето Одредот извршил диверзија на рудникот Радуша, по што заминал на Водно. По судирот на Боро Петрушевски со бугарската полиција и по апсењето на курирот, Боса Ѓурашковиќ на 8 септември,[5] на 9 септември се префрлил во старата диверзантска база покрај Вардар, а оттаму следниот ден се префрлил на Скопска Црна Гора, каде што престојувал во малата пештера Лазаров Камен кај селото Чучер (од 11 септември до првата половина на септември) и во манастирот „Благовештение“ (од 18 септември до средината на октомври).
На 28 септември во месноста Горне Бавче бил одржан заеднички состанок на активистите на народно-ослободителното движење од селата во Скопска Црна Гора, бил формиран првиот македонски местен народно-ослободителен одбор во селото Чучер (4 октомври), ги испробале илегално изработените рачни бомби во Скопје, ги испитале објектите на железничката линија во Качаничката Клисура за евентуално минирање, убиле еден шумар (30 октомври) и воделе борба со бугарската војска во реонот на Ѓорче Петров. На 7 октомври борци од одредот извеле акција за ликвидирање на бугарските полициски агенти Мане Мачков и Круме Панков - Кросот, во која загинал Благоја Деспотовски - Шовељ, а Александар Смилковски бил уапсен. На 18 октомври, во месноста Бела Вода, од десната страна на реката Лепенец, борците на одредот положиле заклетва.
Отежнатите услови за дејствување од притисокот на бугарската војска и полиција, како и претстојната зима и пресметката на окупаторот со кумановските одреди (Козјачкиот и Карадачкиот) и Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“, во Штабот на Одредот предизвикале колебања во однос на продолжувањето на дејствувањето на Одредот. На 2 ноември 1941 година била донесена одлука за привремено расформирање на одредот, по што одредот е расформиран кај с. Злокуќани, Скопско.
По расформирањето на одредот, неговите борци илегално влегле и се растуриле низ градот. Од 5 до 8 ноември група од шест борци од Скопскиот одред илегално се префрла во Велес, со намера да се приклучи на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски - Дрен, Благоја Давков, Невена Георгиева - Дуња, Боро Боцевски, Даме Крапчев и Боро Ончев.
На 6 јануари 1942 година, покрај реката Лепенец, на патот Скопје-Качаник, се состанале борците на Скопскиот одред, Даме Крапчев, Александар Урдаревски и Трајко Стојков. Се договориле да заминат за Косово со цел да се поврзат со тамошното народно-ослободително движење.
На 17 април 1942 година, Даме Крапчев, Раде Јовчевски – Корчагин, Кемал Сејфула, Трајко Стојков и Ѓорги Саздовски влегуваат во составот на новоформираниот Вториот скопски партизански одред, кој во тој момент броел 10 борци.[6]
Првите 12 партизани кои на 22 август го формираат Скопскиот партизански одред се:
Подоцна, кон одредот се приклучуваат:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.