Трка околу Фландрија 2016
издание во 2016 година на велосипедската трка Трка околу Фландрија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трка околу Фландрија 2016 — еднодневна велосипедска класична трка, која се одржала во Белгија на 3 април 2016 година. Претставувала јубилејно 100. издание на Трка околу Фландрија и била осма трка во сезоната на Светската турнеја, како и трет еднодневен класик на калдрма.[1] Трката била втор монумент во сезоната 2016.
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 100. Трка околу Фландрија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 1.UWT | ||
Датум | 3 април 2016 | ||
Растојание | 255 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Брухе | ||
Одредиште | Ауденарде | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 199 | ||
Возачи на крај | 118 | ||
Просечна брзина | 41,283 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
![]() | Документација ![]() |
Трката започнала во Брухе и завршила во Ауденарде. Вкупното растојание изнесувало 255 километри, поминувајќи на 18 категоризирани искачувања и седум рамни сектори со калдрма. Главни фаворити за победа биле Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо), Том Бонен (Етикс-Квик Степ) и Петер Саган (Тинкоф).
Откако неколку возачи ја напуштиле трката поради падови и повреди, одлучувачкото бегство било создадено на 30 километри до целта од Саган, Михал Квјатковски (Тим Скај) и Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо). На последното искачување на Ауде Кваремонт, Квјатковски отпаднал; на Патерберг, кратко потоа и било завршно искачување на трката, Саган успеал да се одвои од Ванмарке и да продолжи сам кон целта. Ванмарке и Канчелара соработувале со цел да го стигнат, но Саган успеал сам да заврши. Канчелара стигнал втор, додека Ванмарке завршил трет, обајцата со повеќе од 20 секунди зад Саган.