From Wikipedia, the free encyclopedia
Ипсилон Лебед или υ Лебед — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со голо око, со привидна ѕвездена величина од 4,43.[2] Врз основа на годишнта промена на паралаксата од 5,08 mas,[1] се наоѓа на растојани од околу 640 светлосни години од Сонцето.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 17м 55,07506с[1] |
Деклинација | +34° 53′ 48,8289″[1] |
Прив. величина (V) | 4,43[2] |
Особености | |
Спектрален тип | B2 Vne[3] |
U−B Боен показател | −0,82[2] |
B−V Боен показател | −0,11[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −1,93 ± 0,59[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +10,03[1] млс/г Дек.: +6,49[1] млс/г |
Паралакса (π) | 5.08 ± 0.55[1] млс |
Оддалеченост | приб. 640 сг (приб. 200 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −2,03[5] |
Податоци | |
Маса | 9,25 ± 0,52[6] M☉ |
Полупречник | 4,7[7] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 3,30 ± 0,10[8] |
Сјајност (болометриска) | 7.305[6] L☉ |
Температура | 22.000[6] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 230 ± 24[4] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Станува збор за ѕвезда од B тип на главната низа со ѕвездена класификација B2 Vne.[3] Додавката 'e' укажува дека е Be-ѕвезда, што пак значи дека е брзовртежна ѕвезда околу која има диск од гас. Поседува голема вртежна брзина од околу 230 км/с,[4] што е причината за магловитиот изглед на спектралните линии означени со додавката 'n'. Оддавното подрачје на нејзиниот диск има полупречник од 0,20 ± 0,04 ае.[7] Ѕвездата воедно се набљудува кон полот, бидејќи недостасуваат спектралните впивни линии од дискот.[10]
Ипсилон Лебед има маса за 9,3[6] пати поголема од онаа на Сонцето и нејзиниот полупречник е за 4,7[7] пати поголем од оној на Сонцето. Брзото вртење ја прави ѕвездата да има сплескан облик со истакнато екваторско испакнување што е за 18% подолго од полупречникот на половите.[8] Зрачи со сјај 7.305[6] пати поголем од оној на Сонцето од надворешната атмосфера при делотворна температура од 22.000 K.[6]
Ѕвездата има промени во сјајноста, вклучувајќи ги тука и краткотрајните пулсирања со периоди од 2,95 и 2,6 на ден, и случајните изблицикои се случуваат во периоди од неколку години. Ова може да се должи со губењето на масата на ѕвездата. Постои сомнеж дека станува збор за спектроскопска двојна ѕвезда, но досега не е забележан придружник со помош на теочкаста интерферометрија. Измерените промени во радијалната брзина можно е да се предизвикани од придружник кој би имал орбитален период од околу 11,4 години.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.