24 јануари - Уапсен Зоран Верушевски, поранешен директор на ДБК, за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела.
26 јануари - Од Косово екстрадиран убиецот на полицаецот кај Природноматематичкиот факултет од 2010 година, Алмир Дрпљанин.
31 јануари - Полициска акција „Пуч“ во која се уапсени четири лица и според МБР сакале преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
31 јануари - Обраќање на премиерот Груевски: Заев ме уценуваше со материјали од странски разузнавачки служби.
февруари
5 февруари - Скандалозни видеа се појавија на Youtube со дел од разговорите меѓу премиерот Никола Груевски и водачот на СДСМЗоран Заев на која се гледа како водачот на опозицијата во неколку наврати му кажува на премиерот дека поседува материјали од разговори и истите ги добил од странски служби.
5 февруари - Експлозија во фабриката за полнење плински боци Балкан Гасови во Богданци во која загинаа три лица .
24 март - Обвинувања од опозициската СДСМ околу купување плац на Водно и уривање на Космос во телефонските разговори.
24 март - Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов поднесе кривична пријава против уредникот на МРТВ.
26 март - Љупчо Зиков поднесе оставка од функцијата Престедател на Позитивна Алијанса.
27 март - Во Гевгелија наврнаа 23 литри дожд на квадратен метар, на Маврови Анови 43 сантиметри снег.
28 март - Од поројните дождови се излејаа реките Брегалница, Црна Река и Лакавица.
април
1 април - Средношколците повторно на марш против лошите реформи.
1 април - Водачот на СДСМ Зоран Заев на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра.
4 мај - Разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани и поранешниот генерален секретар на ИВЗ Африм Тахири со група нивни приврзаници упаднаа во Исламската верска заедница.
6 мај - Протести во Скопје по објавувањето на телефонски разговори околу убиството на Мартин Нешковски, осум повредени полицајци.
10 мај - Во вооружената пресметка во Куманово, според податоци на МВР биле убиени 8 припадници на специјалната единица Тигри, додека 37 биле повредени.
13 мај - Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност избран за нов Министер за Внатрешни работи, а за нов министер за транспорт и врски е избран Владо Мисајловски, директор на Јавното претпријатие за патишта.
13 мај - Објавена видео-снимка на Youtube во која наводно водачот на СДСМ бара мито од 200.000 евра.
13 мај - Протест пред Владата од активистите од движењето „Протестирам“ – се бара оставка од Груевски.
14 мај - водачка средба на четирите најголеми партии во земјата.
15 мај - Прекин на протестите од страна на средношколците.
17 мај - Протест на опозициската СДСМ пред Владата на Македонија. Водачот на СДСМ побара оставка на Владата и преодна влада до предвремени избори.
17 мај - Заев: Остануваме пред влада, сè до оставката на Груевски.
18 мај - Неуспешни преговори за решавање на политичката криза во земјата од страна на водачите на четирите најголеми партии.
18 мај - Митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред Собанието на Македонија.
јуни
2 јуни - Во резиденцијата на дипломатската мисија на ЕУ во Пржино , политичките водачи го потпишаа договорот за конечно решение на политичката криза [1].