База на мали небесни тела на JPL
From Wikipedia, the free encyclopedia
База на мали небесни тела на JPL (англиски: JPL Small-Body Database, SBDB) — астрономска база на податоци посветена на мали тела во Сончевиот Систем. Базата е во надлежност на Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и НАСА, и одржува податоци за сите познати астероиди и неколку комети, вклучувајќи орбитални параметри и дијаграми, физички шеми и библиографија на дела во кои се обработува телото. Базата се подновува секојдневно[1]
Податоци за доближувања
Базата располага со податоци за доближувањето на поважните планети и 16 најмасивни астероиди. Се добиваат со придодавање на „;cad=1“ на крајот од адресата.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.