првобитно божество во старогрчката митологија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ереб (грчки Έρεβος - "длабок мрак, сенка", латински Erebus)[1] во старогрчката митологија бил бог на вечната темнина и мрак. Тој е син на Хаос[2], а негова сестра е Никта. Подоцна од соединувањето со Никта биле родени Етер (Небото) и Хемера (Денот) но исто така и Елеј (Милоста), Епифрон (Внимателноста) и Харон, пренесувачот на душите во пеколот. Во војната со боговите бил на страната на Титаните, па по крајот на истата тој бил фрлен во Тартар од страна на Зевс.
Во старогрчката книжевност, Ереб се користи за да се назначи подземниот свет каде умрените заминуваат веднаш по умирањето, затоа понекогаш го мешаат со Тартар.[3][4][5][6][7]
Ереб е син на празнината или исконскиот Хаос кој е негов татко и мајка. Заедно со неговите двајца браќа Тартар и Ерос и со сестрите Геја и Никта е дел од петте исконски богови од кои произлегле сите други. Како божество на темнината и жител на подземјето, Ереб исто така е дел и од хтоничните божества.
Значењето на името Ереб е "темнина". Првото негово пишано спомнување било за "мрачно место меѓу земјата и Ад". Самата именка Ἔρεβος има свој корен во индоевропските јазици *h1regʷ-es/os- "мрак"[8][9] (cf. санскрит rájas, готски riqis, старонордиски røkkr).[10]
Според грчкиот поет Хесиод и неговата Теогонија, Ереб е дете на Хаосот и брат на Никта:
"Од хаосот излезе Мракот и црната Ноќ, а од Ноќта се родија Воздухот и Денот кои таа ги зачна и ги роди од љубовта со Ереб." Хесиод, Теогонија (120–125)[11]
Римскиот писател Гај Јулиј Хигин, во неговите Басни (латински: Fabulae), го опишал Ереб како татко на Герас, богот на староста.[12] Некои римски писатели како Хигин и Цицерон го опишуваат Ереб како татко на Мојрите, чија мајка е Никта, иако нивното потекло многу се разликува кај авторите и периодите. Најчесто се прифаќа дека Мојрите се деца на Ананке, божицата на сета судбина.
Ереб се претвора во река бидејќи ги спасил Титаните. Така го дал своето име на подрачјето во пеколот каде минуваат душите на починатите - подрачје кое се наоѓа меѓу светот на живите и пеколот (Ад).
Видете Ереб во Викиречник, слободниот речник. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.