From Wikipedia, the free encyclopedia
Марлон Брандо Џуниор (3 април 1924 – 1 јули 2004), беше американски глумец на филмското платно и во театрите. Сметан за еден од најдобрите и најважните американски глумци[1], Брандо беше еден од само трите професионални глумци заедно со Чарли Чаплин и Мерлин Монро именуван во магазинот “Тајм (Time)” како еден од стотте најличности на XX век. Брандо има значаен удел во филмското глумење. Беше злогласен за неговото лоша “мрморлива” дикција и суровиот животински магнетизам сепак неговите темпераментни и живи настапни беа високо ценети и широко се смета за еден од најдобрите и највлијателните глумци на XX век. Режисерот Мартин Скорсезе за него изјави “тој е печатот: филмот се мери како “пред Брандо” и “по Брандо”. Брандо беше рангиран како четврти најдобар глумец од страна на Американскиот филмски институт за машки глумци кои своето деби на малите екрани го имале до или во 1950 г. Како долготрајна културна икона, Брандо стана бокс-офис ѕвезда за време на 1950те, време за кое пет пати беше номиниран за Оскар за најдобар машки глумец и трипати по ред ја освои “BAFTA” наградата за најдобар глумец како главна улога. На почетокот здоби популарност со улогата на “Стенли Коваслки” во филмот ”A Streetcar Named Desire” (1951), настапот во претставата “Тенеси Вилијамс” го направи голема ѕвезда на Бродвеј од 1947 до 1949, улогата како ”Terry Malloy” во “On the Waterfront” (1953) со која доби Оскар како и неговото иконско претставување на бунтовничкиот водач на моторџиите “Johnny Stabler” во “The Wild One” (1953) што се сметаше за совршена слика за поп културата[2]. Брандо беше номиниран за Оскар и за улогите како “Emilliano Zapata” во “Viva Zapata!” (1952), “Mark Antony” во филмот режиран од страна на Жосеф Л.Манкиевич според книгата “Julius Caesar” на Шекспир, “Lloyd Gruver” во “Sayonara” (1957). Во оваа декада, Брандо се појави трипати во списокот на десет ѕвезди кои најмногу заработуваат, во 1954 г. како десетти, 1955 г. како шести, и како четврти во 1958 г[3].
Марлон Брандо | |
---|---|
Марлон Брандо во Трамвај наречен Желба, фотографиран од Карл фан Вехтен, 1948 | |
Роден(а) | Марлон Брандо, Џр. |
Активен | 1944-2001 |
Сопружник | Ана Кашфи (1957-1959) Мовита Кастанеда (1960-1962) Тарита Терипиа (1962 - 1972) |
Брандо го режираше и глумеше во култниот вестерн филм “One-Eyed Jacks” чија премиера беше во 1961 год, по што глумеше во неколку неуспешни проекти почнувајќи со филмот “Mutiny on the Bounty” (1962) направен според истоимената новела. ’60-те беа неуспешна декада за Брандо, и после 10 години во кои не настапи во ниеден комерцијално успешен филм, го освои својот втор Оскар за улогата на “Vito Corleone” во филмот “The Godfather” режиран од Френк Копола во 1972 г. која критичарите ја оценуваат како една од неговите најдобри. Овој филм кој стана комерцијално најуспешен во времето кога беше издаден заедно со улогата како “Paul” во “Last Tango in Paris” (1972), која беше номинирана за Оскар и дадоа нова димензија на кариерата на Брандо и го сместија во врвот на бокс-офис ѕвездите како и на шестото место меѓу десетте ѕвезди кои најмногу заработуваат во 1972 г. и на десеттото во 1973.
Брандо не успеа да го зграпчи моментот од издигањето на неговата кариера, земајќи голема пауза додека да се појави во “The Missouri Breaks” во 1976 исто така огромен хит на филмскиот бокс-офис. После овој период доби неколку високо платени улоги за краткото појавување во филмовите “Superman” во 1978и “The Formula” во 1980 по што паузираше девет години од филмското платно. Според Гинисовата книга на рекорди, Брандо бил платен рекордени 3.7 милиони долари (денешни 14 милиони) плус 11.75% од бруто заработката за 13 дена работа во улогата како Џор Ел во Супермен зголемувајќи ја својата мистичност. Ги заврши ’70-те со контроверзната улога како поручникот “Walter Kurtz” во уште еден филм на Френк Копола, “Apocalypse Now” (1979) огромен хит на бокс-офисот од кој Брандо имаше огромна заработка која му помогна за финансирање паузата во неговата кариера за време на ’80-те. Брандо беше и активист, поддржувајќи многу проблеми посебно оние за граѓанските правата на Афроамериканците и протестите на Индијанците.
