Старогрчка митологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старогрчка митологија — збирка од митови и легенди на Старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаи и обреди. Сиве овие нешта биле дел од религијата на Стара Грција. Денешните научници со своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во Стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот.[1]
Теми во Старогрчка митологија |
---|
|
|
|
Оваа митологија отелотворува јасност во огромна збирка приказни и безрезервност во реалистични уметности, како сликање на вази и заветни подароци. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространти низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од старогрчката книжевност.
Најстарите познати старогрчки книжевни извори се епските песни Илијада и Одисеја, кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна. Двете поеми од Хесиод, Теогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни, кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат.
Главните извори за деталите од старогрчката митологија се обезбедуваат од археологијата, односно со пронаоѓањето на голем број на декоративни артефакти. Пронајдените геометриски дизајни од керамика, кои потекнуваат од VIII век п.н.е. даваат сцени од тројанскиот период, како и авантурите на Херкул. Една од најосновните одлики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам, односно постоењето на многу богови. Друга одлика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно Старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и одлики.