From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2020 (УЕФА Евро 2020) — 16-то Европско фудбалско првенство, меѓународно европско фудбалско натпреварување кое се одржува еднаш на секој четири години во организација на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА).[1]
Европско првенство во фудбал 2020 Европско првенство во фудбал 2020 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | |
градови | 11 |
стадиони | 11 |
Период на одржување | 11 јуни — 11 јули 2021 |
Број на учесници | 24 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Италија |
Второ место | Англија |
Трето место | Шпанија Данска |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 1.099.278 (21.554 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 51 |
Дадено голови | 142 (2.78 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Кристијано Роналдо Патрик Шик (5 гола) |
Најдобар играч | Џанлујџи Донарума |
Најдобар млад играч | Педри |
← 2016 2024 → |
Турнирот, се одржал во 11 различни градови во 11 различни земји членки на УЕФА, а првично бил закажан да се одигра од 12 јуни до 12 јули 2020 година. Сепак, истиот бил одложен поради пандемијата на КОВИД-19 во Европа и презакажан за периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Натпреварувањето било одложен за да се намали притисокот врз јавните служби во земјите погодени од вирусот и да се овозможи завршување на домашните лиги кои биле суспендирани неколку месеци.[2] И покрај промената на календарската година на одигрување, турнирот сепак го задржал името „Европско првенство во фудбал 2020“ или „УЕФА Евро 2020“.[3]
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во 2012 година изјавил дека турнирот требало да биде организиран од повеќе нации како „романтичен“ еднократен настан за прослава на 60-тиот „роденден“ на натпреварувањето - Европско првенство во фудбал.[4] Со поголем капацитет од кој било друг стадион пријавен како организатор на настанот, стадионот Вембли во Лондон треба да биде домаќин на полуфиналето и финалето по вторпат во својата историја, откако на него претходно било одиграно финалето на првенството во 1996, но на поранешна инкарнација на стадионот. Стадионот Олимпико во Рим, пак ќе биде домаќин на воведниот натпревар на турнирот, во кој ќе играат репрезентациите на Турција и еден од домаќините Италија.
Првенството го освоила Италија, која во финалето ја победила Англија по изведување пенали, откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.[5]
Некои земји веќе изразиле интерес за поднесување на кандидатура за добивање на домаќинство на турнирот,[6][7][8][9][10][11][12][13] но тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, предложил за време на прес-конференција на 30 јуни 2012 година - на еден ден пред финалето на Европското првенство 2012 - наместо да има една земја домаќин (или заедничко домаќинство на две или повеќе земји), турнирот да може да се рашири низ „12 или 13 градови“ низ целиот континент.[14] Во тоа време, УЕФА веќе користела сличен систем за одигрување на Елитната рунда на Европското првенство за играчи под 17 години, каде секоја од седумте групи имала различна земја-домаќин.
На 6 декември 2012 година, УЕФА објавила дека турнирот ќе се одржи во повеќе градови низ Европа по повод 60-годишнината од одржувањето на турнирот.[15][16] Изборот на градовите домаќини не гарантирало автоматски пласман на репрезентацијата на таа земја. УЕФА образложила дека пан-европското поставување на турнирот е логична одлука ако се има предвид времето на финансиски потешкотии низ цела Европа.[17][18] Планот на УЕФА бил дочекан со помешани реакции.[19] Критичарите навеле дека проширениот формат (од 31 натпревар со 16 репрезентации на 51 натпревар со 24 репрезентации) и неговите дополнителни трошоци биле решавачки фактор само една нација (Турција) да претстави сериозна понуда за организирање на првенството.[20]
Конечниот список на понуди за организаторство бил објавен од УЕФА на 26 април 2014 година, а одлуката за домаќинство била донесена од Извршниот комитет на УЕФА на 19 септември 2014 година. Имало две понуди за финалниот пакет (од кои едната била успешна, обележана со виолетово за полуфинале и финале) и 19 понуди за стандарден пакет (од кои 12 првично биле успешни, обележани со зелена боја за четвртфинале и групна фаза, и жолта за осминафинале и групна фаза); Брисел, обележан со црвена боја, првично бил избран, но подоцна бил отстранет од списокот на места за одржување на првенството од страна ан УЕФА на 7 декември 2017 година.[21][22][23] Истото важи и за Даблин, исто така обележан со црвена боја, кој бил избришан од списокот на 23 април 2021 година. Истиот ден, УЕФА исто така објавила дека натпреварите во Шпанија ќе бидат преместени од Билбао во Севиља.
