астероид From Wikipedia, the free encyclopedia
3 Јунона — голем астероид во астероидниот појас. Откриена е во 1804 г. од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг.[13] Ова е третиот по ред откриен астероид кој спаѓа меѓу дваесетте најголеми и еден од двата најкрупни каменливи астероиди (тип S) заедно со 15 Евномија. Се проценува дека ова тело зафаќа 1 % од вкупната маса на астероидниот појас.[14]
Орбитата на Јунона е значително елиптична со мал наклон, движејќи се меѓу Марс и Јупитер. | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Карл Лудвиг Хардинг |
Откриено | 1 септември 1804 |
Ознаки | |
Наречена по | Јунона |
Главен појас (Јунонска грутка) | |
Орбитални особености[1] | |
Епоха ЈД 2457000,5 (9 декември 2014) | |
Афел | 3,35293 ае |
Перихел | 1,98847 ае |
2,67070 ае | |
Занесеност | 0,25545 |
4,36463 г | |
Просечна орбитална брзина | 17,93 км/с |
33,077 | |
Наклон | 12,9817° |
169,8712° | |
248,4100° | |
Сопствени орбитални елементи[2] | |
Сопствена голема полуоска | 2,6693661 АЕ |
Сопствено занесеност | 0,2335060 |
Сопствен наклон | 13,2515192° |
Сопствено средно движење | 82.528181 ° / г |
Сопствен орбитален период | 4.36215 г (1593.274 d) |
Прецесија на перихел | 43,635655 лс / г |
Прецесија на искачувачки јазол | −61,222138 лс / г |
Физички особености | |
Димензии | (320×267×200)±6 км[3] |
Среден пречник | 246,596 ± 10,594 км[1] |
Среден полупречник | 135,7±11 [4] |
216 000 км2[5] | |
Зафатнина | 8 950 000 км3[5] |
Маса | (2,86 ± 0,46)⋅1019 kg[б 1][6] |
Средна густина | 3,20 ± 0,56 г/см3[6] |
Екваториска површ. гравит. | 0,12 м/с2 |
Екваторска втора космичка брзина | 0,18 км/с |
7,21 ч[1] (0,3004 д)[7] | |
Екваторска вртежна брзина | 31,75 м/с[5] |
0,238[1][8] | |
Температура | ~163 K најг: 301 K (+28°C)[9] |
S[1][10] | |
7,4[11][12] до 11,55 | |
5.33[1][8] | |
0,30" до 0,07" | |
Астероидот е наречен по врховната римска божица Јунона, сопруга на Јупитер.
Астероидот е откриен на 1 септември 1804 г. од Карл Лудвиг Хардинг.[1] Подолго време се сметал за планета, сè додека не се утврдило дека се работи за астероид и мала планета во текот на 1850-тите.[15]
Јунона се вбројува меѓу најголемите астероиди (веројатно десеттоти по големина) и сочинува 1 % од масата на сиот астероиден појас.[16] Го зазема второто место по масивност меѓу астероидите од типот S, веднаш по 15 Евномија.[3] И покрај тоа, Јунона има маса само 3 % од онаа на Церера.[3]
Орбиталниот период на Јунона изнесува is 4,36578 години.[17]
Меѓу астероидите од типот S, Јунона е необично отсјајна, што може да упатува на посебни површински својства. Големото албедо е причината за нејзината релативно висока привидна величина за мало тело кое не е блиску до внатрешниот раб на астероидниот појас. Јунона може да достигне +7,5 на поволна противположба, што е посјајно од Нептун или Титан, поради што е откриена пред поголемите астероиди Хигија, Европа, Давида и Интерамнија. Но на највеќето противположби, Јунона достигнува величина од +8,7[18] — едвај видлива со двоглед — и при помали издолжувања ќе мора да користи 76-милиметарски телескоп за да се распознае со доволна острина.[19] Астероидот е главното тело на Јунониното семејство.
1 | Меркур |
2 | Венера |
3 | Земја |
4 | Марс |
5 | Веста |
6 | Јунона |
7 | Церера |
8 | Палада |
9 | Јупитер |
10 | Сатурн |
11 | Уран |
Јунона најпрвин се сметала за планета, заедно со 1 Церера, 2 Палада и 4 Веста.[20] Во 1811 г. Ј. Ј. Шретер ѝ го проценил пречникот на 2.290 км.[20] По откривањето на други астероиди, сите четири биле прогласени за такви тела. Со малите димензии и неправилниот облик, Јунона не може да биде џуџеста планета.
Астероидот кружи на малку помало средно растојание од Сонцето отколку Церера и Палада. Има умерено наклонета орбита со околу 12° кон еклиптиката, но таа е крајно занесена, повеќе од Плутоновата. Овааа голема занесеност повеќе ја доближува до Сонцето во перихел отколку Веста, а подалеку во афел отколку Церера. Од сите астероиди со пречник преку 200 км, само 324 Бамберга има позанесена орбита.[21]
Јунона се врти во напредна насока при осен наклон од околу 50°.[22] Највисоката забележана температура на површината (во делот што гледа право кон Сонцето) изнесува 293 K, измерена на 2 октомври 2001 г. Земајќи го предвид тогашното хелиоцентрично растојание, ова дава проценета највисока температура од 301 K (+28 °C) во перихел.[9]
Спектроскопските проучувања на Јунонината површина даваат можност да се заклучи дека таа може да е предок на хондритите, кои се чест вид на каменлив метеорит составени од железоносни силикати како оливин и пироксен.[23] Инфрацрвените слики покажуваат присуство на кратер со ширина од 100 км, како последица од геолошки млад удар.[24][25]
Според инфрацрвените податоци на MIDAS добиени со Хејловиот телескоп, во 2004 г проценет е просечен полупречник од 135,7±11.[4]
Јунона е првиот астероид забележан како прикрива друго тело. Минала пред слаба ѕвезда (SAO 112328) на 19 февруари 1958 г. Оттогаш се забележани неколку затскривања, од кои најкорисно е она на SAO 115946 на 11 декември 1979 г. заведено од 18 различни набљудувачи.[26] На 29 јули 2013 г. астероидот ја затксрил ѕвездата PPMX 9823370 со величина од 11,3,[27] како и 2UCAC 30446947 на 30 јули 2013 г.[28]
Масата на Јунона е проценета од радиосигналите од леталата што кружат околу Марс и апаратите на неговата површина, кои пак ги мерат ситните растројувања кои таа ги предизвикува врз движењето на Марс.[29] Нејзината орбита малку се изменила во 1839 г. најверојатно поради растројувања од непознат астероид кој минал крај неа.[30]
Во 1996 г. Хукеровиот телескоп во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ направил слики на Јунона при видливи и близуинфрацрвени бранови должини служејќи се со адаптивна оптика. Сликите го опфаќаат целиот вртежен период и го покажуваат неправилниот облик и темното подрачје кое се смета за последица од неодамнешен удар.[25]
Јунона достигнува противположба од Сонцето на секои 15,5 месеци, при што најмалото растојание во голема мера се разликува, зависно од тоа дали е близу до перихелот или афелот. Низи од поволни противположби се јавуваат на секоја 10-та противположба, односно малку над секои 13 години. Последните поволни противположби биле на 1 декември 2005 г. на растојание од 1.063 ае, величина од 7,55, како и на 17 ноември 2018 г. при најголемо растојание од 1.036 ае, величина од 7,45.[31][32] Следната поволна противположба ќе биде на 30 октомври 2031 г. при растојание од 1.044 ае, величина од 7,42.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.