From Wikipedia, the free encyclopedia
Никола Блажов Урдаревски ( 1917 во Чучер, Скопско — 1945 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Уште како млад им помагал на родителите во обработување на земјата и чувањето на добитокот.[1] Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Чучер, меѓу првите стапил во нејзините редови. На 15 септември 1944 година учествувал во борбите против балистичките банди, кои биле разбиени и протерани од Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија бил префрлен во Срем и учествувал во завршните операции против непријателските германски сили. Поради тешките напори во битките, во февруари 1945 година бил ослободен од војска поради лечење. Но болеста била тешка, починал во јуни 1945 година.[1][2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.