From Wikipedia, the free encyclopedia
Андартската провокација била вооружена акција на територијата на Македонија, организирана од грчката националистичка организација Етники Етерија (гр. Εθνική Εταιρεία) со цел засилување на грчките интереси во Македонија и Отоманското Царство.
По Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година, грчкиот печат во Атина започнал силна пропаганда за наводна загрозеност на грчките интереси од страна на Бугарите [1][2].
Самата кампања била поддржана од голем број на политички и јавни личности. Еден од пратениците на грчкиот парламент одржал специјално предавање за Македонија во кое истакнал:
„ | Македонија го зазема централното место на Балканот, дека е плодородна и богата со минерали, а кога во неа би се изградила мрежа од железнички линии, таа би станала најзначајната земјоделска и трговска област... Иако во неа не е раширен грчкиот јазик, таа е елинска по чувство и Грција без неа не би можела никогаш да просперира и да го реазлизира стариот сон [1] | “ |
Додека траел кампањата, Атина официјално протестирала против доделувањето на нови владички берати за Бугарската егзархија, а еден грчки пратеник кажал дека повеќе сака да слушне изјава од министерот на морнарицата дека е испратена една ескадра во Македонија за да се заштитаат Грците од налетите на Бугарите, отколку празни дискусии.
Според некои историчари, Атина започнала да наликува на Софија од 1894/1895 година во предвечерието на Мелничкото востание [1].
Се организирале митинзи против Отоманското Царство и се повикувало на оружје за одбрана на грцизомот во Македонија. Кампањата својата кулминација ја достигнала со изјавите на грчкиот крал и грчкиот престолонаследник Констатнтин.
Кралот од своја страна изјавил дека Македонија е загрозена, а не Крит додека пак Константин изјавил дека никој нема да може да ја спречи војната и избувнувањето на револуцијата во Македонија [3].
Во мај 1895 година револуционерите од островот Крит незадоволни од положбата ја блокирале турската војска во градот Вамос.
Турската реакција била жестока и тоа било сигнал за Критското востание.
Паралелно со случувањата на островот Крит, Етники Етерија започнала да организира и препраќа андартски чети во Македонија. Навлегувањето на четите било олеснето од фактот што Отоманското Царство очекувала надворешна провокација но не од југ туку од Бугарија, така што сето нејзино внимание било насочено кон бугарската граница.
Андартските чети во почетокот на јули 1896 година навлегле на територијата на Македонија. Дел од андартите дошле преку море и се иствариле во Солунскиот Залив додека пак другата група навлегла преку планината Олимп.
Бројот на андартите кои навлегле во историската наука не точно познат но се претпоставува дека нивниот број некаде од 200 до 300 андарти [1].
За водачи на четите биле поставени стари арамиски војводи, а меѓу нив биле Бруфе, Давели и Чам помладиот.
На 8.07.1896 година турските власти во Солун примиле информација дека во околината на Негуш е забележана андартска група и против нив биле испратени 150 турски војници кој се поделиле во три групи.
Една од колоните на турските војници се нашла во заседа и тогаш загинале 5 турски војници и 1 офицер додека пак андартите имале 4 загинати, неколку ранети и еден заробен.
По заседата како засилување биле испратени 2 баталјона, еден од Битола и еден од Солун, а андартите биле опколени кај Кара Ташо. Меѓутоа оваа опсада андартите успеале да ја пробијата при што успеале да убијат и заробаат неколку турски војници.
Заробените војници биле ослободени и преку нив била испратена порака дека тие не дошле во Македонија да војуваат против Турците туку против Бугарите кои се засилиле на сметка на грчките интереси.
Андартите по опсадата кај Кара Ташо се поделиле на три групи. Еден дел од андартите на чело со Бруфе се упатриле кон Мариовските планини, а Чам помладиот и Давели со останатите андарти биле во околината на Катерина.
Меѓутоа Бруфе повторно бил опколен во Мариово, а Давели со дел од андартите се упатил кон него за да му помогне.
Тогаш се појавиле непотврдени информации дека Турците имале загинати од 50 до 400 војници додека пак андартите имале 5 загинати, 4 ранети и 1 заробен.
Турците на заробените андарти им ги исекле главите и по две глави биле испратени во Кавадарци и Прилеп, а кон крајот на јулу се појавила информација дека уште 17 глави биле испратени во Кавадарци.
Во Гевгелиско биле фатени двајца андарти кој залутале барајќи леб и биле однесени во Солун, а истовремено се појавила информација дека андарстки чети се забележани во околината на Гевгелија и Сер.
Поради недостаток на извори не се знае каков бил крајот на андартските чети, меѓутоа историчарите врз основа на дипломатските извештаии заклучуваат дека андартите не мајќи ја поддршката од населението во Македонија и постојано борејќи се со турската армија се распаднале на помали групи и дел од нив се вратиле во Грција додека пак дел од нив биле затворени во Солун [1].
25 андарти биле изведени пред Апелациониот суд во Солун и тие истакнале дека во Македонија не дошле да војуваат против Турците туку против Бугарите кои запалиле неколку грчки села и цркви. Поради недостаток на извори не може да се утврди дали андартите презеле конкретни дејствија против македонското - егзархиско население, а во однос на акцијата и андартите францускиот визеконзул Леду истакнал:
„ | Поведението на овие чети, за кои се тврди дека не му нанеле никакво зло на населението, без разлика на неговата вера... како да потврдува дека нивната цел е да го утврдат, по примерот на револуционерите од Бугарското кнежевство, принципот на грчките ревандикации врз Македонија и да и создадат неприлики на Поратата, принудувајќи ја овде да држи многу војска [2] | “ |
Во однос на сета акција српскиот конзул од Солун во еден свој извешај истакнал:
„ | Ним (Грците б.н) им се чини дека Бугарите многу се засилиле, и со честите движења, во некоја рака стекнале признание во Европа и кај Портата за ниваната надомќност во Македонија. Затоа, Грците мислат дека е крајно време и тие да покажаат дека се живи и дека имаат право на Македонија...[1] | “ |
Целата била од татктички причини. Со оваа акција требало да се одвлече вниманието на Отоманското Царство од Крит и да се насочи кон Македонија со цел да се подобри положбата на критските револуционери, да се прдупредаат турските власти да не праваат отстапки на бугарската пропаганада на штета на грчките интереси, на Европа и Бугарија да им се покаже дека и Грција има претензии кон Македонија и военопсихолошка подготовка на Грците за престојната Грчко - турска војна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.