Тур де Свис 2013 било 77. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Започнала на 8 јуни со поединечен хронометар во Квинто и завршила на 16 јуни со уште еден поединечен хронометар во Флумзерберг; вкупно, трката се состоела од девет етапи. Била седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...
Затвори
Трката била освоена втора година по ред од возачот на Мовистар Тим Руј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, хронометарот со 10 километри искачување и цел на нагорнина,[3], надоместувајќи ги 13. секунди разлика од претходниот предводник на трката Матијас Франк од Аксент Џобс-Ванти.[4] Кошта ја освоил и кралската етапа два дена претходно.[5] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Бауке Молема од Бланко Про Сајклинг, етапен победник на трката, победувајќи на втората етапа, била шеесет и две секунди,[6] додека подиумот бил заокружен од возачот на Тим Саксо-Тинкоф Роман Кројцигер,[7] осум секунди зад Молема и седумдесет зад Кошта.
Во другите пласмани на трката, возачот на Еускалтел-Еускади Роберт Вречер бил победник на планинскиот и спринтерскиот пласман, откако се нашол во неколку бегства во текот на деветдневната трка.[8] Петер Саган (Канондејл) повторно го освоил бодовниот пласман и бил единствен друг возач кој освоил повеќе етапи на трката. Астана завршила на чело на екипниот пласман,[9] втора година по ред.
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети на трката, додека две други екипи - ИАМ Сајклинг[10] и Сожасен[11] - добиле специјални покани и со тоа била создадена главната група од 20 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[12][13] Бидејќи Катјуша не биле првично поканети на трката, организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и една.
Дваесет и едната екипа кои настапиле на трката биле:[14]
Помеѓу 167. возачи кои ја започнале трката, секоја екипа имала по осум возачи освен Вакансолел-ДКМ, кои настапиле со седум[14], биле четири поранешни победници на трката. Победникот од 2008 Роман Кројцигер бил предводник на екипата Тим Саксо-Тинкоф,[15] додека победникот од 2009 Фабијан Канчелара имал слична улога за РадиоШек-Леопард.[14] Мовистар Тим имал два поранешни победника на трката помеѓу нивните осумторица; Владимир Карпетс, кој ја освоил трката во 2007, бил еден од помошниците за бранителот на титулата Руј Кошта.[16]
Повеќе информации Етапа, Датум ...
Затвори
Етапа 1
- 8 јуни 2013 — Квинто, 8,1 км, поединечен хронометар (ITT)[17]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
|
Затвори
Етапа 2
- 9 јуни 2013 — Улрихен до Кран-Монтана, 117,2 км[18]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 2
|
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Затвори
Етапа 3
- 10 јуни 2013 — Монтре до Мајринген, 204,9 км[19]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 3
|
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Затвори
Етапа 4
- 11 јуни 2013 — Инерткирхен до Буокс, 174,4 км[20]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 4
|
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Затвори
Етапа 5
- 12 јуни 2013 — Буокс до Лојгерн, 178,4 км[21]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 5
|
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Затвори
Етапа 6
- 13 јуни 2013 — Лојгерн до Мајлен, 187,9 км[22]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 6
|
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Затвори
Етапа 7
- 14 јуни 2013 — Мајлен до Ла Пунт, 206 км[23]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 7
|
|
Генерален пласман по етапа 7
|
Затвори
Етапа 8
- 15 јуни 2013 — Цернец до Бад Рагац, 180,5 км[24]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 8
|
|
Генерален пласман по етапа 8
|
Затвори
Етапа 9
- 16 јуни 2013 — Бад Рагац до Флумзерберг, 26,8 км, поединечен хронометар (ITT)[25]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Резултат од етапа 9
|
|
Краен генерален пласман
|
Затвори
На Тур де Свис 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[26] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со црвена маичка.[26] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Постоеле дваесет и едно категоризирано искачување на трката, кои биле поделени на пет различни категории.[26]
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[26] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. На етапите 4, 5, 6 и 8, победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 13, петтото 11 и еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за 15. место.[26] На сите останати етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10 и еден бод помалку за секое место подолу сè до еден бод за 12. место.[26] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[26]
Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, наградуван со сина маичка.[26] За спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршиле на првите три места на средните спринтови во текот на една етапа, со исклучок на етапите со поединечен хронометар.[26] Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[26]
Повеќе информации Етапа, Победник ...
Затвори
Иако Камерон Мајер ја добил маичката на подиумот во Квинто, немало бодови наменети за овој пласман на етапата.