Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мартин Нешкоски - Пуци (Скопје, 16 август 1989[1] — Скопје, 6 јуни 2011) беше момче кое беше брутално претепано до смрт од страна на припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје за време на одржување на прославата на изборната победа на владејачката политичка партија ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2011 година. Неколку дена подоцна Нешкоски бил погребан на гробиштата во село Нерези во присуство на членови од неговото семејство, пријатели и граѓани кои сакале да му оддадат последна почит.
Од страна на официјалните претставници на МВР во почетокот овој случај бил прикриван од јавноста[2]. Но, благодарение на активностите на наменската заедница на Twitter која успеала да го анимира својот протест излегувајќи на мирни протести низ улиците на Скопје, официјалните лица на МВР биле приморани да ги откријат вистинските причини за овој настан.
Според мајката на Нешкоски, момчето за време на прославата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се обидело да се качи на бината за да го прегрне премиерот, кога било спречено во тоа а подоцна претепано до смрт.[3]
Во почетокот МВР на прашањата на новинарите излегло со тврдење дека не знае за таков случај. Подоцна дека имало случај, но на момчето му се слошило и починало од природна смрт без видливи траги на насилство.
Директорот на Судска медицина Алексеј Дума обзнанил дека „момчето починало поради крварење во мозокот, откако примил неколку удари во главата“,[4][5] додека траела обдукцијата на Нешкоски во понеделникот наутро, до 12 часот и 30 минути, таму биле и претставници на МВР иако неколку часа порано на прес конференција портпаролот на МВР Иво Котевски изјавил дека „Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате какви било сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот.“[2] Полицијата уште два дена не ја признаваше смртта на Мартин Нешкоски.[2] Истовремено семејството Нешкоски трага по својот син и брат.[3]
„Од страна на Секторот за внатрешни работи - Скопје, по дознавање на настанот, излезено е на лице место, известен е дежурен Истражен судија и Јавен обвинител, кои не излегле на лице место, а увидот го препуштиле на одделот на криминалистичка техника при СВР - Скопје “, изјавила Гордана Јанкулоска министер за внатрешни работи,[4] што пак е контрадикторно со првичната изјава на портпаролот дека МВР не знае за овој случај.
МВР реагира до Facebook за отстранување на информациите и формираните групи во врска со овој настан и facebook истите ги брише.
Семејството на убиениот Нешкоски за неговата смрт дознало од медиумите дури два дена после неговото бруталното претепување.
Протестите организирани од Twitter заедницата се одвиваат во континуитет неколку дена после смртта на Нешкоски со барање за осуда на припадникот на специјалните полициски сили и барање за понесување на одговорност на неговите надредени старешини. Имало исто така и барања за оставка на најодговорните лица во структурата на МВР, почнувајќи од министерската Гордана Јанкуловска.
Подоцна МВР го менува својот став[6] и вели дека „ќе бидат без милосни кон сите кои му помогнале на службеникот да ја сокрие вистината“.
Матицата на медиуми кон овој случај во почетокот се однесуваше крајно индифирентно.[7][8] Веста најпрво ја објавила агенцијата NetPress, a потоа и А1.[9]
На денот на настанот ниту еден провладин медиум не известувал за случајот, а сите коментари на нивните мрежни места биле експресно бришани. Имало обиди за оправдување на бруталноста со тоа што починатиот Нешкоски бил портретиран како хохштаплер, пијаница, лопов, провокатор.[10]
Некои од барањата на протестантите во врска со овој случај се:[11]
Една година подоцна (на 12 мај 2012 година) Драган Нешкоски (таткото на Мартин Нешкоски) си го одземал животот.[12]
Во септември 2012 година осомничениот припадник на МВР Игор Спасов беше осуден на 14 години затвор.[13]
Во јануари 2016 година во однос на жалбата на Ленче Нешкоска (мајката на Мартин Нешкоски) „Европскиот суд за човекови права смета дека државата презела ефикасна истрага во однос на утврдување на причините за смртта на нејзиниот син“.[14][15][16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.