Марлон Брандо Џуниор е роден во Омаха, Небраска како син на Марлон Брандо, производител на пестициди и сточна храна и неговата сопруга Јулија Дороти. Неговите родители се преселисе во Еванстоун, Илиноис но се развеле кога тој имал 11 години. Неговата мајка си ги зела своите три деца Џослин (1919–2005), Френсис (1922–1994) и Марлон и заминала да живее во Санта Ана, Калифорнија. Подоцна неговите родители се помириле и повторно живееле заедно сега во Литертивил предградие на Чикаго, Илиносис.
Брандо има германски, холандски, англиски и ирски корени. Неговиот прапра дедо Јохан Билхелм Брандау бил германски емигрант во Њујорк во почетокот на 1700 г. Брандо беше воспитуван како христијан саетнист. Неговата прабаба го напуштила семејството кога Марлон Брандо Постариот имал само 5 години. Ги искористила парите што нејзиниот сопруг ги пратил за коцкање и алхохол.
Марлон Брандо Постариот бил талентиран аматерски фотограф. Неговата сопруга, попозната како Доди, била млада и талентирана глумица. Таа пушела, носела панталони и возела коли кои не биле вообичаени за жените во тоа време. Како и да е, таа била алхохоличарка и често се случувало да биде донесена дома пијана од ноќните барови во Чикаго. Доди Брандо глумела и била администратор во театар. Таа му помогнала на Хенри Фонда да ја започне својата глумечка кариера и го заинтересерала својот син Марлон за глумењето. Како и да е, Марлон бил поблизок со својата баба Беси Пенбакер отколку со неговата мајка. Вдовица, кога била млада пенбакер работела како секретарка, а подоцна и како активист во христијананската саентистичка верата. Нејзини татко бил доктор од Ирска, а нејзината мајка Јулија Ватс од Англија.
Брандо бил имитатор уште од мал и ја развил способноста да ги апсорбира одликите на луѓето кои ги играл и ги претставувал драматични и со голема страст. Неговата сестра Џослин била прва која покажала интерест кон глумецството, се запишала на Американската Академија за Драмски Уметности. Таа се појавила на Бродвеј потоа во филм и на телевизија. Другата сестра на Брандо, Френсис го напуштила колеџот во Калифорина и се запишала на уметност во Њујорк. Наскоро Марлон појде по нејзините стапки.
Брандо бил вратен една година назад, а подоцна и исфрлен од средното школо во Либертивил поради проблеми кои ги направил со својот мотор. Бил префлен во Воената Академија во Шатук каде што учел неговиот татко. Тој бил одличен во театарот и добро во училиштето. Во неговата последна година (1943) Марлон бил казнет заради непослушност на армиски офицер во една вежба. Бил пратен во својата соба но се прикрадил и избегал во градот каде подоцна бил фатен. Факултетот изгласал тој да биде избркан иако студентите го поддржувале и се држеле на ставот дека изклучувањето било престрого. Тој бил повикан назад наредната година, но решил да се откаже од училиштето.
Брандо работел како ископувач на злато, работа преку летото овозможена од татко му. Потоа пробал да влезе во армијата, но на физичкиот тест била откриена повреда на неговото колено со која се здобил играјќи фудбал во Шатук. Заради тоа бил класифициран како 4-F и не бил вклучен во армијата. После ова решил да ја следи својата сестра и да замине во Њујорк. Татко му го издржувал 6 месеци и се понудил да му најде работа како продавач. Како и да е, Брандо заминал да студира на Професионалната Американска школа за театар дел од т.н “The New School” и во Глумечкото студио.
Иако често претставуван како методичен глумец, Брандо се сметаше сам себе за се само не за методичен глумец. Тврдеше дека ги презира предавањата на Ли Стразберг: “кога и да имав некој успех Ли Стразберг сакаше да профитира од тоа. Тој никогаш не ме научи ништо. Да можеше тој ќе правеше профит и од сонцето и од месечината. Тој беше амбициозен и себичен човек кој ги експлотираше луѓето кои присуствуваа на неговите часови и сакаше од себе да направи глумечки гуру. Некој луѓе го почитуваа но никогаш не разбрав зошто... Стразберг никогаш не ме научи да глумам”. Брандо беше страстен студент и следител на Стела Адлер, од која ги научи техниките на Станиславскиот систем. Постои приказна во која Адлер кажува како го учела Брандо во која Адлер им кажала на студентите да глумат кокошки, а потоа додала дека јадрена бомба ќе падне врз нив. Сите почнале да трчаат по училницата само Брандо се преправал дека седи врз јајце. На прашање од Адлер зошто одлучил да реагира вака, Брандо одговорил :“Јас сум кокошка, што знам јас за јадрена бомба?”.