Држава | Град | Стадион | Капацитет | Пакет | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Азербејџан | Баку | Олимписки стадион | 68,700 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Англија | Лондон | Вембли | 90,000 | Финален пакет | Полуфинале и финале Групна фаза и осминафинале (подоцна додадени) |
Белгија | Брисел | Евростадион (нов национален стадион) | 50,000 (62,613 потенцијално) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) |
Белорусија | Минск | Стадион Динамо | 34,000 (да се прошири на 39,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
Бугарија | Софија | Национален стадион Васил Левски | 43,000 (да се прошири на 50,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
Велс | Кардиф | Милениум | 74,500 | Стандарден пакет | Елиминирано |
Германија | Минхен | Алијанц Арена | 70,000 | Стандарден пакет, Финален пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Данска | Копенхаген | Паркен | 38,065 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Израел | Ерусалим | Стадион Теди | 34,000 (да се прошири на 53,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
Ирска | Даблин | Авива | 51,700 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) |
Италија | Рим | Олимпико | 70,634 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Македонија | Скопје | Филип Втори Арена | 33,460 | Стандарден пакет | Одбиено |
Романија | Букурешт | Арена Национала | 55,600 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Русија | Санкт Петербург | Крестовски | 68,134 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Унгарија | Будимпешта | Пушкаш Арена | 56,000 (предложен нов стадион 67,215) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Холандија | Амстердам | Амстердам Арена[б 1] | 54,990 (да се прошири на околу 56,000) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Шведска | Солна, Стокхолм | Френдс Арена | 54,329 | Стандарден пакет | Елиминирано |
Шкотска | Глазгов | Хемпден Парк | 51,866 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Шпанија | Билбао | Сан Мамеш | 53,289 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна преместено на Ла Картуха во Севиља) |
Овојпат немало екипи кои автоматски се квалификувале за натпреварувањето, и сите 55 репрезентации членки на УЕФА, вклучувајќи ги и 12-те репрезентации во чии земји се наоѓаат стадионите кои биле избрани да организираат натпревари, морале да се натпреваруваат во квалификациите за 24-тите места на завршниот турнир.[24][25] Бидејќи градовите домаќини биле назначени од УЕФА во септември 2014 година, пред квалификациите, било можно репрезентациите од градовите домаќини да не се квалификуваат на завршниот турнир.
