From Wikipedia, the free encyclopedia
Гардијан (англиски: The Guardian) — британски дневен весник. Од 1821 до 1959 година е познат како Манчестер Гардијан (Manchester Guardian). Заедно со своите сестрински весници Опсервер (The Observer) и Неделен Гардијан (Guardian Weekly), Гардијан (The Guardian) е дел од Гардијан Медиа Груп (Guardian Media Group), поседувани од Скот Траст (Scott Trust). Траст (The Trust) бил создаден во 1936 година "за да обезбеди финансиска и издавачка независност на Гардијан (Guardian) во континуитет и да ја заштити слободата на новинарите и либералните вредности на Гардијан (Guardian) ослободени од комерцијални или политички влијанија." Скот Траст (Scott Trust) бил претворен во друштво со ограничена одговорност во 2008 година, со Статут напишан на начин со кој ќе ги застапува истите заштитни мерки на Гардијан какви што биле вградени на почетокот во структуртата на Траст (the Trust) од неговите основачи. Профитот се реинвестира во новинарството наместо да претставува погодност за сопственикот или акционерите.[1] Читателите на весникот главно се од левицата на политичката мисла во Британија.[2][3] Репутацијата на весникот како платформа за либералната и левичарската публика довело да се употребува изразот "читател на Гардијан" и "Гардијанист" често (но не секогаш) како погрден епитет за оние со левичарски или политички коректни тенденции.[4][5][6] Гардијан е уредуван од Катерина Винер (Katharine Viner), која го наследила Алан Русбриџер (Alan Rusbridger) во 2015 година.[7][8] Во 2016 година, печатеното издание на Гардијан имало просечно околу 162,000 копии во земјата како дневен тираж, позади Дејли телеграф и Тајмс.[9] Од 2018 година се печати во форма на таблоид. Весникот има онллајн издание во Велика Британија како и два интернационални мрежни места, Guardian Australia (основан во 2013 година) и Guardian US (основан во 2011 година). онлајн изданието на весникот било петто најчитано во светот во октомври 2014 година, со преку 42,6 милиони читатели.[10] Неговото комбинирано печатено и онлајн издание достигнува до близу 9 милиони читатели во Британија.[11] Значајни стории го вклучуваат Меѓународниот скандал со прислушување на телефони од 2011 година, особено прислушувањето на телефонот на убиениот англиски тинејџер Мили Доулер (Milly Dowler).[12] Истражувањето доведе до затворање на најпродаваниот неделен весник во Британија, и еден од весниците со најголем тираж во светот, Вести од светот.[13] Весникот исто така објави вести за тајната збирка на телефонски разговори на Веризон (Verizon) на владата на претседателот на САД Барак Обама (Barack Obama) во јуни 2013 година,[14] и потоа откри постоење на PRISM систем за следење по неговото доставување до весникот од NSA whistleblower Едвард Сноуден (Edward Snowden).[15] Во 2016 година, го предводеше истражувањето на Панама Пејперс (Panama Papers), објавувајќи врски на тогашниот премиер на Британија Дајвид Камерон (David Cameron) со сметки во офшор банки (offshore bank accounts).
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Гардијан бил избран за весник на годината четири пати од годишните Британски новински награди, последен пат во 2014 година за известување за следењето на владата.[16] Заради честите печатни грешки во весникот, во 1960-тите Private Eye го нарекол The Grauniad, прекар кој денес сè уште употребува.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.