Remove ads
начин на комуницирање со намера да го/ги доведе човекот/луѓето во заблуда прикажувајќи само една страна од аргументот From Wikipedia, the free encyclopedia
Пропаганда е тип на порака чија цел е да влијае врз мислењето или однесувањето на луѓето [1]. Денотација на пропагандата е да пропагира (активно шири) една филозофија или став. При пропаганда, најчесто не се работи за обезбедување на неутрални информации, туку на намерно искривени податоци, логички грешки, кои, иако понекогаш се убедливи, но не мора да се и точни.
Најчесто овој поим се употребува во политички контекст, особено кога се однесува на напори спонзорирани од влади или политички групи.
Пропагандни техники се: повикување на патриотските чувства, неосновани воопштувања, намерна неодреденост, преголемо упростување на комплексни прашања, рационализација, апелирање, употреба на кратки пароли, на еуфемизми, создавање стереотипи, непотврдени претпоставки, употреба на мислења на познати лица или авторитети и слично.
Денес пропагандата има негативен призвук, поради што нејзините извршители своите пропагандни активности најчесто ги нарекуваат односи со јавноста.
Астротурфинг е форма на пропопагирање, често во знак на поддршка на политичка или корпоративна агенда која има за цел да создаде привид на автентично или спонтано движење.[2]. Целта на ваквата неетичка пропаганда е да се прикрие одреден политички или корпоративен интерес и истиот да се претставува како наводна независна јавна реакција на некоја општествена група.
Астротурферите се обидуваат да диригираат активности прикажувајќи се како група на општествено несродни и географски различно дистрибуирани поединци, кои глумат транспарентност. Астротурфингот најчесто е инициран од страна на поединец или мала група на луѓе кои промовираат цели во корист на одреден личен интерес, симулирајќи масовност и злоупотребувајќи ги медиумите и поширокиот јавен интерес. Корисници на астротурфингот не се непосредните „параван“ активисти, туку одредени поединци или организации кои диригираат такви кампањи.
Пример за астротурфинг пропаганда во македонското општество е случајот со убиството на Мартин Нешковски, кога по масовната јавна реакција и организираните спонтани протести на младите во Скопје и поголемите македонски градови, се појавуваат астротурфери кои наводно протестираат против спонтаните мирни протести, наведувајќи различни небулозни причини како повод за нивно организирање. Дополнително се појавуваат и фејсбук групи на поддржувачи на убиецот.[3]. Слични примери на користење на астротурфинг преку интернетот постои во Кина каде што комунистичката влада вработува професионални блогери кои објавуваат информации кои го подобруваат јавниот имиџ на власта.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.