Ждрепката за квалификациите била извлечена на 2 декември 2018 година, во Даблин, Ирска.[26]
Главниот квалификациски процес започнал во март 2019 година, наместо веднаш во септември 2018 година по Светското првенство, и завршил во ноември 2019 година. Форматот останал главно ист, иако само 20 од вкупно 24 места за финалниот турнир биле решени од главниот квалификациски процес, оставајќи уште четири места слободни кои требало да се определат подоцна. По приемот на Косово во УЕФА во мај 2016 година, било објавено дека 55-те членови во тоа време ќе бидат поделени во десет групи по завршувањето на УЕФА Лигата на нации (пет групи од пет екипи и пет групи од шест екипи, со тоа што четирите репрезентации кои учествувале во завршницата на УЕФА Лигата на нации, загарантирано ќе бидат извлечени во групи од по пет екипи), каде што пласман на Евро 2020 ќе изборат најдобрите две екипи во секоја група. Квалификациите се играа во двојни кола во месеците март, јуни, септември, октомври и ноември 2019 година.[27]
Со создавањето на УЕФА Лигата на нации почнувајќи од 2018 година,[27][28][29][30] ова натпреварување било директно поврзана со квалификациите за Европското првенство, давајќи им на екипите уште една шанса да се пласираат на турнирот. Четири екипи од секоја дивизија кои веќе не беа квалификувани на Европското првенство се натпреварувале во баражот за секоја дивизија. Победниците во баражите за секоја дивизија, играни во полуфиналиња на еден натпревар (најдобро рангирана екипа против најслабо рангирана екипа, и второ најдобро рангирана екипа против трето рангираната екипа, играни на домашен терен на повисоко рангираните екипи) и финале исто така во еден натпревар (со однапред извлечено место каде ќе се игра меѓу двете победнички екипи во полуфиналето), им се придружиле на дваесетте екипи кои веќе се квалификувале на турнирот.[30]
Од 24 екипи кои се пласирале на турнирот, 19 се истите од изданието во 2016. Меѓу нив биле Белгија и Италија, двете забележале максимален учинок во квалификациски кампањи (10 победи во 10 натпревари),[31][32] бранителот на титулата европски шампион Португалија, светскиот шампион Франција, како и Германија, која исто така се квалификувала, за нивното рекордно 13-то по ред Европско првенство.[33] Финска и Македонија биле репрезентациите кои дебитирале на Европското првенство во ова издание, тие никогаш претходно не се квалификувале за некој голем турнир.[34][35] Шкотска, како една од земјите домаќини на првенството, се квалификувала на прв голем меѓународен турнир уште од Светското првенство 1998 и првото Европско првенство од 1996.[36] Холандија и Данска се вратиле во завршните турнири на Европското првенство откако го пропуштиле првенството во 2016 година, а за холанѓаните ова било прво појавување на голем турнир уште од Светското првенство 2014 на кое освоиле бронзен медал.[37][38] За прв пат во историјата на првенствата, Австрија, Велс, Словачка и Унгарија се квалификувале последователно на две Европски првенства едноподруго.[39][40] Репрезентацијата на Грција, победник на Европското првенство 2004, била единствената репрезентација поранешен шампион која не успеала да се квалификува, пропуштајќи го своето второ по ред Европско првенство и третиот последователен голем турнир.[41] Во однос на претходниот завршен турнир во 2016, на овој ги немало ниту Албанија, Ирска, Исланд, Романија и Северна Ирска кои исто така не успеале да се квалификуваат.[42]
Од единаесетте земји домаќини, седум успеале да се пласираат директно на турнирот, додека Унгарија и Шкотска се пласирале преку баражот. Романија била елиминирана во полуфиналето од плејофот,[43] додека Азербејџан ги загубиле шансите по квалификациската групна фаза.[44] Ирска, првично избрана за домаќин на турнирот, исто така била елиминирана во полуфиналето од баражот,[43] но подоцна им биле одземени правата за домаќинство.
