Средно движење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Средно движење (означено со n) — аголна брзина потребна на телото да направи една орбита, притоа имајќи постојана брзина во кружна орбита која ја изминува за стото време како и при променлива брзина, кај елиптичната орбита на правото тело.[1] Оваа замисла е подеднакво добра и за мали тела во орбита околу поголени, масивни тела или пак две тела со слична големина кои се вртат околу заедничко тежиште. Иако номинално е средна, и теориски така е во случајот на движење на две тела, во практиката средното движење не е типично просечно движење со текот а времето за орбитите на двете тела, штое приближност на претпоставката за проблемот на две тела. Станува збор за моменталната вредност која ги задоволува погорните услови пресметани од моменталните гравитациски и геометриски услови на постојано променливата, растроена орбита на телото.
Средното движење се користи како приближност за моменталната орбитална брзина за почетно пресметување на местоположбата на телото во орбитата, на пример, на збир од орбитални елементи. Оваа средна местоположба е прочистена од Кеплеровата равенка за да се добие правото движење.