Брандо ги користеше вештините од "Stanislavski System" за првите улоги кои ги доби во Сајвил, Њујорк на Лонг Ајленд. Неговото однесување придонесе тој да биде исфрлен од кастингот во Сајвилд но подоцна доби улога во една локална претстава преку која успеа да стигне до Бродвеј во мелахоничната драма “I Remember Mama” во 1944 г. Критичарите го опишаа за најперспективен глумец на Бродвеј по улогата како очаен воен ветеран во ‘Truckline Café” иако оваа претстава била прилично комерцијално неуспешна. Во 1946 се појави на Бродвеј како млад херој во политичката драма “A Flag is Born” одбивајќи да прифати плата помала од просечната глумечка плата поради неговата поврзаност со проблемот за Израелската независност. Во истата година Брандо глумеше заедно со Катерина Колонел во неколку нејзини претстави од која најпозната е Антигона. Но вистинската слава Брандо ја стекна со улогата на Стенли Ковалски во претставата од 1947 г. на Тенеси Вилијамс “A Streetcar Named Desire” режирана од Елија Казан. Брандо ја доби улогата возејќи до Провинстаун, Масачусетс каде Вилијамс го поминувал летото и правел аудиции за улогата на Стенли Ковалски. Вилијамс изјавил дека го здогледал Брандо веднаш знаел дека го има Ковалски. Брандо својата инспирација за толкување на Стенли Ковалски ја базирал врз основа на боксерот Роки Грацијано кој го проучувал во локалната сала. Грацијано не знаел кој е Брандо сè додека Брандо не му подарил карта за претставата. Грацијано изјавил: “платното се крена и веднаш си помислив дали ова е неранимајкото од вежбалницата? и тој ме глуми мене !!!”
Во 1947 год, Брандо направил тест за браќата Варнер за тоа како би глумел на филм. За тестот одглумил дел од сценарио за филмот “Rebel Without A Cause” кое не е поврзано со истоимениот филм издаден во 1955 г. Овој тест е прикачен како бонус во ДВД изданието на “A Streetcar Named Desire”.
Првата филмска улога на Брандо дојде во 1950 г. глумеше како гневен воен ветеран во “The Man”. Поминал цел месец во кревет во воена болница во Ван Нис за да се спреам за улогата. Оваа улога за самиот Брандо значеше дека неговиот статус во армијата ќе биде сменет од 4-F во 1-А. Имал операција на коленото кое го повредил во Шатук и бил прегледуван од армиските доктори бил испратен и на прегледи кај армискиот психијатар но за среќа психијатарот бил пријател на друг доктор кој пак бил познаник на Брандо и му помогнале да ја избегне воената служба во Војната во Кореја.
Брандо ја пресели претстава “A Streetcar Named Desire’ и неговата улога како Стенли Ковалски на теливизиските екрани и беше номиниран за Оскар за најдобра машка улога исто како и во наредните три години за улогите во Вива Запата во 1952 год, Јули Цезар во 1953 и Марк Ентони во 1954. Неговите први пет филмови го издигнаа и му помогнаа да ја освои „BAFTA“ наградата трипати по ред од 1951 до 1953 за најдобра главна машка улога.
Во 1953 година глумеше и во “The Wild One” возејќи го својот мотор Труимф Тандербрд 6Т, што доведе до противење на производителите на Триумф моторите поради тоа што Брандо го претставил како силеџиски мотор со кој одредена банда освојува мал град. Но сликите на Брандо со неговиот Триумф Тандербрд станаа иконски и го зголемија пуублицитетот на производителот.
Подоцна во оваа година Брандо играше во претставата на Ли Фолк, “Arms and the Man” во Бостон. Фолк бил горд да им пренесе на луѓето дека Брандо одбил понуда од 10.000 долари неделно на Бродвеј за да настапува во неговата претстава во Бостон за само 500 долари неделно. Ова беше последен пат на Брандо да глуми во претстава.
Брандо освоил „Оскар“ за улогата како Тери Малоу во филмот „На доковите“ (On the Waterfront). Во една позната сцена од овој филм го убедил режисерот Казан дека сценариото е нереално и со Род Стејџер импровизирале за сцената да изгледа пореално.
По ова во ’50-те Брадно глумеше најразлични улоги почнувајќи како Наполеон во “Désirée”, “Sky Masterson” во мјузиклот “Guys and Dolls”. Глумел и во “The Teahouse of the August Moon” како Сакини односно јазичен толкувач за американската армија во Јапонија, пилот во американската армија во филмот “Sayonara” и во “The Young Lions” како германски офицер.
Во ’60-те Брадно се појавил во неколку филмовикако што се “One-Eyed Jacks” (1961) вестерн, единствен филм што тој го има режирано, “; Mutiny on the Bounty” (1962), “The Chase” (1966),“Reflections in a Golden Eye” (1967) каде глуми како потиснат и подзаборавен армиски офицер. Оваа улога го потикна критичарот Стенли Крауч да напише: “Главното достигнување на Брандо е што успеа да ја отслика молчаливата но сепак стоичката мелахонија на оние кои се потиснати од надворешното опкружување”.Исто така глумеше и секс гуру во филмот “Candy” (1968). За неговиот нареден филм “Burn!” (1969) има изјавено дека му е фаворит иако бил комерцијално неуспешен. Неговата кариеара забави кон крајот на деценијата затоа што тој доби репутација како глумец со кој не може да се работи.