Екипа | Начин на квалификување | Дата на квалификување | Претходни првенства1 2 |
---|---|---|---|
Белгија | Победник на групата И | (5) (1972, 1980, 1984, 2000, 2016) | |
Италија (Д) | Победник на групата Ј | (9) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Русија[б 1] (Д) | Второпласирани во групата И | (5) (1996, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Полска | Победник на групата Г | (3) (2008, 2012, 2016) | |
Украина[б 2] | Победник на групата Б | (2) (2012, 2016) | |
Шпанија (Д) | Победник на групата Ф | (10) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Франција | Победник на групата Х | (9) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Турција | Второпласирани во групата Х | (4) (1996, 2000, 2008, 2016) | |
Англија (Д) | Победник на групата А | (9) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012, 2016) | |
Чешка[б 3] | Второпласирани во групата А | (6) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Финска | Второпласирани во групата Ј | (0) (дебитант) | |
Шведска | Второпласирани во групата Ф | (6) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Хрватска | Победник на групата Е | (5) (1996, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Австрија | Второпласирани во групата Г | (2) (2008, 2016) | |
Германија[б 4] (Д) | Победник на групата Ц | (12) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Холандија (Д) | Второпласирани во групата Ц | (9) (1976, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Португалија | Второпласирани во групата Б | (7) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Швајцарија | Победник на групата Д | (4) (1996, 2004, 2008, 2016) | |
Данска (Д) | Второпласирани во групата Д | (8) (1964, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012) | |
Велс | Второпласирани во групата Е | (1) (2016) | |
Македонија | Победник во баражот (Пат Д) | (0) (дебитант) | |
Унгарија (Д) | Победник во баражот (Пат А) | (3) (1964, 1972, 2016) | |
Словачка[б 5] | Победник во баражот (Пат Б) | (1) (2016) | |
Шкотска (Д) | Победник во баражот (Пат Ц) | (2) (1992, 1996) | |
|
|
Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 30 ноември 2019 година, во 18:00 часот CET (19:00 часот по месно време, EET) во Ромекспо во Букурешт, Романија.[44][45][46][47] Така 24 екипи биле извлечени и распоредени во шест групи од по четири екипи. Бидејќи победниците на баражите за време на ждрепката не биле познати тие биле означени и влечени како "победници на баражите од A до Д".[48] Доколку постоеле групи кои што не би можеле да се склопат за време на оваа ждрепка, би се одржало уште едно извлекување на 1 април 2020 година,[1] но УЕФА потврдила дека дополнителното ждребање нема да биде потребно откако бил познати 20-те директно квалификувани репрезентации и 16-те учесници во баражите.
Следното на репрезентациите по шешири при извлекувањето (напомена: две репрезентации од ист шешир не можат да се паднат во иста група) изгледал вака:
Тим | Ранг |
---|---|
Португалија | 13 |
Турција | 14 |
Данска | 15 |
Австрија | 16 |
Шведска | 17 |
Чешка | 18 |
Тим | Ранг |
---|---|
Велс | 19 |
Финска | 20 |
Победник во баражот Пат A | Н/П |
Победник во баражот Пат Б | |
Победник во баражот Пат Ц | |
Победник во баражот Пат Д |
Со ждрепката биле извлечени следниве групи:
Поз. | Репрезентација |
---|---|
А1 | Турција |
А2 | Италија |
А3 | Велс |
А4 | Швајцарија |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Ц1 | Холандија |
Ц2 | Украина |
Ц3 | Австрија |
Ц4 | Македонија |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Ф1 | Унгарија |
Ф2 | Португалија |
Ф3 | Франција |
Ф4 | Германија |
На 31 март 2021 година, Извршниот комитет на УЕФА одобрил употреба на максимално пет замени на натпреварите на турнирот (со дозволена и шеста ако се играат продолженија), наместо досегашните три.[49] Сепак, секоја екипа ќе има само три можности да ги направи петте замени, а четврта ќе биде дозволена доколку се играат продолженија: исклучок претставуваат замените направени на полувремето, пред почетокот на продолжението и на паузата меѓу двете продолженија.[50] Употребата на пет замени била дозволена претходно за време на појавата на пандемијата од КОВИД-19 поради метежот што се создал со густиот распоред на одигрување на натпреварите, што создало поголем товар за играчите.[51]
На почетокот на април 2021 година, УЕФА исто така објавила дека размислуваат да дозволат проширување во составите пријавени за турнирот од вообичаените 23 играчи, по барање на раководните лица на репрезентациите во случај на можна епидемија на КОВИД во екипата, како и да се намали заморот на играчите предизвикан од тешката претходната сезона одиграна во многу густ распоред..[52] На 27 април, било објавено дека Националниот комитет за натпреварувања на УЕФА го одобрил проширувањето на составите на 26 играчи, што претставувало предмет на потврда и од Извршниот комитет на УЕФА. Сепак, секој селектор за еден натпревар на располагање повторно ќе треба да избере 23 играчи од кои тројца мораат да бидат голмани, што значи дека за секој натпревар тројца играчи ќе бидат исклучени од можноста да играат во даден натпревар.
