ѕвезда во соѕвездието Лебед From Wikipedia, the free encyclopedia
Епсилон Лебед (ε Лебед, ε Cygni, ε Cyg) — повеќекратна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Со привидна величина од 2,48, лесно е видлива со голо око и се вбројува меѓу најсјајните ѕвезди од Лебед. Според паралаксата, Епсилон Лебед е оддалечена околу 73 светлосни години од Сонцето.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 46м 12,68236с[1] |
Деклинација | +33° 58′ 12,9250″[1] |
Прив. величина (V) | 2,480[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K0 III[3] |
U−B Боен показател | +0,860[2] |
B−V Боен показател | +1,030[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | –12,41[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 355,66[1] млс/г Дек.: 330,60[1] млс/г |
Паралакса (π) | 44.86 ± 0.12[1] млс |
Оддалеченост | 72,7 ± 0,2 сг (22,29 ± 0,06 пс) |
Апсолутна величина (MV) | +0,74 ± 0,02[3] |
Орбита[3] | |
Главна | ε Cyg Aa |
Придружник | ε Cyg Ab |
Период (P) | 55,1 г. |
Занесеност (e) | 0,9 |
Перицентарска епоха (T) | B2016.00 |
Аргумент на перицентарот (ω) (главна) | 300° |
Полузамав (K1) (главна) | 4,0 км/с |
Податоци | |
Маса | ~2[3] M☉ |
Полупречник | 10,82 ± 0,14[5] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 2,8[4] |
Сјајност | 62 ± 3[5] L☉ |
Температура | 4.710[4] K |
Вртење | 0,67 години[3] |
Вртежна брзина (v sin i) | 2,3 ± 0,2[3] км/с |
Старост | ~1,5[6] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Системот има три составници: спектроскопска двојка (Епсилон Лебед A); оптичка придружничка (B) и единечна ѕвезда (C). Двете составници на A се нарекуваат Епсилон Лебед Aa (офиц. Џена или Алџана) и Ab.
ε Лебед (ε Cygni, Epsilon Cygni) е името на ѕвездата според Бајеровото означување. Трите составници се означени како Епсилон Лебед A, B и C, а составниците на A — Епсилон Лебед Aa и Ab, изведени од Вашингтонскиот каталог за повеќекратни ѕвезден системи (WMC), и усвоени од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС).[9]
Епсилон Лебед го носи традиционалното име Џена, од (арапски: جناح), ел-џена = „крило“.[10] Меѓутоа, ова име почесто се однесува на Гама Гавран.[7] За да се избегнат забуни, почесто се нарекува Џена Лебед (Gienah Cygni). Во 2016, Во 2016 г. МАС приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN)[11] со цел да ги каталогизира и стандардизира личните имиња на ѕвездите. Решено е да се даваат имиња само поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи.[12] На 30 јуни 2017 г. е одобрено името Алџана (Aljanah) за составницата Епсилон Лебед Aa, наспроти претходно воведеното Џена (Gienah) за Гама Кавран A од заседанието претходната година. Обете денес се официјални.[13]
На кинески во употреба е збирниот поим 天津 (Тјен ѓин), што значи Небесен Брод и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Епсилон Лебед, Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ни Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед и Зета Лебед.[14] Оттука, кинеското име на самата Епсилон Лебед е 天津九 (Тјен ѓин ѓу = „Деветта ѕвезда на Небесниот Брод“).[15]
Епсилон Лебед A има оптичка придружничка, Епсилон Лебед B, со која не е физички поврзана, како и кандидат за придружничка со заедничко сопствено движење од 13-та величина, Епсилон Лебед C, која е на аголна одвоеност од 78 лачни секунди.[16] Доколку таа ѕвезда е гравитациски врзана со Епсилон Лебед A, тогаш тие тековно би биле на растојание од 1700 ае или повеќе, и имаат орбитален период од барем 50.000 години.[6]
Составницата A е еднореден спектроскопска двојка.[17] Според увидената радијална брзина се заклучува можна придружничка со орбитален период од барем 15 години.[16] Претставува џиновска ѕвезда од класата K0 III.[18] Ова значи дека ѕвездата ја напуштила главната низа и навлегла во конечната фаза на својот развој. Делотворната температура на нејзината фотосфера изнесува 4.710 K, давајќи ѝ портокалов сјај својствен за ѕвездите од типот K.[19] Има речиси 11 пати поголем полупречник од Сонцето и 62 пати поголема сјајност.[5]
Почнувајќи од 1943 г. спектарот на Епсилон Лебед A служи како устојчиво поаѓалиште по кое се класификуваат другите ѕвезди.[20]
ε Лебед е сместена три степени северно од маглината Превез, која веројатно е прастар остаток од супернова. Самата маглина е многу пооддалечена од ѕвездата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.