![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ee/Cruithne.jpg/640px-Cruithne.jpg&w=640&q=50)
3753 Крутин
астероид / From Wikipedia, the free encyclopedia
3753 Крутин е атонски астероид од типот Q, кој орбитира околу Сонцето во 1:1 орбитална резонанца со Земјата, што го прави коорбитално тело. Станува збор за астероид кој, во однос на Земјата, кружи околу Сонцето во орбита во форма на грав при што ефикасно опишува потковица и која може да ја смени во квазимесечинска орбита.[3] Крутин не кружи околу Земјата и на моменти се наоѓа на другата страна на Сонцето, што значи дека Крутин е вон Земјината Хилова сфера. Орбитата го води во близина на Меркуровата орбита и зад орбитата на Марс [4] Крутин кружи околу Сонцето за околу една година, но за да се задржи серијата на движење околу Земјата во облик на потковица потребни се 770 години.[4]
![]() | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Данкан Валдрон |
Откриено | 10 октомври 1986 |
Ознаки | |
Наречена по | Крутин - Крал на Пиктите |
1983 УХ; 1986 TO | |
Орбитални особености[1] | |
Епоха 4 септември 2017 (ЈД 2458000.5) | |
Параметар на неодреденост 0 | |
Лак на набљудување | 16087 дена (44.04 години) |
Афел | 1.5114 AE |
Перихел | 0.48405 AE |
0.99774 AE | |
Занесеност | 0.51485 (213000)[2] |
1.00 година (364.02 дена) | |
Просечна орбитална брзина | 27.73 km/s |
257.46° | |
0° 59м 20.436с / дена | |
Наклон | 19.805° |
126.23° | |
43.831° | |
Земјино НРОП | 0.07119 AЕ |
Физички особености | |
Среден пречник | ~5 km |
Маса | 130.000.000.000.000 kg |
27.30990 h (1.137913 d)[1] | |
0.15 | |
Q | |
15.6[1] | |
Името Крутин потекнува од ирскиот јазик и се однесувал на раните Пикти (староирски: Cruthin ) во Аналите за Алстер и нивниот истоимен крал („Крудин, син на Синге“) во „Пиктската хроника“.