Лондон | Рим | Минхен | ||
---|---|---|---|---|
Вембли | Олимпико | Алијанц Арена | ||
Капацитет: 90,000 | Капацитет: 70,634 | Капацитет: 70,000 | ||
Баку | Санкт Петербург | Будимпешта | ||
Олимписки стадион | Крестовски | Пушкаш Арена | ||
Капацитет: 68,700 | Капацитет: 68,134 | Капацитет: 67,215 | ||
Севиља | Букурешт | Амстердам | Глазгов | Копенхаген |
Ла Картуха | Арена Национала | Јохан Кројф Арена | Хемпден Парк | Стадион Паркен |
Капацитет: 60,000 | Капацитет: 55,600 | Капацитет: 54,990 | Капацитет: 51,866 | Капацитет: 38,065 |
Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин:
Ако и понатаму екипите се изедначени тогаш се следат следниве параметри:
Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Италија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 0 | +7 |
2. | Велс | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
3. | Швајцарија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 5 | -1 |
4. | Турција | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 8 | -7 |
12 јуни 2021 | Велс | 1–1 | Швајцарија | Баку |
---|---|---|---|---|
15:00 (17:00 UTC+4) Историја на досегашните натпревари Велс - Швајцарија |
|
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 8,782[54] Судија: Клеман Тирпен |
16 јуни 2021 | Италија | 3–0 | Швајцарија | Рим |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Италија - Швајцарија |
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 12,445[56] Судија: Сергеј Карасев |
12 јуни 2021 | Данска | 0–1 | Финска | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Данска - Финска |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 15,200[59] Судија: Антони Тејлор |
17 јуни 2021 | Данска | 1–2 | Белгија | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Данска - Белгија |
|
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 23,395[62] Судија: Бјорн Кајперс |
21 јуни 2021 | Русија | 1–4 | Данска | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Русија - Данска |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 23,644[63] Судија: Клеман Тирпен |
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Холандија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 8 | 2 | +6 |
2. | Австрија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 3 | +1 |
3. | Украина | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 6 | -1 |
4. | Македонија | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 8 | -6 |
13 јуни 2021 | Австрија | 3–1 | Македонија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Австрија - Македонија |
|
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 9,082[65] Судија: Андреас Екберг |
17 јуни 2021 | Украина | 2–1 | Македонија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Украина - Македонија |
|
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 10,001[67] Судија: Фернандо Рапалини |
21 јуни 2021 | Македонија | 0–3 | Холандија | Амстердам |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Македонија - Холандија |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,227[69] Судија: Иштван Ковач |
23 јуни 2021 | Шведска | 3–2 | Полска | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Шведска - Полска |
|
Извештај |
|
Стадион: Крестовски Гледачи: 14,252[82] Судија: Мајкл Оливер |
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Франција | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 3 | +1 |
2. | Германија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 6 | 5 | +1 |
3. | Португалија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 | 6 | +1 |
4. | Унгарија | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | -3 |
15 јуни 2021 | Унгарија | 0–3 | Португалија | Будимпешта |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Унгарија - Португалија |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 55,662[83] Судија: Џунејт Чакир |
Во нокаут фазата, ако натпреварот заврши нерешено по регуларните 90 минути игра, ќе се играат продолженија (двапати по 15 минути), каде што секоја екипа има право да направи шеста замена.[49] Ако резултатот остане изедначен и по продолженијата, натпреварот ќе биде решен по изведување пенали.
Како и на секој претходен турнир почнувајќи од Европското првенство 1984, и на ово првенство нема да се игра натпревар за трето место.
