29 октомври
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
29 октомври — 302-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (303-и во престапна година). Остануваат 63 денови до крајот на годината.
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | ||
06 | 07 | 08 | 09 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
Настани:
1923 | Турција е прогласена за република — Национален ден на Турција. |
1944 | Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство. |
1994 | По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот. |
2013 | Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија. |
Родени:
1507 | Фернандо Алварес де Толедо — шпански војсководец. |
1815 | Лудовит Штур — словачки војсководец. |
1816 | Фердинанд II — крал на Португалија од 1836-1855. |
1875 | Марија Единбургска — кралица на Романија. |
1879 | Франц фон Папен — германски канцелар. |
1890 | Ханс-Валентин Хубе — германски генерал. |
1897 | Јозеф Гебелс — германски нацистички функционер и пропагандист. |
1906 | Фредрик Браун — американски писател. |
1922 | Александар Зиновјев — руски логичар и социолог. |
1924 | Збигњев Херберт — полски поет, есеист и драматург. |
1926 | Неџметин Ербакан — премиер на Турција од 1996 до 1997 година. |
1929 | Евгениј Примаков — руски политичар. |
1930 | Берни Еклстон — генерален директор на „Формула 1“. |
1938 | Елен Џонсон Серлиф — претседател на Либерија. |
1943 | Дон Симпсон — американски филмски продуцент. |
1943 | Душан Ивковиќ — српски и југословенски кошаркарски тренер. |
1945 | Гафур Џабир Ахмети — македонски писател, публицист и преведувач. |
1946 | Вахидин Мусемиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1946 | Питер Грин — британски рок-музичар, член на групата „Флитвуд мек“. |
1947 | Ричард Драјфус — американски глумец. |
1950 | Абдула Ѓул — претседател на Турција. |
1954 | Петре Латиновски — градоначалник на Општина Бутел. |
1960 | Агим Чеку — премиер на Косово. |
1964 | Стеван Стојановиќ — српски и југословенски фудбалски голман. |
1964 | Зоран Ставревски — министер за финансии во Владата на Република Македонија. |
1970 | Едвин ван дер Сар — холандски фудбалски голман. |
1970 | Филип Коку — холандски фудбалер. |
1971 | Винона Рајдер — американска глумица. |
1973 | Робер Пирес — француски фудбалер. |
1981 | Аманда Берд — американска пливачка. |
1984 | Алваро Рафаел Гонсалес — уругвајски фудбалер. |
1988 | Дмитри Мусерски — руски одбојкар. |
Починале:
1268 | Конрадин — крал на Ерусалим. |
1321 | Стефан II Милутин — крал на Србија. |
1395 | Иван Шишман — бугарски цар. |
1618 | Волтер Роли — англиски шпион, писател и поет. |
1783 | Жан ле Рон Даламбер — француски математичар, физичар и филозоф. |
1889 | Николај Чернишевски — руски револуционер, филозоф и социјалист. |
1908 | Силвие Страхимир Крањчевиќ — хрватски поет. |
1911 | Џозеф Пулицер — американски новинар. |
1914 | Пејо Јаворов — поет, публицист и револуционер. |
1924 | Френсис Хоџсон Барнет — англиско-американска писателка. |
1932 | Жозеф Бабински — француски невролог. |
1940 | Димитрија Чуповски — македонски национален деец и интелектуалец. |
1948 | Весли Мичел — американски економист. |
1957 | Луис Б. Мајер — соосновач на холивудското студио „Метро-Голдвин-Мајер“. |
1971 | Дјуан Алман - американски рок-гитарист. |
1975 | Ристо Крле — македонски писател и драматург. |
1995 | Киро Поповски — прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија. |
1997 | Антон Шандор Ла Веј — основач на Црквата на Сатаната. |
2004 | Перо Коробар — македонски општествен деец. |
2007 | Фране Матошиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
Празници:
Турција — Национален ден. |