From Wikipedia, the free encyclopedia
Аспарух Јосифоски (Прилеп, 1912 — Скопје, 1990) — македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938 — 1941)
и на НОБ во Македонија (1941 — 1944). Брат на народниот херој Кузман Јосифоски Питу и братучед на Димитар Чкатров.
Аспарух Јосифоски | ||
Роден | 1912 Прилеп, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1990 Скопје, Македонија |
Едвај го завршил основното образование. Потоа работел како бакал.
На 11 октомври Аспарух Јосифоски учествувал во формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.
Заедно со Благоја Спиркоски, Душко Наумоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски учествуваат во нападот на полицискиот участок во Прилеп.
Заради нелегалните активности бил уапсен и интерниран во Добруџа.
По капитулацијата на Бугарија се вратил Прилеп и бил поставен за командант на база, а потоа се преселил во Скопје.
Работел во МВР, а во 1964 година се пензионирал со чин – мајор.
Почина во Скопје 1990 година.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.