Наведените времиња се според Средноевропско летно време (UTC+2). Ако местото на одигрување се наоѓа во друг часовен појас, во заграда ќе биде прикажано и месното време.
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
27 јуни 2021 – Севиља | ||||||||||||||
Белгија | 1 | |||||||||||||
2 јули 2021 – Минхен | ||||||||||||||
Португалија | 0 | |||||||||||||
Белгија | 1 | |||||||||||||
26 јуни 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Италија | 2 | |||||||||||||
Италија (прод.) | 2 | |||||||||||||
6 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Австрија | 1 | |||||||||||||
Италија (п) | 1 (4) | |||||||||||||
28 јуни 2021 – Букурешт | ||||||||||||||
Шпанија | 1 (2) | |||||||||||||
Франција | 3 (4) | |||||||||||||
2 јули 2021 – Санкт Петербург | ||||||||||||||
Швајцарија (п) | 3 (5) | |||||||||||||
Швајцарија | 1 (1) | |||||||||||||
28 јуни 2021 – Копенхаген | ||||||||||||||
Шпанија (п) | 1 (3) | |||||||||||||
Хрватска | 3 | |||||||||||||
11 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Шпанија (прод.) | 5 | |||||||||||||
Италија (п) | 1 (3) | |||||||||||||
29 јуни 2021 – Глазгов | ||||||||||||||
Англија | 1 (2) | |||||||||||||
Шведска | 1 | |||||||||||||
3 јули 2021 – Рим | ||||||||||||||
Украина (прод.) | 2 | |||||||||||||
Украина | 0 | |||||||||||||
29 јуни 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Англија | 4 | |||||||||||||
Англија | 2 | |||||||||||||
7 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Германија | 0 | |||||||||||||
Англија (прод.) | 2 | |||||||||||||
27 јуни 2021 – Будимпешта | ||||||||||||||
Данска | 1 | |||||||||||||
Холандија | 0 | |||||||||||||
3 јули 2021 – Баку | ||||||||||||||
Чешка | 2 | |||||||||||||
Чешка | 1 | |||||||||||||
26 јуни 2021 – Амстердам | ||||||||||||||
Данска | 2 | |||||||||||||
Велс | 0 | |||||||||||||
Данска | 4 | |||||||||||||
27 јуни 2021 | Холандија | 0–2 | Чешка | Будимпешта |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Холандија - Чешка |
Извештај |
|
Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 52,834[91] Судија: Сергеј Карасев |
28 јуни 2021 | Франција | 3–3 (прод.) (4–5 пен.) |
Швајцарија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Франција - Швајцарија |
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 22,642[94] Судија: Фернандо Рапалини | |
Пенали | ||||
|
2 јули 2021 | Швајцарија | 1–1 (прод.) (1–3 пен.) |
Шпанија | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Швајцарија - Шпанија |
|
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 24,764[97] Судија: Мајкл Оливер | |
Пенали | ||||
|
|
Победник на Европското првенство во фудбал 2020 Италија 2. титула |
На првенството беа постигнати 142 голови на 51 натпревари, просечно 2.78 голови по натпревар.
