Сеск Фабрегас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франсеск „Сеск“ Фабрегас Солер (шпански: Francesc "Cesc" Fàbregas Soler) (изговор [ˈsɛsk ˈfaβɾəɣəs suˈɫeʁ̞]) (роден на 4 мај 1987 во Аренис де Мар, Каталонија, Шпанија)[2][3] — каталонски и шпански фудбалер кој игра во центарот на средниот ред на фудбалскиот клуб Челси и за фудбалската репрезентација на Шпанија. Фабрегас ја започнал кариерата во академијата на ФК Барселона, но многу брзо потпишал за Арсенал во септември 2003 година. Во првата сезона во Англија не настапувал многу за Топчиите, но по повредите на неколку клучни играчи од средниот ред во сезоната 2004–05, добил повеќе време на теренот. Набргу Цеск станал еден од редовните стартери и плејмејкер. Поставил неколку нови клупски рекорди, добивајќи репутација на добар техничар, со одлично чувство за подавање и клучен дел од составот на Арсенал. Во меѓународниот фудбал првпат дебитирал за составот на Шпанија за играчи до 17 години на Светското Првенство во Финска. Благодарејќи на неговите добри настапи за клубот, бил повикан да игра за сениорската репрезентација на Светското Првенство во 2006 година. Во 2006 година, Фабрегас потпишал долгорочен договор со Арсенал со времетраење од осум години, кој бил прекратен во 201, кога тој потпишал со Барселона.
Сеск Фабрегас | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Францеск Фабрегас и Солер[1] | ||
Роден на | 4 мај 1987(1987-05-04) (37 г.)[1] | ||
Роден во | Виласар де Мар, Шпанија | ||
Висина | 1.75 м (5 ст 9 ин)[2] | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челси | ||
Број | 4 | ||
Младинска кариера | |||
Матаро | |||
1997–2003 | Барселона | ||
2003–2004 | Арсенал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2011 | Арсенал | 212 | (35) |
2011-2014 | Барселона | 96 | (28) |
2014- | Челси | 119 | (14) |
Репрезентација ‡ | |||
2002–2003 | Шпанија U16 | 8 | (1) |
2003–2004 | Шпанија U17 | 14 | (7) |
2005 | Шпанија U20 | 5 | (0) |
2004–2005 | Шпанија U21 | 11 | (2) |
2006– | Шпанија | 110 | (15) |
2004– | Каталонија | 3 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 03:13, 14 август 2011 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 03:13, 14 август 2011 (UTC) |