Улогата на Брандо како Вито Корлеоне во 1972 година беше пресвртница во средината на неговата кариера. Режисерот Френсис Форд Копола го убеди Марлон да направи тест во кој би имал додатоци на дел од неговото лице. Брандо сам со помош на памучни топчиња успеа да ги надува образите. Копола беше воодушевен од неговиот главен карактер во филмот шеф на мафијашка фамилија, но мораше да се препира со продукцијата затоа што сакаше улогата да ја добие некој темпераментен глумец. Марио Пузо секогаш го замислувал Брандо како Корлеоне. Меѓутоа водечките луѓе на Парамоунт сакаа Корлеоне да го глуми Дени Томас со надеж дека Томас ќе ја приклучи својата продукциска компанија кон Парамоунт. Томас ја одби понудата и бараше Брадно, како желба на Копола и сите други кои присуствувале на пробата да ја добие улогата.
Конечно, Чарлс Булдром претседател на компанијата “Gulf+Western” “мајка” на Парамаунт нагорови Брандо да ја добие улогата. Кога ја видел пробата вчуденовидено прашал: “Што гледаме? Кој е овој стар гениј?”
Брандо доби Оскар за оваа улога но одби да ја прифати наградата со што стана само вториот глумец кој одбил Оскар (прв бил Џорџ Скот). Тој ја бојкотираше церемонијата, а наместо него прати активист за правата на индијанците во Америка кој се појавил во Апачи фустан за да ги пренесе причините зошто Брандо не е присутен. Причината била неговото противење на начинот на кој Холувуд и другите телевизии ги претставуваат индијанците.
Наредно е филмот на Бернарно Бертулочи од 1973 г. “Last Tango in Paris” но перформансот на Брандо бил во сенка на секлуалната содржина на филмот. И покрај тоа, Брандо повторно беше номиниран за Оскар за најдобра машка улога.
Брандо бил повикан да се појави на финалната сцена од вториот дел на филмот Кум, но не се појавил на денот на снимањето поради несогласувања со студиото и бил исфрлен од сцената.
Брандо ја имаше улога на Џор-Ел таткото на Супермен во истоимениот филм во 1978 г. Тој се согласил да ја прифати оваа улога но неговите услови биле да добие голем надомест и да не мора да го учи сценариото туку тоа да тече некаде во позадина за време на снимањето. Подоцна во документарец за Супермен издаден во 2001 г.беше откриено дека Брандо заработил 3.7 милиони долари за две недели.
Брандо сними сцени и во вториот дел на Супермен, но откатко продуцентите одбија да му платат иста сума како и во првиот дел тој им забрани да ги искористат сцените во кој тој се појавува. Но по смртта на Брандо сцените во кој глуми беа вметнати во реизданието на Супермен 2. Две години по неговата смрт тој ја “преигра” улогата на Џор-Ел татко на Супермен во најновото издание “Supermen Returns” во 2006 г. Во овој филм беа искористени сцени кои веќе беа прикажани во првиот дел и сцените снимани во вториот дел кои никогаш не биле прикажани. Гласот на Брандо е користен низ целиот филм.
Брандо глумеше и како офицерот Волтер Е. Куртц во филмот на Форд Копола “Apocalypse Now”. Глуми како високо ценет офицер на Американската Армија кој станува предавник. Тој води воени операции по своја волја и е под закана од Американската армија исто како и Виетнамците. Брандо добивал по 1 милион долари неделно за овој проект.
Иако стави крај на неговата кариера во 1980 г. Брандо повремено се појавуваше како споредна улоги во неколку филмови: “A Dry White Season” ( беше номиниран за Оскар во 1989), “The Freshman” во 1990 г. и во “Don Juan DeMarco” во 1995 г. Во неговиот последен филм “The Score” во 2001 година глумеше заедно со Роберт Де Ниро кој исто така го глумеше Вито Корлеоне во “The Godfather II”. За перформансите во некој од последните негови филмови како што е ” The Island of Dr. Moreau” (1996) ги доби можеби најлошите критики во неговата кариера. Тој ја дал идејата за поемата наречена “Fan-Tan” зедно со режисерот Доналд Камел уште во 1979 година но таа била реализирана дури во 2005.
Во 2004, Брандо потпишал договор со филмскиот режисер од Тунис, Рида Бехон и започнале пред-продукција за проект наречен “Brando and Brando”. Сè до една недела пред неговата смрт тој работел на сценариото во исчекување на почетокот на снимањето во јули или август 2004 година. Продукцијата престанала со работа по смртта на Брандо во 2004 година. Бехи изјавил дека ќе го продилжи снимањето на овој проект во чест на Брандо но дека ќе го промени насловот во “Citizen Brando”.
