македонски ракометар From Wikipedia, the free encyclopedia
Кирил „Кире“ Лазаров (роден на 10 мај 1980 во Свети Николе) — македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар кој последен пат настапувал за француската екипа РК Нант, како и за Ракометната репрезентација на Македонија.[1] Лазаров се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, правејќи го еден од најдобрите ракометари во историјата.[2][3] Лазаров се наоѓа и на првото место во категоријата најмногу постигнати голови на едно Европско првенство, со 61 гола. Со екипата на Барселона ја има освоено Лигата на шампионите.
![]() | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Кирил Лазаров | ||
Роден(а) |
10 мај 1980 Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1,93 м | ||
Тежина | 98 кг | ||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | РК Нант | ||
Број | 17 | ||
Младински клубови | |||
1991–1994 1994–1997 |
Овче Поле Борец | ||
Сениорски клубови | |||
1997–2000 2000–2002 2002–2007 2007–2010 2010 2010–2011 2011–2013 2013–2017 2017–2022 |
Пелистер Загреб Веспрем Загреб Ал Сад Сиудад Реал Атлетико Мадрид Барселона Нант | ||
Репрезентација | |||
1999– | Македонија | 237 (1699) | |
Дресот со бројот 7, односно цифрата што Лазаров ја има носено во македонската репрезентација и РК Загреб (како и варијации со бројот 17 во РК Нант), е поради југословенскиот и хрватскиот кошаркар Тони Кукоч кој во Лазаровото детство оставил голем белег како успешен спортист.[4][5]
Лазаров е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и Спортист на Македонија за 2009, 2014, 2017, 2018 година. Добитник е и на два национални медали за заслуги од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски (2009 година) и од претседателот Ѓорѓе Иванов (2011 година), а е прогласен и за Спортски Амбасадор на Македонија.
Лазаров започнал да тренира ракомет уште од најмлади години. На 13 години настапувал во младинската екипа на РК Овче Поле каде тренер му бил неговиот татко и Јанев како тренерски тандем. Неговите квалитети ги демонстрирал на позицијата десно крило, на која играл во првите години од неговата кариера. Во својот матичен клуб се задржал до 1994 година, кога поминал во редовите на РК Борец од Велес, во годината кога овој клуб станал национален првак. По три поминати сезони во младинскиот клуб на Борец, Лазаров потпишал со РК Пелистер од Битола во 1997 година, каде за првпат дебитирал во најсилната македонска лига. Со РК Пелистер станал шампион на Македонија во сезоните 1997-1998 и 1999-2000, го освоил Купот на Македонија во сезоните 1998 и 1999. Лазаров со екипата на Пелистер дебитирал на европските натпреварувања.
Во јуни 2000 година, Лазаров ја започнал својата меѓународна кариера во хрватски Бадел 1862 Загреб.[6]. Овде се задржал до 2002 година, и во сезоната 2000-2001 станал шампион на Хрватска и освојувач на Националниот Куп на Хрватска.
Во периодот од 2002 до 2007 година, Кире Лазаров настапувал за екипата на РК Веспрем од Унгарија. Со Веспрем станал пет пати шампион на Унгарија и пет пати освојувач на Националниот Куп на Унгарија. За првпат во редовите на Веспрем постигнал добри резултати и на европско ниво. Така, на двапати со својот тим стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите во ракомет, и станал најдобар стрелец. Во 2006 година бил избран за спортист на Веспрем. Во периодот од 2007 до 2010 година, Лазаров повторно настапувал за РК Загреб, каде станал трипати шампион на Хрватска и трипати освојувач на Националниот Куп на Хрватска. Во сезоната 2007-2008 станал најдобар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 96 постигнати погодоци[7], а истото признание го добил и наредната 2008-2009, кога постигнал 93 погодоци. Во сезоната 2009-2010 од Лигата на шампионите, Лазаров постигнал 83 погодоци.
