From Wikipedia, the free encyclopedia
Спектрален тип или спектрална класа — видовна поделба на астероидите според нивниот оддавен спектар, боја, а понекогаш и светлоодбојност (албедо) и се во склад со површинскиот состав на астероидот. Кај помалите астероиди, разликата во составот на површината и внатрешноста е премногу слична за да се прави разлика, но големите тела како Церера и Веста имаат јасна внатрешна структура. Постојат повеќе типолошки системи за оваа поделба, како што се Толеновиот, SMASS и Бас-Демеовиот.
Денешната класификација ја отпочнале американските астрономи Кларк Чапман, Дејвид Морисон и Бен Целнер во 1975 г. со три категории:[1] C за темни јаглеродни објекти, S за каменести (силикатни) објекти и U за останатите. Подоцна класификацијата е проширена и појаснета.
Тековно постојат повеќе класификации,[2] кои, иако се стремат да бидат складни една на друга, сепак ставаат некои астероиди во различни класи поради поинаквите критериуми во приодот. Двете најзастапени класификации се објаснети подолу:
Најкористената типологија во поново време е онаа на американскиот астроном Дејвид Толен, првпат предложена во 1984 г. Разработена е од широкопојасни спектри (помеѓу 0,31 и 1,06 μм) добиени во Осумбојниот преглед на астероиди или ЕКАС (Eight-Color Asteroid Survey, ECAS) направен во таа деценија, заедно со мерењата на албедото.[3] Првичната разработка се заснова на податоците од 978 астероиди.
Во оваа шема се опфатени 14 типа поделени на три главни категории, но и некои споредни типови. Еве ги типовите со некои поголеми примери:
и споредните класи:
Толеновата класификација ги бележи недоследните спектрални податоци со „I“, што не е спектрален тип само по себе. На пример, астероидот 515 Аталија има спектар на каменест, а албедо на јаглероден астероид, и затоа ја носи таа ознака.[4]
Некои објекти имаат мешани ознаки (на пр. CG) кога имаат својства од разни типови.
Толеновата класификација ги користи следниве знаци кои се придодаваат кон спектралниот тип:[4]
На пример, марсопреминувачот 1747 Рајт е од класата AU:, што значи дека е астероид од типот A, но со необичен и шумлив спектар.
Оваа е понова типологија воведена од Шелте Џ. Бас и Ричард П. Бинцел во 2002 г. на основа на Спектроскопскиот преглед на мали астероиди од главниот појас или SMASS (Small Main-Belt Asteroid Spectroscopic Survey) кој опфаќа 1.447 астероиди.[5] Прегледот дал спектри со многу повисока разделна моќ од ЕКАС и да утврди разни потесни спектарски особини, но во малку помал опсег (0,44 до 0,92 μм). SMASS не ги зема предвид албедата. Трудејќи се да се држат до Толеновата типологија поради овие разлики, стручњаците утврдиле 26 типа во три главни категории (C, S и X), како и помал број необични тела во споредни типови:
Значаен број мали астероиди спаѓаат во типовите Q, R и V, претставени само со едно тело во Толеновиот систем. Во оваа шема SMASS, Бас и Бинцел на секој астероид му задаваат само еден тип (т.е. нема мешани).
Неколку околуземски тела имаат спектри кои значително се разликуваат од сите класи по SMASS. Ова се должи на тоа што тие се многу помали од оние во астероидниот појас и затоа веројатно имаат помлади и помалку видоизменети површини, или пак минералниот состав им е помалку разновиден.
Во еден фотометрички систем, сјајноста на еден објект се изразува преку збир различни брановодолжински филтри (пропусни појаси). Во фотометричкиот систем UBV (ултравиолетова, сина, видлива), се применуваат три филтри:
При набљудување, сјајноста на објектот се мери двапати со различни филтри. Добиената разлика во величина се нарекува боен показател. Најчесто се користат показателите U–B и B–V. Покрај нив, се користи и показателот R–I, каде „R“ значи „црвена“, а „I“ значи „инфрацрвена“.
Бои | виолетова | сина | зелена | жолта | портокалова | црвена |
---|---|---|---|---|---|---|
Бранови должини | 380–450 нм | 450–495 нм | 495–570 нм | 570–590 нм | 590–620 нм | 620–750 нм |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.