ѕвезда во соѕвездието Лебед From Wikipedia, the free encyclopedia
Зета Лебед (ζ Лебед, ζ Cyg) — двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 3,26 и оддалечена е 143 светлосни години (44 парсеци) .
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 12м 56,18594с[1] |
Деклинација | +30° 13′ 36,8957″[1] |
Прив. величина (V) | 3.26[2] |
Особености | |
Спектрален тип | G8IIIa + DA4.2[3] |
U−B Боен показател | +0.77[2] |
B−V Боен показател | +0.98[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | +15.85 ± 0.26[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +6.51[1] млс/г Дек.: –68.21[1] млс/г |
Паралакса (π) | 22.79 ± 0.35[1] млс |
Оддалеченост | 143 ± 2 сг (43,9 ± 0,7 пс) |
Апсолутна величина (MV) | –0.01[5] |
Орбита[6] | |
Период (P) | 6,489 ± 31 days |
Голема полуоска (a) | 0.19"[7] |
Занесеност (e) | 0.22 ± 0.03 |
Перицентарска епоха (T) | 40,712 ± 178 MJD |
Аргумент на перицентарот (ω) (споредна) | 41 ± 10° |
Полузамав (K1) (главна) | 3.31 ± 0.12 км/с |
Податоци | |
ζ Лебед A | |
Маса | 3.05[8] M☉ |
Полупречник | 15[4] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 2.41[5] |
Сјајност | 112[4] L☉ |
Температура | 4,910[5] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 0.4 ± 0.5[8] км/с |
Старост | 0.2[9] Гг. |
ζ Лебед B | |
Маса | 0.6[7] M☉ |
Температура | 12,000[7] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Главната составница, ζ Лебед A е џиновска ѕвезда од спектрален тип G8 IIIp. Најверојатно е дека се работи за џин во облик на црвена грутка, што е ѕвезда во напредна фаза која започнала со соединување на јадрениот хелиум. Има трипати поголема маса од Сонцето и 5 пати поголем полупречник. Зрачи 112 пати посјајно од Сонцето од нејзината надворешна атмосфера, при делотворна температура of 4,910 K. Дава жолтеникав сјај од типот G.[11]
Втората составница, ζ Лебед B е бело џуџе од типот DA4.2. Двете ѕвезди се вртат една околу друга, правејќи цел круг на секои 6.489 дена (17,8 години), при занесување од 0,22. Белото џуџе не е непосредно видливо, но се проценува дека има привидна величина од 13,2.[3]
Зета Лебед во атмосферата изобилува со бариум и други тешки елементи, што ја чини т.н. „благобариумска ѕвезда“. Овие елементи се синтетизираат од другиот член на двоецот кога минува низ фазата на асимптотската гранка на својот развој, а потоа се ифрлаат во ѕвездениот ветер и се насобират во тековната главна составница. Преда да се здобие со оваа дополнителна маса, Зета Лебед имала околу 2,5 пати поголема маса од Сонцето, додека пак поразвиената AGB-ѕвезда имала три Сончеви маси.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.