Тур де Свис 2013
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Свис 2013 било 77. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Започнала на 8 јуни со поединечен хронометар во Квинто и завршила на 16 јуни со уште еден поединечен хронометар во Флумзерберг; вкупно, трката се состоела од девет етапи. Била седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2013, трка 17 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 8–16 јуни 2013 | ||
Етапи | 9[1] | ||
Растојание | 1.284,2 км | ||
Време | 31ч 08' 11" (25,628 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Мовистар Тим) |
Втор | ![]() |
(Бланко Про Сајклинг) | |
Трет | ![]() |
(Тим Саксо-Тинкоф) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Канондејл) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Еускалтел-Еускади) |
![]() |
Спринтерски | ![]() |
(Еускалтел-Еускади) |
Екипен | Астана | ||
← 2012 2014 → |
Трката била освоена втора година по ред од возачот на Мовистар Тим Руј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, хронометарот со 10 километри искачување и цел на нагорнина,[3], надоместувајќи ги 13. секунди разлика од претходниот предводник на трката Матијас Франк од Аксент Џобс-Ванти.[4] Кошта ја освоил и кралската етапа два дена претходно.[5] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Бауке Молема од Бланко Про Сајклинг, етапен победник на трката, победувајќи на втората етапа, била шеесет и две секунди,[6] додека подиумот бил заокружен од возачот на Тим Саксо-Тинкоф Роман Кројцигер,[7] осум секунди зад Молема и седумдесет зад Кошта.
Во другите пласмани на трката, возачот на Еускалтел-Еускади Роберт Вречер бил победник на планинскиот и спринтерскиот пласман, откако се нашол во неколку бегства во текот на деветдневната трка.[8] Петер Саган (Канондејл) повторно го освоил бодовниот пласман и бил единствен друг возач кој освоил повеќе етапи на трката. Астана завршила на чело на екипниот пласман,[9] втора година по ред.