From Wikipedia, the free encyclopedia
Ешли Кол (роден на 20 декември 1980) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Лос Анџелес Галакси и поранешен репрезентативец на Англија. Од страна на многу критичари, колеги и професионални фудбалери, се смета за еден од најдобрите леви бекови на неговата генерација.[1][2]
Ешли Кол | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ешли Кол | ||
Роден на | 20 декември 1980 | ||
Роден во | Стипнеј, Лондон, Англија | ||
Висина | м | 1,76||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лос Анџелес Галакси | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
1997–1998 | Арсенал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998–2006 | Арсенал | 156 | (8) |
1999–2000 | → Кристал Палас | 14 | (1) |
2006–2014 | Челси | 229 | (7) |
2014–2016 | Рома | 11 | (0) |
2016- | Лос Анџелес Галакси | 26 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
1999 | Англија 20 | 2 | (0) |
2002 | Англија 21 | 5 | (1) |
2001–2014 | Англија | 107 | (0) |
* Ажурирано на: 17:22, 16 May 2012 (UTC) ** Ажурирано на: 18:43, 24 June 2012 (UTC) |
Игра на позицијата лев бек. Арсен Венгер, го опишал Кол како „дефанзивец кој едноставно сака да напаѓа“.
Таткото на Кол, Рон Календар, е од Барбадос. Тој ја напуштил фамилијата после седум години брак со мајка му.[3] и подоцна се преселил во Австралија.[4] Кол и неговиот помлад брат Метју беа израснати од страна на нивната мајка Сју Кол,[5] и го посетуваа училиштето Баув во Лондон.[6]
Ешли Кол е роден во Стипнеј, Лондон. Кол неговата младинска кариера ја започнал во Арсенал и го потпишал целосниот договор во ноември 1999, каде што се појавил на 227 натпревари и постигнал 9 голови. Со Арсенал тој освоил две титули од ФА Премиер Лигата, три од ФА Купот, и бил интегрален член на „The Invincibles“ (мак. "Непобедливите") во сезоната 2003-2004. Во август 2006, по долготрајна трансфер сага, Кол се префрлил во Челзи со кој освоил една титула од ФА Премиер Лигата - сезона 2009-2010, четири од ФА Купот, една Лига куп и една титула од Лигата на шампионите.
На 7 јули 2014, Кол потпишал двегодишен договор со италијанскиот клуб Рома.[7][8][9] Своето официјално деби за италијанскиот клуб го имал на 30 август во нивниот прв натпревар од Серија А за сезоната 2014-2015, играјќи ги сите 90 минути во победата со 2–0 над Фјорентина на Олимпико.[10] На 19 јануари 2016, Кол го раскинал неговиот договор со Рома на половина година пред истекот на самиот тој.[11]
На 27 јануари 2016, Кол потпишал за Лос Анџелес Галакси.[12]
Кол станал англиски интернационалец во 2001 и играл на светските првенства во 2002, 2006, 2010 година, и на европските првенства во 2004 и 2012. Тој бил изгласан за Англиски играч на годината во 2010 година.
Кол во септември 2004 година започна врска со пејачката Шерил Кол, која живеела во истиот кварт во Лондон каде што живеел и Кол.[13] Тие се венчаа на 15 јули 2006 година во Вротам Парк, Хертфордшајр.[14] Во јануари 2008 година, парот се раздели поради секс аферата на Кол со три други жени.[15] Тоа беше објавено на 23 февруари 2010 дека двојката законски се разделила поради обвинувања за прељуба.[16] Три месеци подоцна, беше најавено дека Шерил поднела барање за развод. Тие официјално се разведоа на 3 септември 2010 година.[17]
Во 2006 година, Кол ги тужеше печатените медиуми како што се Вести од Светот и Сан (Обединетото Кралство) за клевета поради наводи дека тој бил вклучен во "хомосексуална оргија".[18] Двата медиуми ги повлече наводите. Истата година, Кол ја објави автобиографија под наслов, "" Мојата одбрана , која се продала ви 4.000 примероци во првите шест недели од пуштањето во продажба.[19] Поранешниот колега на Кол, Јенс Леман, го критикуваше Кол за пишување на автобиографија.[20]
Кол имаше неколку мали проблеми со полицијата. На 4 март 2009 година тој заради низа вулгарности пред еден полицаец надвор од Јужен Кенсингтон пред еден ноќен клуб., бил однесен во полициска станица, потоа бил казнет со £ 80 фунти пред да биде ослободен.[21] На 4 јануари 2010 година, Кол беше осуден за брзо возење, дело сторено на 17 ноември 2009. Тој беше снимен дека ја надминална брзината и тоа од 104 & км на час во зона на А3 пат во Кингстон на Темза. Кол, тврдел дека неговите постапки биле затоа што тој се обидувал да ги избегне папараците.[22] На 29 јануари тој беше казнет со 1000 фунти и му беше изречена казна за забрана за возење од четири месеци .[23]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.