Средномакедонски период
From Wikipedia, the free encyclopedia
Средномакедонски период или средновековен македонски јазик — развојот на македонскиот писмен јазик од неговата најстара форма старословенскиот до неговата современа употреба го опфаќа периодot од XII век до крајот на Асеманиево евангелие и почетокот на XIX век. Тое е период во кој се зародуваат многу современи јазични црти и постепено ги потиснуваат старословенските (црковнословенските) зборови и зборовен фонд. Означените граници на средномакедонскиот период не треба да ги сфаќаме како брз развиток, туку како постапен развиток. Во овој средномакедонскиот период две книжевни школи дејствувале и ја продолжувиле словенската писмена традиција. Едната е позната како Охридска книжевна школа која развивала книжевна дејност во Охрид и охридската околина, но и пошироко во Западна Македонија.Друга школа со центар во Кратово, поточно во Лесновскиот манастир, развивала литературна дејност во Североисточна Македонија.