Во 2010 година, Лазаров потпишал за екипата на РК Атлетико Мадрид од Шпанија за сума од 125.000 евра.[8] Со овој тим станал освојувач на ИХФ Супер глоб, трипати освојувач на Националниот Куп на Шпанија, еден пат освојувач на АСОБАЛ Купот. Во сезоната 2011-2012 станал втор најдобар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 97 постигнати погодоци.
Во 2013 година, Лазаров преминал во „Барселона“, а во јануари 2015 година, медиумите во Хрватска објавиле дека годишната плата на Лазаров во „Барселона“ изнесува 450.000 евра, со што тој станал третиот најплатен ракометар во светот, по Домагој Дувњак и Никола Карабатиќ.[9] Во февруари 2015 година, пред да му истече тековниот договор, Лазаров потпишал нов двегодишен договор со „Барселона“, со трајност до крајот на сезоната 2016/2017.[10] Во првите две сезони поминати во „Барселона“, Лазаров бил најдобар стрелец на клубот во шпанската лига и во Лигата на шампионите. Со овој тим станал двапати освојувач на ИХФ Супер глоб, четири пати национален првак на Шпанија, четири пати освојувач на АСОБАЛ Купот и АСОБАЛ Суперкупот, двапати освојувач на Каталонскиот Суперкуп, како и освојувач на Лигата на шампионите. На крајот од сезоната 2014-2015, целиот тим на „Барселона“ добил место во идеалниот тим на шпанската лига „АСОБАЛ“, а Лазаров бил прогласен за најдобар десен бек во лигата.[11] Регионалниот ракометен портал „Балкан хендбол“ го прогласил Кире Лазаров за најдобар ракометар од овие простори во сезоната 2014-2015. Притоа, Лазаров освоил 29 гласа, со што за еден глас го победил Момир Илиќ, кој бил прогласен за најдобар во 2014 година.[12]
Во 2017 година Лазаров потпишал двегодишен договор со РК Нант, а по една помината сезона, договорот го продолжил до 2021 година[13].со екипата на Нант станал својувач на „Трофејот на шампионите".
Клуб | Сезона | Лига | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|---|
РК Пелистер ![]() |
1997-1998 | ЕХФ Куп | / | / |
1998-1999 | ЕХФ Куп | 1 | 4 | |
1999-2000 | Куп на победниците на куповите | / | / | |
РК Бадел 1862 - Загреб ![]() |
2000-2001 | Лига на шампиони | / | / |
РК Фотекс Веспрем ![]() |
2002-2003 | Лига на шампиони | / | / |
2003-2004 | Лига на шампиони | 6 | 39 | |
2004-2005 | Лига на шампиони | 10 | 76 | |
2005-2006 | Лига на шампиони | 12 | 85 | |
2006-2007 | Лига на шампиони | 10 | 82 | |
РК Кроација Осигурање - Загреб ![]() |
2007-2008 | Лига на шампиони | 12 | 96 |
2008-2009 | Лига на шампиони | 12 | 93 | |
2009-2010 | Лига на шампиони | 12 | 83 | |
РК Ал Сад![]() |
2010 | / | / | / |
РК Реновалија Сиудад Реал![]() |
2010-2011 | Лига на шампиони | 13 | 74 |
БМ Атлетико Мадрид![]() |
2011-2012 | Лига на шампиони | 15 | 97 |
2012-2013 | Лига на шампиони | 12 | 69 | |
РК Барселона ![]() |
2013-2014 | Лига на шампиони | 16 | 80 |
2014-2015 | Лига на шампиони | 16 | 106 | |
2015-2016 | Лига на шампиони | 16 | 109 | |
2016-2017 | Лига на шампиони | 18 | 85 | |
РК Нант ![]() |
2017-2018 | Лига на шампиони | 15 | 53 |
2018-2019 | Лига на шампиони | 11 | 75 | |
2019-2020 | Лига на шампиони | / | 10 | |
Сезона | Клуб | Лига | Натпревари | Голови | 7-метри | Голови |
---|---|---|---|---|---|---|
2011-12 | Атлетико Мадрид | LIGA ASOBAL | 30 | 156 | 34 | 122 |
2012-13 | Атлетико Мадрид | LIGA ASOBAL | 29 | 156 | 42 | 114 |
2013-14 | Барселона | LIGA ASOBAL | 30 | 131 | 32 | 99 |
2014/15 | Барселона | LIGA ASOBAL | 27 | 120 | 25 | 95 |
2015/16 | Барселона | LIGA ASOBAL | 25 | 147 | 70 | 77 |
2017/18 | ГК Нант | LNH division 1 | 20 | 87 | 33 | 54 |
2018/19 | ГК Нант | LNH division 1 | 10 | 39 | 3 | 36 |
2011-по н.в. | Вкупно | LIGA ASOBAL | 141 | 710 | 203 | 507 |
Лазаров е капитен на Ракометната репрезентација на Македонија и игра на позицијата десен бек. Тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства во ракомет.