Брандо беше познат по неговиот бурен личен живот и големиот број на афери и деца. Во 1976 година, тој му изјави на еден француски новинар "Хомосексуалноста е толку многу во мода, тоа веќе не е вест. Како и голем број на мажи, јас исто така имав хомосексуални искуства и не се срамам. Јас никогаш не посветував многу внимание на она што луѓето го мислат за мене. Но, ако постои некој кој е убеден дека Џек Николсон и јас сме љубовници, тие можат да продолжат да го прават тоа. Сметам дека е смешно."[4][5][6]
Во “Songs My Mother Taught Me” Брандо кажува како ја запознал Мерлин Монро на една забава каде таа свирела пијано но не била забележана од никого на забавата и имале љубовна афера која ја долго време ја одржувале. Брадно примил телефонски повик од Монро неколку дена пред таа да умре. Тој зборуваше и за други романси но како за нив така и за неговите жени и деца не дава никакви информации во неговата автобиографија.
Брандо се оженил со глумицата Ана Кашви во 1957. Ана е родена во Калкута и се преселила во Велс од Индија во 1947. Се сметало дека таа е ќерка на велшанецот Вилијам О’Калахан кој работел во Индија. Но во нејзината книга “Brando for breakfast” таа открива дека навистина е пола Индијка бидејќи весниците згрешиле во врска ос Вилијам О’Калахан, тој бил нејзин очув. Нејзиниот вистински татко бил од Индија и дека таа е резултат на нерегистриран брак меѓу нејзините родители. Брандо и Ана имале син, Кристијан Брандо кој се родил на 11 мај 1958 г. Нивниот брак траел до 1959.
Во 1960, Брадно се оженил за седум години постарата од него мексиканско-американската глумица Мовита Кастанеда. Се развеле во 1962 година. Таа се појавила во првото снимање на филмот “Mutiny on the Bounty” во 1935 година, 27 години пред Брандо да се појави во реизданието на истиот филм во 1962. Имаат две деца заедно: Мико Кастанеда Брадно (1962) и Ребека Брандо (1966).
Трета жена на Брадно му била глумицата од Тахити, Тарита Терипиа со која стапил во брак во август 1962 г. Заедно глумелеле во филмот “Mutiny on the Bounty”. Таа била 18 години помлада од него имала само 20. Бидејќи Тарита зборувала француски и Брадно го научил и има дадено голем број интервјуа на француски јазик. Имал две деца со Тарита, Симон роден во 1963 и Шејен Брандо. Марлон исто така и ги посвоил двете ќерки на Тарита. Брандо и Тарита се развеле во јуни 1972.
Брандо имал долга врска и со неговата слугинка, Марија Кристина Руиз со која има три деца: Нина Присила Брандо родена во мај 1989, Мајл Џонатан Брандо роден во јануари 1992 и Тимоти Брадно роден во јануари 1994. Има уште 4 деца од непознати жени: Стивен Блекхарт (1967), Мајкл Гилман (1967) кој бил посвоен од долгогодишниот пријател на Брадно, Сем Гилман, Дилан Брадно (1968) и Ангелина Брадно. Брадно ја посвоил и Петра Бранно-Корвал ќерка на неговата асистентка Каролин Барет и романописецот Џејмс Калвел.
Внукот на Брадно, Туки Брадно (1990) син на Шејен Брандо е успешен манекен. Има голем број на внуци меѓу кои и Мајкл Брадно син на Кристијан Брадно роден во 1990, Приденс Брадно и Шејн Брадно синови на Мико Брадно и уште многу други.
Во мај 1990, Даг Дорлет љубовникот на ќерката на Брадно Шејен, загинал во престрелка по расправија која ја имал со полубратот на Шејен, Кристијан во семејниот дом во Беверли Хилс. Кристијан кој тогаш бил 31, тврдел дека бил пијан и дека пукањето било несреќен случај. По долго најауваното судење, Кристијан бил осуден за убиство од небрежост и бил казнето со 10 години затвор. Пред објавувањето на казната, Брандо сведочел скоро еден час каде меѓу другото изјавил дека тој и неговата поранешна сопруга се откажале од Кристијан. Изразил и жалење и кон фамилијата Дорлет. “многу ми е жал ... веднаш би го заменил местото со Даг, подготвен сум да ги сносам последиците”. По завршувањето на случајот таткото на Даг, Жак изјавил дека Брадно глумел додека син му се извлекол со убиство. Но трагедијата се зголемила уште повеќе во 1995 кога Шејен која имала долготрајни последици од тешка сообраќајна несреќа и не можејќи да ја преболи смртта на својот маж извршила самоубиство. Била најдена обесена во својот дом во Тахити. Кристијан Брадно починал од пневмонија на 49 годишна возраст во јануари 2008.
