Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Елен Марија Стон (англиски: Ellen Maria Stone; 24 јули 1846 - 13 декември 1927), попозната како Мис Стон — американска протестантска мисионерка која патувала низ Македонија со придружба од петнаесетина луѓе во 1901 година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на Јане Сандански на 3 септември 1901 година помеѓу Разлог и Горна Џумаја, во месноста Предел (Пиринска Македонија).
Елен Марија Стон | ||
Родена | 24 јули 1846 Роксбери, Масачусетс, САД | |
---|---|---|
Починала | 13 декември 1927 81) Челси, Масачусетс, САД | (возр.
Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од Турците на Малешевските Планини и на Пирин Планина, во Пиринска Македонија. Биле ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје.[1] Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.
Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во Ратево, беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.[2]
Еден од првите македонски играни филмови, Мис Стон (1958) е снимен токму според оваа приказна.
Во целиот период додека траела драмата со киднапирањето на Мис Стон, создадени се преку 150 телеграми документи писма. Во прилог следи една телеграма со редовна комуникација меѓу турските власти.
„Одговор на 14 март 1902 година. При примањето на паричниот откуп за спас даден за ослободување на Мис Стон бил присутен претседателот на Македонскиот револуционерен комитет, Борис Сарафов лично. Самиот тој ги зел парите. Според известувањата доставени до вилаетот, Сарафов со група од дваесет и пет лица кои му припажале на споменатиот комитет, денес се наоѓа во правец на Горна Џумаја и Мелник. Доколку споменатиот навистина се наоѓа овде, со извршување на продлабочена истрага и иследување и за да не се остави простор за проширување на кругот на разбојничката дејност, излезот се бара во неговото заробување. Од Серското мутасарифиство шифрирано е е јавено дека за Сарафов, жив или мртов, се ветени педесет лири. Што се однесува пак до ова возвишено големовезирско ираде, до споменатото мутасариство се упатени цврсти препораки и, секако, ќе со достават информациите кои ќе се добиваат од различните фази на истрагата. Наредбата му припаѓ на оној што е овластен да наредува.“
Телеграма на Солунскиот валија Тефик со кој го известува големиот везир дека е исплатен откупот и дека е распишана потерница за претседателот на Македонскиот револуционерен комитет Борис Сарафов.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.