From Wikipedia, the free encyclopedia
Мануел Локатели (роден на 8 јануари 1998 година, во Леко) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација.
Мануел Локатели | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Мануел Локатели | ||
Роден на | 8 јануари 1998 | ||
Роден во | Леко, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 5 | ||
Младинска кариера | |||
2007–2009 | Аталанта | ||
2009–2016 | Милан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2018 | Милан | 48 | (2) |
2018–2021 | Сасуоло | 96 | (6) |
2021– | Јувентус | 31 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2013-2014 | Италија 15 | 5 | (0) |
2014 | Италија 16 | 2 | (0) |
2013-2015 | Италија 17 | 22 | (1) |
2015-2017 | Италија 19 | 20 | (1) |
2017-2019 | Италија 21 | 23 | (2) |
2020- | Италија | 15 | (3) |
* Ажурирано на: 20 мај 2018 ** Ажурирано на: 29 мај 2018 |
Мануел е роден на 8 јануари 1998 година, во Леко, како најмалото од трите деца на неговите родители Симона и Емануеле Локатели.[1] Тој има брат Матија, кој исто така е професионален фудбалер,[1][2] и сестра Мартина.[1] Љубовта кон фудбалот кај него и неговиот постар брат Матија потекнува од нивниот татко, Емануеле, кој бил фудбалски тренер и нивниот прв фудбалски учител.[1]
На 21 јуни 2022, тој се оженил со својата долгогодишна партнерка Теса Лачович, со која бил во врска од 2016 година.[1][3]
Технички надарен централен играч од средниот ред, во комбинација со добри вештини за освојување на топката; како резултат на неговите квалитети и вештини кои ги поседува, тој најчесто игра на позицијата плејмејкер во средниот ред односно како прв човек пред одбраната.[4][5] Исто така, е вешт во уфрлувањата од втор план и има одличен удар од далечина.[6]
Во 2015 година, тој бил вклучен во листата на најдобрите педесет фудбалери родени во 1998 година составена од Гардијан.[7]
По потекло од Галбијате, започнал да игра фудбал во младинскиот центар во Пескате, каде тренер бил неговиот татко Емануеле. Во 2007 година, тој се приклучил на младинската академија на Аталанта, а две години подоцна на 11-годишна возраст се преселил во младинскиот сектор на Милан.[4][5][8] За росонерите играл и напредувал низ сите младински селекции од Есордиенти до Примавера.
Во вториот дел од сезоната 2015-2016 тој бил додаден во првиот тим на Милан кој бил под водство на тренерот Кристијан Броки. На 21 април 2016 година, на возраст од 18 години, го направил своето деби во Серија А во натпреварот против Карпи (0-0) одигран на Сан Сиро, влегувајќи како замена од клупата на местото на Андреја Поли во 87-мата минута.[9] На 14 мај истата година, тој го одиграл својот прв натпревар во кариерата како стартер, правејќи го тоа против Рома во последното коло од Серија А за сезоната 2015-2016.
Во следната сезона тој нашол повеќе простор за игра под водството на тренерот Винченцо Монтела, кој го користел постојано по повредата на Рикардо Монтоливо. На 2 октомври 2016 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот против Сасуоло кој завршил со резултат 4-3 за Милан.[10] На 22 октомври, тој го постигнал решавачкиот гол во дербито против Јувентус, што завршило со победа на неговата екипа од 1-0 (за прв триумф на Милан над бјанконерите по четири години), со прекрасен удар откосо од десната страна праќајќи ја топката точно под пречката.[11] На 23 декември, со победата по изведување на пенали против истиот противник во Суперкупот на Италија, Локатели со клубот го освоил првиот трофеј во неговата кариера.[12] На 25 јануари 2017 година, во уште натпревар против бјанконерите, го добил својот прв црвен картон во професионалната кариера.[13] Сезоната ја завршил со 25 настапи и два гола во лигата, а исто така забележал уште два настапи во Купот и еден во Суперкупот на Италија.
