Глумец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Глумец (ж. род глумица) или актер (ж. род актерка) — личност што изведува драмска продукција, работи на филм, телевизија, театар или радио. Старогрчкиот збор за глумец e „хипокрит“, што значи изведувач. Во оваа смисла глумец е личност што изведува односно претставува драмски карактер.
Првите записи за глумците се од 534 година п.н.е., кога старогрчкиот изведувач Теспис излегол на сцена во театарот на Дионис и станал познат по тоа што бил првиот човек што изговорил зборови на измислен лик од драма. Сè до средниот век, глумците не биле луѓе со висок статус во општеството, често поврзувани со пропаѓање и неморален животен стил. Ситуацијата е драматично променета во XIX и XX век кога глумецството станало чесно и почитувано занимање. За времето на средновековието само мажите можеле да бидат глумци, бидејќи се сметало за невкусно жена да настапува на сцена.