Чучер-Сандево

село во Општина Чучер-Сандево From Wikipedia, the free encyclopedia

Чучер-Сандевоmap

Чучер-Сандево (во минатото познато само како Чучер) — село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје. Селото претставува административно седиште на истоимената општина.

Кратки факти
Чучер-Сандево
Чучер
Thumb

Поглед на селото Чучер

Thumb
Чучер-Сандево
Местоположба на Чучер-Сандево во Македонија
Чучер-Сандево на карта

Thumb

Координати 42°6′12″N 21°22′55″E
Регион Скопски
Општина Чучер-Сандево
ОбластЦрногорија
Население290 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1011
Повик. бр.02
Шифра на КО25030, 25530
Надм. вис.447 м
СлаваДуховден
Чучер-Сандево на општинската карта
Thumb

Атарот на Чучер-Сандево во рамките на општината
Чучер-Сандево на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, во средишниот дел на територијата на Општина Чучер-Сандево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 540 метри.[2]

Селото зазема амфитеатрална положба. Сместено е на падините на брдото Тромеѓа, како и во една сува долина. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од пет чешми, кои со вода се снабдуваат од изворот Шумљаковац, северозападно од селото. Во атарот на селото постојат и други извори на вода, особено во планинскиот дел.[3] Во 1950 година бил изграден водовод.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Дол, Лазово, Шумљаковац, Забел, Лулево, Црквен Забел, Извор, Солиште, Маринкова Голина, Трчмео, Големи Брег, Рапочева Појата, Блачански Рид, Елезица, Мост, Вржи Вир, Лепенац, Лука, Пруга, Никиштанско Куличе, Душка, Шумљак, Мусов Гроб, Кула, Чешмиче, Средно Солиште, Клепотенец, Марков Камен, Марков Даб, Црњевац, Палешевина, Пударац, Река, Коларово Кладенче, Булини Гробишта, Вртвоѓа и Крна Глава.[3]

Селото има особен збиен тип. Родовските куќи образуваат свои маала, како што се Џепиќи, Урдаревиќи, Кајевиќи, Ливриниќи и други. Во поново време, куќите се градат издвоени од стариот дел на селото.[3]

Селото се наоѓа во областа Црногорија, во југозападните делови на планината Скопска Црна Гора. Чучер-Сандево е на 15 километри оддалеченост северно од градот Скопје.

Чучер е едно од ретките села во која има куќи со пространи чардаци и чешми со многу дулки.[4]

Историја

Thumb
Собир во Чучер (пред 1920 г .)

Западно од селото, во близина на реката Лепенец, се наоѓала некогашна Давина Кула, во која според мештаните се наоѓала некоја жена по име Дафина. Подоцна, кулата била освоена од Турците. И денес се наоѓаат остатоците од некогашната кула и други ѕидини.[3]

Преданието наведува дека селото најпрвин се наоѓало неколку стотина метри северозападно од денешната местоположба, околу изворот Шумљаковац. Меѓутоа, мештаните морале да го напуштат тоа село, бидејќи поради нешто било запалено. Селото не било преместено наеднаш, туку домаќинствата се селеле повеќепати.[3]

Од старите родови во некогашното село, во денешното село се зачувани само родовите Кајевиќи и Ливриниќи.[3]

Според бугарските извори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година.[5]

До крајот на турската власт во 1912 година, селото трпело напади од страна на муслиманските жители (особено од селото Блаце) и не добивало заштита од страна на државата.[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.

Првичното име на селото било само Чучер, но било додадено и „Сандево“ по Втората светска војна во чест на народниот херој Александар Урдаревски-Санде. Всушност, по војната се случило спојување на старото село Чучер и новосоздадената населба Сандево во непосредна близина на селото.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 11 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 596 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 238 хектари, а на шумите 114 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Сточарството било главна стопанска гранка на мештаните до крајот на Втората светска војна. Особено биле одгледувани кози. Стоката била чувана во месностите Бела Вода и Стануловац на планината Скопска Црна Гора.[3]

По војната, сточарството нагло опаднало и само мал број домаќинства чува стока. Во поново време, скоро целото население работи во градот Скопје.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948752    
1953708−5.9%
1961518−26.8%
1971438−15.4%
1981374−14.6%
ГодинаНас.±%
1991317−15.2%
1994274−13.6%
2002299+9.1%
2021290−3.0%
Затвори

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 33 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 152 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 314 жители.[6]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 429 жители.[7]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чучер живееле 360 жители, сите Македонци.[8] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Чучер имало 640 жители, патријаршисти.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.[10]

Селото во 1961 година броело 518 жители, од кои 328 биле Срби, а 180 Македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 274 жители, од кои 234 биле Срби и 35 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Чучер живееле 299 жители, од кои 117 Македонци, 180 Срби, 1 Албанец и 1 останат.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 107 Македонци, 134 Срби, 8 останати и 41 лице без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 640 752 708 518 438 374 317 274 299 290
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

Чучер е православно село со мешан состав на населението, Срби и Македонци. Сите родови се доселени, едните со потекло од јужниот дел на Косово, а другите од некогашни села на планината Скопска Црна Гора.[3]

Според истражувањата од 1960-тите родови во селото се:

  • Постари родови: Кајевиќи или Кајови (20 к.), доселени се од селото Ѓерекаре кај Витина, нивниот предок најпрво се населил во Горњане, па прешол во Чучер. Во Чучер останале три негови синови, додека четвртиот се преселил во Бањане; Ливриниќи или Ливрини (20 к.), доселени се од местото Св. Спас, тоа лежи на планината Скопска Црна Гора, северно од Бањане. Го знаат следното родословие: Јован (жив на 56 г. во 1969 година) Анѓелко-Стевко-Перо-Миленко, се доселил таткото на Миленко. Старото име им било Миленковиќи, Предокот Миленко имал и еден син Златан, и по него една родовска гранка се вика Златановци. Во 1930 година една родовска гранка (Зивчевиќи) се поделила на 42 членови;
  • Помлади родови: Путиќи или Путови (4 к.), доселени се однекаде; Џепиќи или Качаниклиќи (4 к.), доселени се од денес албанското село Ѓургевдол кај Качаник. Го знаат следното родословие: Живко (жив на 34 г. во 1969 година) Перо-Крста-Митар-Анѓелко, се доселил таткото на Алѓелко; Ќуксановиќи (13 к.), доселени се од населбата Јуручка Река на планината Скопска Црна Гора (близу село Блаце). Две нивни гранки се викаат Стамболиеви и Лулеви; Јанковиќи или Јанкови (4 к.), деленици се од родот Ќуксановци; Челинковиќи (4 к.), доселени се од сега албанското село Блаце кај Качаник и Урдаревиќи (8 к.), доселени се од селото Штрпце кај Сириниќ. Велат дека таму имаат роднини.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште, кое работело од 1866 до 1964 година кај селската црква
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чучер-Сандево и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Чучер-Сандево.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Кале.

Во периодот од 1955 до 1962 година, селото било дел од тогашната општина Бутељ. Потоа, оваа општината била распуштена и била префрлена во општината Кале.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бразда, во која покрај селото Чучер, се наоѓале и селата Бањане, Блаце, Бразда, Визбегово, Глуво, Горно Оризари, Горњане и Мирковци. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Бразда, во која влегувале селата Бањане, Бразда, Глуво, Горњане, Мирковци, Оризари и Чучер.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2464 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на партизанскиот дом „Сандево“.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 365 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на главната селска црква „Св. Троица“
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Споменици

Редовни настани

Личности

Родени во Чучер-Сандево
  • Стојко Додоловски (1896-?) — единствениот Македонец кој го преживеал потонувањето на „Титаник
  • Александар Урдаревски (1920-1943) — македонски партизан, учесник во НОВ и народен херој
  • Трипун Урдаревски (1924-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Стоилко Урдаревски (1918-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Никола Урдаревски (1917-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Санде Урдаревски (1920-1943) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Живко Урдаревски (1921-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Стојан Урдаревски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Неделко Урдаревски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Благоја Урдаревски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Љубе Урдаревски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Младен Урдаревски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Перо Урдаревски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Анче Каевски (1925-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Живко Каевски — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Благоја Тапарчев (1923-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Божин Ливрински (?-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Ѓорѓија Ливрински (1925-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Русе Ливрински (1923-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Видоје Зивчевиќ (1922-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Живко Зивчев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Бојко Зивчев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Љубе Зивчев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Душан Миленковски (1921-?) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Стојан Миленковски (?-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Славко Миленков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Јован Миленков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Крсто Чуксанов (1888-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Стеван Чуксанов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Љубомир Чуксанов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Санде Чуксанов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Љубе Стојановски (1926-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Миле Качаниклиев (1925-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Неделко Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Мирче Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Панко Стамболиев (1910-1945) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Стеван Којчинов (1924-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
  • Стоилко Којчинов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Борис Златанов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Стојко Златанов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Краљо Златанов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Стојко Миленков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Панко Путев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Стојан Путев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Велимир Путев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Боривое Ладев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Драган Ладев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Мирче Ладев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Душан Џепов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Никче Џепов — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Александар Челиков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Панко Челиков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Ѓорѓија Челиков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Стојан Челиков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Јован Челиков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Ангелко Челиков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Ангеле Љотев — македонски партизан, учесник во НОВ[21]
  • Благоја Јанков — македонски партизан, учесник во НОВ[21]

Потекло

  • Александар Качаниклиќ — шведски фудбалер, потекнува од Чучер-Сандево.

Иселеништво

И ова село го зафатиле големи миграциски движења. Од постарите иселеници се знае за Кајови и Станковчеви кои се иселиле во соседното село Бањане. Како и за родот Урдаревци или Миленковци кои се иселиле во селото Булачани.[3]

После Првата светска војна се иселиле следниве родови: Ќуксановиќи во селото Љуботен, Душќиќевци и Лалови во селото Волково и Ливрини во селото Злокуќани.[3]

После Втората светска војна имало иселеници во Скопје (30 семејства), Ново Село (10 семејства) и во Орман (3 семејства).[3]

Неколку чучерски домаќинства се иселиле во Глогоњ во Војводина: Качаниклиќи (2 семејства), Златановиќи (1 семејство), Путовиќи (1 семејство), Челиковиќи (1 семејство) и Урдаревиќи (1 семејство).[3]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.