На почетокот на следната сезона, на 3 август 2017 година, тој го направи своето деби во европските купови, играјќи во реваншот од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа, победата со 2-0 против романската Университатеја Крајова. Често почнувајќи ги натпреварите во Лига Европа, тој сепак имал помала минутажа во лигата каде забележал само 21 настап, бидејќи во неговата улога бил претпочитан поискусниот соиграч Лукас Биља кој пристигнал во текот на летото.
На 13 август 2018 година, Локатели бил позајмен на Сасуоло со обврска за откуп.[14] Дебитирал за Сасуоло на 26 август, во второто коло од првенството, во ремито 2-2 против Каљари на Сардења Арена. Својот прв гол за клубот од Емилија-Ромања го постигнал во Купот на Италија, во натпреварот од четвртото коло против Катанија на 5 декември, со кој го поставил конечниот резултат 2-1 за неровердите.[15] На 26 јануари 2019 година, тој го постигнал својот прв првенствен гол против Каљари, отворајќи го резултатот во победата со 3-0, пронаоѓајќи го патот до мрежата во еден натпревар од Серија А по повеќе од 2 години.[16] Својата прва сезона во Сасуоло под водство на тренерот Роберто Де Зерби ја завршил со 29 настапи и 2 гола.
Следната година, тој дефинитивно се докажал како клучен централен играч од средниот ред во формацијата 4-2-3-1 што ја користел Де Зерби, и придонел за одличната сезона на Сасуоло, кој ја освоил 8-мата позиција во првенство.
Тој ги потврдил својте добри игри и во сезоната 2020-2021, постигнувајќи 4 гола во лигата со кој му помогнал на тимот повторно да го освои 8-мото место на табелата втора последователна година.
На 18 август 2021 година, тој потпишал за Јувентус, откако бјанконерите и Сасуоло постигнале договор за трансфер на играчот, преку бесплатна двегодишна позајмица со обврска за откуп за 25 милиони евра (плус 12,5 милиони евра во бонуси).[17] Дебитирал за Јувентус на 22 август, влегувајќи како замена во 90-тата минута на местото на Родриго Бентанкур, во ремито 2-2 на гостувањето кај Удинезе.[18] На 26 септември, Локатели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 3–2 на домашен терен над Сампдорија.[19]
По неколку настапи во италијанските младински репрезентации под 15 и под 16 години, во 2013 година се приклучил на под 17 години, со која настапил на Европското првенство за играчи под 17 години во 2015 година.[20] Во 2016 година, учествувал на Европското првенство под 19 години: на овој настан постигнал гол, и тоа од директен слободен удар, во вториот натпревар од групната фаза против Австрија што завршил 1-1.[21] Италијанците стигнале до финалето на овој турнир, каде сепак биле убедливо поразени со 4-0 од Франција.
На 23 март 2017 година, на возраст од 19 години, тој го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година во пријателски натпревар против Полска.[22] Потоа, неколку месеци подоцна тој бил приклучен од тренерот Лујџи Ди Бјаџо во списокот од 23 повикани играчи за Европското првенство под 21 година 2017 во Полска, каде што забележал два настапи влегувајќи од клупата. Две години по своето деби, на 25 март 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата под 21 година, во ремито 2-2 во Фросиноне против Хрватска.[23] Како и пред две години, тој бил повикан на Европското за играчи под 21 година 2019 кое овојпат се одржало во Италија,[24] каде што настапил само во последниот натпревар од групната фаза.
