Самоилово Царство
Средновековна македонска држава / From Wikipedia, the free encyclopedia
Самоилово Царство или Славинија — средновековна словенска држава на територијата на денешните Македонија,[1] Бугарија (без Тракија), романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија, Косово и Северозападна Грција, која под водство на цар Самоил постоела од 969 до 1018 година. Тоа била првата држава на македонските Словени кои биле владеачки слој во неа настаната во нивното востание против Бугарија во 969 година. За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови како Преспа. Најголемиот дел од населението било словенско. Некои византиски [2], хрватски [3], арапски [4] и други историчари од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија, бидејќи Византијците (и другите народи) почнале да ги нарекуваат соседните словенски народи околу Византија Бугари (откако повеќето јужни Словени биле освоени од Бугарија).[5] По падот на оваа држава името Македонија било име на византиската тема (административна област) Македонија во одринска Тракија. Според македонските, хрватските и некои други академици на пример проф. д-р Хорас Лант од универзитетот во Харвард, САД во времето на Самоил бил завршен процесот на формирање на македонскиот народ (и почнал процесот на формирање на македонскиот јазик во денешна форма од македонската редакција на старословенскиот јазик и така велат и повеќето светски лингвисти денес). Но според тезите на многу историчари и теоретичари, не постоело диференцирање на посебни словенски народи во Самоиловото Царство.[се бара извор] Од друга страна според македонскиот проф. Иван Микулчиќ, после освојувањата на Византиските земји од страна на бугарскиот владетел Симеон, словенските племиња на широкиот простор од Дунав до Егејот и од Јадранот до Црното Море го биле прифатиле заедничкиот етникон "Бугари".[6] Ова, заедно со покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на тие Словени во византиската култура, кое го промовирало формирањето на посебен идентитет.[7][8]
Самоилово Царство
| |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
969–1018 | |||||||||||||
Главен град | Преспа Охрид | ||||||||||||
Говорени јазици | старословенски јазик | ||||||||||||
Вероисповед | православие | ||||||||||||
Уредување | Царство | ||||||||||||
Цар | |||||||||||||
• 969 — 1014 | Самоил (прв) | ||||||||||||
• 1040 — 1041 | Петар Делјан (последен) | ||||||||||||
Историски период | среден век | ||||||||||||
• Основана | 969 | ||||||||||||
• Престанала да постои | 1018 | ||||||||||||
| |||||||||||||
Денес дел од | Македонија Бугарија Босна и Херцеговина Хрватска Србија Албанија Грција Црна Гора |