Брандо ја доби репутација на “лошото момче” со своите јавни непромислени изјави и со неговото несоодветно однесување. Според еден магазин од Лос Анџелес, Брадно бил рокенрол уште пред да биде измислен рокенролот. Неговото однесување за време на снимањето на филмот “Mutiny on the Bounty” му донесе репутација на глумец со кој е тешко да се работи. Бил обвинет за смената на режисерот и дека земал пари од буџетот на филмот но не прифати одговорност ни за двете. На 12 јуни 1973, Брандо му ја скршил вилицата на папарази сликарот Рон Галела. Галела го следел Брадно кој бил заедно со Дик Кавет по снимањето на емисијата “The Dick Cavett Show” во Њујорк. Брандо му платил 40.000$ на Галела и имал инфицирана рака. Наредниот пат кога Галела го фотографирал Брадно, се појавил со фудбалска кацига.
Брадно ги дал следниве коментари за неговиот сексуален живот во интервју со Гери Греј за неговата биографија во 1976 година: “хомосексуалноста е толку во мода што веќе и не е интересна. Како и голем број мажи и јас сум имал сексуално искуство и не се срамам од тоа. Никогаш не сум обраќал внимание на тоа што луѓето мислат за мене. Но ако има некој што мисли дека јас и Џек Николсон сме во врска, нека продолжи да мисли така. Јас мислам дека тоа е смешно”.
Снимањето на “Mutiny on the Bounty” на Брадно влијаеше и на друг начин. Тој се заљубил во Тахити и во народот. Тој купил корален остров, Тетироа, кој планирал да го направи пола резор а пола како природна лабораторија. На крајот, таму изградил хотел кој сега е затворен, а по негова желба со текот на годините многупати бил редизајниран. Неговиот син е еднинствениот жител на Тетиора. Брадно активно користел радио врска за комуникација во островот со знаци KE6PZH и FO5GJ кои биле како писма. Тој бил заверен во Федералната Комуникациска Комисија како Мартин Брандао за да ја заштити својата приватност.
Лошиот глас кој го следеше Брандо, проблематичното семејство, проблемот со дебелината привелекуваше повеќе внимание отколку крајот на неговата кариера. Во ’80-те почна да се здебелува и во средината на ’90-те тежеше 136 килограми, а во исто време боледуваше и од дијабетис. Како Орсон Велс, и тој имал флуктации на тежината во текот на кариерата посебно во годините од кариерата во кој имал повеќе работа и биле повеќе стресни. Исто така и заработи репутација како глумец со кој е тешко да се работи, често не можејќи и не сакајќи да го запамти текстот кој треба да го толкува и дека не сака да ги слуша дирекциите туку почесто сака да се спротивставува со режисерот и да бара доасдни побарувања.
Тој исто така воведен некои новости во неговите последни години. Имаше проблеми со “U.S. Patent and Trademark Office” за патентирањето на неговото име.
Марлон беше добар пријател со Мајкл Џексон и си плаќаше регуларни одмори во неговиот парк Неврленд, и таму престојуваше и се одмараше по неколку недели. Брадно учествуваше и во концертите за прославата на 30 годишнината од кариерата на Мајкл Џексон во 2001 година и се појави во 13 минутното видео на пејачот "You Rock My World" во истата година. Синот на Брандо, Мико неколку години бил телохранител и асистент на Џексон, а биле и добри пријатели. Мико еднаш изјавил: “последниот пат кога татко ми ја излезе куќата за да оди некаде за да помине какво било време, беше за да оди кај Мајкл. Многу му се допагаше. Тој имаше 24 часа обезбедување, 24 часа помош, 24 часа готвач , 24 часа луѓе околу него.” На 30-годишнината кариерата на Мајкл, Брандо одржа говор од хуманитарен карактер но не беше добро прифатен од публиката.
На 1 јули 2004, Брандо починал од тумор на белите дробови и пребрзо чукање на срцето. Зад себе остави 13 деца од кој две беа умрени пред него како и повеќе од 30 внуци. Причината за неговата смрт не беше објавена поради приватни причини. Тој исто така имал проблеми со видот поради дијабетисот и рак на бубрезите. Кратко пред неговата смрт иако користел маска за дишење, тој го снимал својот глас повторно за “The Godfather” но сега за играта направена според филмот.
Карл Малден кој глумел заедно со Брандо во неколку филмови, во документарец кој бил издаден како бонус во ДВД изданието на филмот “A Streetcar Named Desire” зборува за телефонски повик од Марлон кратко пред тој да умре. Смирениот Бран1но му кажал дека почнал ептен да пропаѓа. Малден сакал да дојде да го види но Брандо му кажал дека нема потреба за тоа. Три недели подоцна, Брадно бил мртов. Кратко пред неговата смрт, одбил да му се вградат мали боци со кислород во неговите дробови кои требало да му го продолжат животот.
Брадно бил кремиран и неговата пепел била заедно со онаа на неговиот другар од детството Воли Кокс и уште еден долготраен пријател Сем Гилман. Потоа нивната пепел била расфрлана дел на Тахити и дел низ Мртвата Долина. Во 2007, беше издаден биографски филм за Марлон долг 165 минути, “Brando: The Documentary”, режиран од Мајк Медовеј.