Во септември 2019 година, тој бил назначен за капитен во новиот циклус натпревари на репрезентацијата под 21 година, под водство на новиот селектор Паоло Николато.[25]
На 27 август 2020 година, Локатели од селекторот Роберто Манчини го добил неговиот прв повик во сениорската репрезентација,[26] за потоа на 7 септември, на 22 години, да го направи своето деби како стартер во натпреварот од Лигата на нации добиен со 1-0 против Холандија во Амстердам.[27] Тој брзо се наметнал и на 28 март 2021 година го постигнал својот прв гол за репрезентацијата, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022 против Бугарија во Софија што завршил со победа на аѕурите од 2-0.[28]
Во јуни 2021 година, тој бил повикан за Европското првенство 2020,[29] каде ги започнал првите два натпревари од групната фаза, а во вториот против Швајцарија во Рим постигнал два гола во победата со 3-0, и бил избран за најдобар играч на натпреварот.[30] Исто така, тој бил користен во осминафиналето и во полуфиналето (каде што го промашил првиот пенал во серијата при изведувањето на пеналите),[31] а заменувајќи го Марко Верати во првото продолжение од финалето одиграно на Вембли во кое Италија ја победила Англија повторно по изведување на пенали, Локатели станал европски шампион.[32]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
7-9-2020 | Амстердам | Холандија | 0 – 1 | Италија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прво коло | - | 81' | |
7-10-2020 | Фиренца | Италија | 6 – 0 | Молдавија | Пријателска | - | ||
11-10-2020 | Гдањск | Полска | 0 – 0 | Италија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прво коло | - | 78' | |
14-10-2020 | Бергамо | Италија | 1 – 1 | Холандија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прво коло | - | 56' | |
15-11-2020 | Реџо Емилија | Италија | 2 – 0 | Полска | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прво коло | - | ||
18-11-2020 | Сараево | Босна и Херцеговина | 0 – 2 | Италија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прво коло | - | ||
25-3-2021 | Парма | Италија | 2 – 0 | Северна Ирска | Квал. за СП 2022 | - | 84' | |
28-3-2021 | Софија | Бугарија | 0 – 2 | Италија | Квал. за СП 2022 | 1 | 67' 84' | |
31-3-2021 | Вилниус | Литванија | 0 – 2 | Италија | Квал. за СП 2022 | - | 70' | |
4-6-2021 | Болоња | Италија | 4 – 0 | Чешка | Пријателска | - | ||
11-6-2021 | Рим | Турција | 0 – 3 | Италија | Евро 2020 - Прво коло | - | 73' | дет. |
16-6-2021 | Рим | Италија | 3 – 0 | Швајцарија | Евро 2020 - Прво коло | 2 | 86' | дет. |
26-6-2021 | Лондон | Италија | 2 – 1 прод. | Австрија | Евро 2020 - Осминафинале | - | 67' | дет. |
6-7-2021 | Лондон | Италија | 1 – 1 прод. (4 – 2 пен.) | Шпанија | Евро 2020 - Полуфинале | - | 85' | дет. |
11-7-2021 | Лондон | Италија | 1 – 1 прод. (3 – 2 пен.) | Англија | Евро 2020 - Финале | - | 96' | дет. |
Вкупно | Настапи | 15 | Голови | 3 |
Статистиката е ажурирана на 18 август 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2015-2016 | Милан | А | 2 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 |
2016-2017 | А | 25 | 2 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | СИ | 1 | 0 | 28 | 2 | |
2017-2018 | А | 21 | 0 | КИ | 3 | 0 | ЛЕ | 9[33] | 0 | - | - | - | 33 | 0 | |
Вкупно Милан | 48 | 2 | 5 | 0 | 9 | 0 | 1 | 0 | 63 | 2 | |||||
2018-2019 | Сасуоло | А | 29 | 2 | КИ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 31 | 3 |
2019-2020 | А | 33 | 0 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 0 | |
2020-2021 | А | 34 | 4 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 4 | |
Вкупно Сасуоло | 96 | 6 | 3 | 1 | - | - | - | - | 99 | 7 | |||||
2021-2022 | Јувентус | А | 6 | 1 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | СИ | 0 | 0 | 7 | 1 |
Вкупно во кариерата | 150 | 9 | 8 | 1 | 10 | 0 | 1 | 0 | 169 | 10 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.