From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 — 21. издание на европските првенства во фудбал за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА.
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Полска |
градови | 6 |
стадиони | 6 |
Период на одржување | 16 јуни — 30 јуни 2017 |
Број на учесници | 12 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Германија |
Второ место | Шпанија |
Трето место | Англија Италија |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 244.085 (11.623 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 21 |
Дадено голови | 65 (3.1 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Саул Нигес (5 гола) |
Најдобар играч | Дани Себалјос |
← 2015 2019 → |
Завршниот турнир ќе биде одржан во Полска од 16 до 30 јуни 2017 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 26 јануари 2015 година во Нион, Швајцарија.[1] Играчи родени на или по 1 јануари 1994 година ќе можат да земат учество на турнирот.
На 24 јануари 2014, УЕФА потврдила дека бројот на учесници на завршниот турнир 2017 ќе биде зголемен од 8 на 12 екипи.[2]
Германија ја освоила титулата победувајќи ја Шпанија во финалето во Краков со 1-0.[3]
Домаќинот бил објавен на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион на 26 јануари 2015 година. Кон крајот на април 2014 година полската фудбалска асоцијација PZPN многу силно укажува на тоа дека земјата има големи шанси да биде домаќин на турнирот. Наддавање да ги пречекаат најдобрите младински тимови во Европа беше една од причините за повлекување на Полска од трката за организацијата на Европското првенство 2020.[4]
Вкупно 53 земји членки на УЕФА влегле во натпреварувањето (без Гибралтар), заедно со домаќинот Полска кој се квалификувале автоматски, другите 52 екипи се натпреварувале во квалификациите за турнирот за да се утврдат преостанатите 11 места на завршниот турнир.[5] Квалификациите, се одржале од март 2015 до ноември 2016 година, и се состоеле од два круга:[6]
Следните екипи се квалификувале за завршниот турнир
Држава | Квалификувана како | Дата на квалификација | Учество | Последно учество | Најдобар резултат |
---|---|---|---|---|---|
Полска | Домаќин | 26 јануари 2015 | 6-то | 1994 | Четвртфинале (1982, 1984, 1986, 1992, 1994) |
Португалија | победник во квал. група 4 | 6 септември 2016 | 8-мо | 2015 | Финалист (1994, 2015) |
Данска | победник во квал. група 5 | 6 септември 2016 | 7-мо | 2015 | Полуфинале (1992, 2015) |
Англија | победник во квал. група 9 | 6 октомври 2016 | 14-то | 2015 | Победник (1982, 1984) |
Словачка | победник во квал. група 8 | 6 октомври 2016 | 2-ро | 2000 | Четврто место (2000) |
Германија | победник во квал. група 7 | 7 октомври 2016 | 11-то | 2015 | Победник (2009) |
Чешка | победник во квал. група 1 | 7 октомври 2016 | 13-то | 2015 | Победник (2002) |
Шведска | победник во квал. група 6 | 10 октомври 2016 | 8-мо | 2015 | Победник (2015) |
Италија | победник во квал. група 2 | 11 октомври 2016 | 19-то | 2015 | Победник (1992, 1994, 1996, 2000, 2004) |
Македонија | победник во квал. група 3 | 11 октомври 2016 | 1-во | — | Деби |
Шпанија | победник во плејофот | 15 ноември 2016 | 13-то | 2013 | Победник (1986, 1998, 2011, 2013) |
Србија | победник во плејофот | 15 ноември 2016 | 10-то | 2015 | Победник (1978) |
Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 1 декември 2016 во 18:00 часот по средноевропско време, во Конгресниот центар во Краков.
|
|
|
|
На 7 јуни 2016, Фудбалскиот сојуз на Полска избрал шест стадиони:[7]
Првиот натпревар и Група A | Група A | Група Б |
---|---|---|
Лублин | Келце | Гдиња |
Арена Лублин | Колпортер арена | Стадион ГОСИР |
Капацитет: 15,500 | Капацитет: 15,500 | Капацитет: 15,139 |
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Шпанија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 9 | 1 | +8 |
2. | Португалија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 7 | 5 | +2 |
3. | Србија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | -3 |
4. | Македонија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 4 | 11 | -7 |
17 јуни 2017 | Португалија | 2-0 | Србија | Спортски комплекс Завиша, Бидгошч |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Гуедеш 37' Фернандеш 88' |
Извештај | Гледачи: 10,724 Судија: Беноа Бастијен (Франција) |
20 јуни 2017 | Португалија | 1-3 | Шпанија | Стадион ГОСИР, Гдиња |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Брума 77' | Извештај | Нигес 21' Рамирес 65' Вилијамс 90+3' |
Гледачи: 13,832 Судија: Тобијас Штилер (Германија) |
23 јуни 2017 | Македонија | 2-4 | Португалија | Стадион ГОСИР, Гдиња |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Барди 40' Маркоски 80' |
Извештај | Едгар Ие 2' Брума 22', 90+1' Поденсе 57' |
Гледачи: 7,533 Судија: Иван Кружлијак (Словачка) |
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Гру |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Германија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 5 | 1 | +4 | Ц |
2. | Словачка | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 6 | 3 | +3 | А |
3. | Португалија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 7 | 5 | +2 | Б |
Во нокаут фазата, продолженијата и пеналите ќе го одлучуваат победникот доколку е неопходно.[6]
Полуфинале | Финале | ||||||
27 јуни – Тихи | |||||||
Англија | 2 (2) | ||||||
Германија | 2 (4) | ||||||
30 јуни – Краков | |||||||
Германија | 1 | ||||||
Шпанија | 0 | ||||||
27 јуни – Краков | |||||||
Шпанија | 3 | ||||||
Италија | 1 |
27 јуни 2017 | Шпанија | 3–1 | Италија | Стадион Краковија, Краков |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Нигес 53', 63', 74' | Извештај | Бернардески 62' | Гледачи: 13,105 Судија: Славко Винчиќ (Словенија) |
Победник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2017 Германија 2. титула |
|
Тимот на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 бил избран по завршувањето на турнирот од техничките набљудувачи на УЕФА.[10]
Позиција | Играч |
---|---|
Голман | Јулиан Полерсбек |
Одбрана | Џереми Тољан |
Милан Шкриниар | |
Никлас Штарк | |
Јаник Герхардт | |
Среден ред | Максимилијан Арнолд |
Дани Себалјос | |
Макс Мајер | |
Саул Нигес | |
Напад | Марко Асенсио |
Федерико Бернардески |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.