Во 1946, Брандо ја искажал својата посветеност кон идејата за создавање на држава на Евреите со настапот на претставата “A Flag is Born”. Неговото вклучување во овој имеше голем придонес во трите најважни проблеми во поствоениот период: борбата за основање на држава на Евреите, белото робје со преживеаните од Холокаустот и во борбата против расизмот во САД. Учествувал и во митинзите за собирање на средства за Џон Ф. Кенеди во претседателските избори 1960.
Во августе 1963, учествуваше и во “Маршот низ Вашингтон” заедно со уште неколку ѕвезди: Хери Белфонте, Џејмс Гарнер, Чарлтон Хестон, Барт Ланкастер и Сидни Потер. Брандо заедно со Пол Њуман учествувал и во борбата за правата за слобода.
Во времето после екзекуцијата на Мартин Лутер Кинг во 1968, Брандо направил големи напори за да ја продолжи неговата работа. Кратко по смртта на Кинг, Брандо објавил дека се повелкол од снимањето на филмот “The Arrangement” за да се посвети во протестите за граѓанските права. Во шоуто на Џони Бишоп, Брандо изјавил: “почувствував дека е подобро да откријам каде е, што е да се биде црнец во оваа земја, зошто е цел овој бес.”
Вклучувањето на Брандо во борбата за правата на Афроамериканците, започнала долго време пред смртта на Кинг во 1962. Во раните ’60-ти, Брандо донирал многу пари во “Southern Christian Leadership Conference.” До ова време, Брандо веќе бил вклучен во филмови кои носеле пораки за граѓанските права: “Sayonara”во кој се прикажува меѓурасна романса, “The Ugly American” во кој се опишуваат убиствата на американските војнци во странство и лошиот ефект што го има врз правата на странците. Одредено време донирал пари и на “Black Panther Party” и се сметал за пријател со онсовачот на партијата Боби Сијл. Престанал да ја финансира оваа партија поради нејзината радикализација.
Во 1973 година на доделувањето на Оскарите, Брандо не присуствувал да ја подигне наградата за најдобра машки глумец за улогата во “The Godfather” го претставувала на церемонијата. Таа се појавила во Апачи фустан и образложила дека Брандо не бил присутен и нема да ја прифати наградата поради начинот на кој Американските домородци се претставуваат во медиумите и во Холивуд. Во ова време во 1973, протестот кој се одржал во Воундет Ни, предизвикал големи проблеми меѓу Владата и Американските домородци. Овој настан го привлекол вниманието на американските и на светските медиуми. Ова се смета за голема победа на движењето и членови и поддржувачи.
Надвор од неговата работа во филмовите, Брандо се појавил и пред Калифорниското Собрание, во поддршка на законот за станбениот фонд, и лично се вклучил во протестите.
Во интервју за списанието Плејбој во 1979 година, Брандо изјавил: “сте виделе секаква расна дискриминација, но никогаш немате видено слика на понижен Евреин затоа што тие секгаш беа претпазливи за тоа, и тоа со право. Тие никогаш не дозволија таква слика да се појави на телевизија. Евреите направија толку многу за светот што, препоставувам дека би биле екстра разочарани бидејќи тие воопшто му даваа значење на тоа”.
Брандо искоментира слично и во шоуто на Лери Кинг во 1996: “ Холивуд го водат Евреите, Холивуд го поседуваат Евреите и тие треба да имаат поголема чувствителност како ги претставуваат луѓето што страдаат. Затоа што тие биле експлотирани. Сме виделе понижен црнец, сме виделе јапонец со едно око но никогаш не е прикажан понижен и уништен евреин. Бидејќи тие точно знаеле што да прикажуваат”. На ова Лери Кинг му вратил дека Брандо е во право но за анти-евреите на што Брандо одговорил:”Не, не, затоа што јас ќе бидам првиот што искрено ги почитувам и поддржувам Евреите и ќе кажам фала му на Господ што Евреите постојат”.
Џеј Кантер, агент на Брандо, пежисер и негов пријател го дефинирал Брандо како: “Марлно ми има зборувано со часови за неговите симпатии кон еврејскиот народ и е голем поддржувач на Изрел”. Слично напишал и Луи Кемп во неговата колумна за “Jewish Journal”: “Вие можеби го паметите како Дон Вито Корлеоне или како Стенли Ковалски но јас го паметам Марлон Брандо како добар човек и голем пријател на Евреите кога им беше најпотребно”. Кон крајот на неговиот живот стана критичен кон Израел и почна да ја поддржува Палестина.
Во интервју за “NBC Today” еден ден п смртта на Брандо, Лери Кинг ги бранеше коментарите на Брандо за евреите и изјави дека тие биле извадени од контекст и надвор од пропорција.