Со неговите голови на ова првенство, Кристијано Роналдо станал најдобар стрелец во историјата на Европските првенства со 14 голови.[104]
Source: UEFA[105]
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
УЕФА Тим на првенството
Техничката комисија на УЕФА ги изберала најдобрите единаесет играчи на првенството кои го претставуваат тимот на турнирот. Пет играчи во тој тим доаѓаат од победничката репрезентација на Италија.[107]
Голман | Одбрана | Среден ред | Напад |
---|---|---|---|
Џанлујџи Донарума | Леонардо Бонучи Кајл Вокер Хари Мегваер Леонардо Спинацола |
Жоржињо Педри Пјер-Емил Хојбјерг |
Федерико Кјеза Ромелу Лукаку Рахим Стерлинг |
Играч на турнирот
Наградата за играч на турнирот била доделена на Џанлујџи Донарума, првиот голман кој ја добил оваа награда.[108]
Млад играч на турнирот
Наградата млад играч на турнирот, се доделува на играчи роден по 1 јануари 1998. Победник бил Педри од Шпанија.[109]
Најдобар стрлец
Наградата најдобар стрелец на турнирот, била доделена на Кристијано Роналдо, кој постигнал 5 гола и забележал 1 асистенција.[110]
Поз. | Играч | Голови | Асистенции | Минути |
---|---|---|---|---|
Кристијано Роналдо | 5 | 1 | 360 | |
Патрик Шик | 5 | 0 | 404 | |
Карим Бензема | 4 | 0 | 349 |
Поз. | Репрезентација | Г | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Б | Краен резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Италија | А | 7 | 5 | 2 | 0 | 13 | 4 | +9 | 17 | Шампион |
2. | Англија | Д | 7 | 5 | 2 | 0 | 11 | 2 | +9 | 17 | Вицешампион |
3. | Шпанија | Е | 6 | 2 | 4 | 0 | 13 | 6 | +7 | 10 | Елиминирани во полуфиналето |
4. | Данска | Б | 6 | 3 | 0 | 3 | 12 | 7 | +5 | 9 | |
5. | Белгија | Б | 5 | 4 | 0 | 1 | 9 | 3 | +6 | 12 | Елиминирани во четвртфиналето |
6. | Чешка | Д | 5 | 2 | 1 | 2 | 6 | 4 | +2 | 7 | |
7. | Швајцарија | А | 5 | 1 | 3 | 1 | 8 | 9 | –1 | 6 | |
8. | Украина | Ц | 5 | 2 | 0 | 3 | 6 | 10 | –4 | 6 | |
9. | Холандија | Ц | 4 | 3 | 0 | 1 | 8 | 4 | +4 | 9 | Елиминирани во осминафинале |
10. | Шведска | Е | 4 | 2 | 1 | 1 | 5 | 4 | +1 | 7 | |
11. | Франција | Ф | 4 | 1 | 3 | 0 | 7 | 6 | +1 | 6 | |
12. | Австрија | Ц | 4 | 2 | 0 | 2 | 5 | 5 | 0 | 6 | |
13. | Португалија | Ф | 4 | 1 | 1 | 2 | 7 | 7 | 0 | 4 | |
14. | Хрватска | Д | 4 | 1 | 1 | 2 | 7 | 8 | –1 | 4 | |
15. | Германија | Ф | 4 | 1 | 1 | 2 | 6 | 7 | –1 | 4 | |
16. | Велс | А | 4 | 1 | 1 | 2 | 3 | 6 | –3 | 4 | |
17. | Финска | Б | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | –2 | 3 | Елиминирани во групната фаза |
18. | Русија | Б | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | –5 | 3 | |
19. | Словачка | Е | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | –5 | 3 | |
20. | Унгарија | Ф | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | –3 | 2 | |
21. | Полска | Е | 3 | 0 | 1 | 2 | 4 | 6 | –2 | 1 | |
22. | Шкотска | Д | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 5 | –4 | 1 | |
23. | Македонија | Ц | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 8 | –6 | 0 | |
24. | Турција | А | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 8 | –7 | 0 | |
Официјалното лого било претставено на 21 септември 2016 година на посебна свеченост во Сити хол во Лондон. Логото го претставува трофејот на првенството кој је опкружен со навивачи, симболизирајќи како фудбалот ги поврзува и обединува луѓето.[111][112]
Официјалниот слоган на првенството е претставен на 19 мај 2019 година и гласи: Живеј. За вистинското. (англиски: Live It. For Real.).[113]
Маскотата е претставена на 24 март 2019 година, и е инспирисана од слободниот стил на фудбал, уличниот фудбал и пана фудбалот.[114]
Официјалната топка со која ќе се игра првенството, била претставена на 6 ноември 2019. Наречена е Унифорија, а произведена од Адидас.[115]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.