Лазаров на свои 14 години го направил своето деби за младинската репрезентација на Македонија, учествувајќи на Европското првенство во ракомет за млади во Израел во 1994 година. На Светското првенство за млади во 1997 година, кое се одржало во Турција, Македонија го освоила 12-тото место, а Лазаров бил дел од тимот. Лазаров учествувал и на Европското првенство за млади во 2000 година, кое се одржало во Грција, каде Македонија го освоила 9-тото место.
Кирил Лазаров за првпат бил повикан во сениорскиот тим на Македонија за Светското првенство во 1999 година кое се одржало во Египет, каде Македонија го освоила 18-тото место[14].
На 29 јануари 2009 година, Лазаров поставил нов рекорд на Светското првенство во ракомет што се одржало во Хрватска, со постигнати 92 погодоци,[15] со што го срушил рекордот од 1995 година, поставен од Кореанецот Кјунг-Шин Јуна на Светското првенство во ракомет во Исланд, со постигнати 86 голови.[16]
На 27 јануари 2012 година, Лазаров поставил нов рекорд како најдобар стрелец: На Европското првенство во ракомет за мажи 2012 што се одржало во Србија, тој постигнал 61 погодок, со што го срушил рекордот од 2002 година, поставен од Исланѓанецот Олафур Стефансон и Швеѓанецот Штефан Ловгрен на Европското првенство во Шведска од 57 погодоци.[17]
На отворањето на првенството, Македонија загубила од домаќинот Данска со 21-29 при што Лазаров постигнал седум голови, а два дена подоцна, на натпреварот против Чешка, кој завршил 24-24, тој повторно бил најдобар стрелец, со постигнати 12 голови, т.е. половина од вкупниот број голови за својата репрезентација. На овој натпревар, тој бил прогласен за најдобар ракометар во редовите на македонската репрезентација. На целото Европско првенство, Лазаров постигнал вкупно 38 голови во пет одиграни натпревари (на последниот меч против Шпанија, во рамките на втората групна фаза, Лазаров не настапил).[18][19]
На Светското првенство, одржано во Катар, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 45 голови.
На Европското првенство, одржано во Полска, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 42 голови.
На Светското првенство, одржано во Франција, Лазаров бил најдобар стрелец, со постигнати 50 голови.[15]
На Европското првенство, одржано во Хрватска, Лазаров се повредил на натпреварот со Шпанија.
На Светското првенство, одржано во Данска и Германија, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 48 голови.
На Европското првенство, одржано во Австрија, Норвешка и Шведска Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија.
Кога имал 17 години, Лазаров ја запознал својата идна сопруга, Љубица (тогаш, на возраст од 19 години), родена во Гостивар. По долгогодишна врска со својата сограѓанка Лубица, Лазаров стапил во брак со неа во јуни 2006 година и со неа има две деца: синот Благојче и ќерката Лана.[21][22] Неговиот брат Филип Лазаров е, исто така, познат македонски ракометар.
Во текот на септември 2018 година, Лазаров отворил ракометна школа во Битола[23].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.