“Ова е споменот од Брандо без разлика дали ќе му се допаѓа или не: фантастичен глумец, кој беше олецитворение на поезија на непокојство која ги допре и најдлабоката и најнедопирлива динамика во неговото време и место”. - Џек Керол во 1994
Брандо е широко познат како еден од најдобрите и највлијателните глумци на XX век. Тој се здоби со голема почит меѓу критичарите и театерските експерти со неговите незаборавни претстави и со неговото харизматично присуство на екраните. Во енциклопедијата “Movies in American History”, Џејмс Делмот напиша: “Марлон Брандо несомнено беше најдобриот глумец на екраните во XX век, светски прифатен како филмска ѕвезда од прв ранк и како изведувач на несекојдневни глумечки способности”. Филмискио професор Ричард Шикел проучувајќи ги неговите глумечки способности и харизматичното присуство на екраните, расправаше: “Како филмски глумец никој од неговата генерација не му беше рамен. Иако константно лошо ја одигруваше улогата сепак внесуваше поголеми емоции во сцената од било кој друг, ова знак на харизма која мора да е дар од Господ”. Роџер Еберт, човекот кој ја напишал неговата легендарна улога во филмот “in Last Tango in Paris” изјавил: “Тој беше најдобриот филмски глумец, авторот на глумењето кој со голема почит кон сцената”.
Тенеси Вилијамс еден од многуте кој добро ја познавал финесата на Брандо го опиша како: “Најдобриот жив глумец. Подобар дури и од Лоренс Оливер”. Самиот Лоренс Оливер изјавил: “Брандо глумеше со соживување и инстинк што не можеа да се носат дури ни најдобрите технички перформанси”. Џони Деп го величеше Брандо за промената за тоа како глумците работат: “Марлон го измени глумецството, тој направи револуција во глумата”. Деп исто така изјави дека: “веројатно најважниот глумец – зборувајќи за него само како за глумец”. Во 2007, во магазинот “Best Life”, Роб Реинер кој зборува за неговата глума во филмот “in On the Waterfront” напиша: “Марлон Брандо ја има прикажано најдобрата поединечна глума. Едноставно е природна, моќна, реална и чесна”.
Во 1973 година, Брандо добил „Оскар“ за улогата на Вито Корлеоне во филмот „Кум“, но одбил да ја прими наградата, а наместо него, на сцената се појавила глумицата со индијанско потекло Сачин Литлфедер, која изјавила дека Брандо не ја прифатил наградата поради стереотипното претставување на американските староседелци во филмовите.[7]
“Уметноста на глумење се дели на две поглавија: “Пред Брандо” и “После Брандо”. Иако Станиславски беше оној кој го создаде “методот на глумење”, Брандо беше оној кој ја покажа неговата огромна моќ - American Film Institute's Moments of Significance. Марлон Брандо е културна икона чија популарност траеше повеќе од шест децении. Привлекувањето на вниманието на нацијата во ’50-те остави длабок ефект на филмската индустрија и влијаеше на широк домен во американската култура. Според филмскатам критичарка Полин Каел: “Брандо претставуваше реакција против пост-воената манија за безбедност. Како протагонист, Брандо од ’50-те немаше код имаше само инстинкт. Tojбеше анти-социајален знаејќи дека општеството не вреди ништо. Беше херој на младите бидејќи беше доволно силен да ги издржи ударите од општеството...... Брандо претставуваше современа верзија на слободен Американец. Брандо е сè уште највозбудливиот американски глумец на екраните”. Социологот Д-р Сузан МкДоналд-Вокер тврди: “Марлон Брандо неговата спортска кожна јакна, фармерки и неговиот предезвикувачки поглед стаана културна икона во Америка. Неговата интерпретација на гангстерот Џони Стаблер во филмот “The Wild One” стана иконска слика на бунтовник и модна икона со совршениот дизајн на моторџиската јакна, накривената капа, фармерките и очилата. Фризурата на Џони стана огромен хит и иста таква после Брандо меѓу другите имаа и Џејмс Дин и Елвис Присли. Џејмс Дин често го копирал Брандо, а Елвис Присли го искористил неговиот стил за неговата улога во “Jailhouse Rock”. Сцената "I coulda been a contenda" од филмот “On the Waterfront”, според режисерот Мартин Левинсон е една од најдобрите сцени од филмската индустрија и текстот од оваа сцена станал дел од Американскиот културен лексикон. Стилот на Брандо од филмот “Wild One” со својот мотор Триумф Тандербрд беше користенсе до 2011 година од страна на производителот.
Брандо беше сметан за секс-симбол еден од првите кој се здоби со светска слава поради својот секси стил и шарм ипоради информациите за неговите љубовни врски со најубавите Холивудски ѕвезди. Според професорката по глума, Линда Вилијамс, „Марлон Брандо беше совршениот американски машки секс-симбол кон крајот на 1950-те и почетокот на 1960-те”. Брандо бил првиот глумец-активист за граѓанските и правата на домородците во САД.
По неговата смрт во 2004, Брандо оставил имот вреден 21 милиони долари. Според „Форбс“ (Forbes), и по смртта, Брадно сè уште заработува по 9 милиони долари годишно, со што е еден од мртвите глумци кој заработуваат најмногу.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.