Македонија (тема)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тема Македонија или Одринска Македонија — воено-административна област, тема, во Византија, создадена од страна на царицата Ирина во периодот помеѓу доцните 700. години и на почетокот од 800. години кога за првпат се спомнува. Темата Македонија ја опфаќала Северозападна Тракија со административен центар во Адријанопол. Името го добила по населението што се преселило таму од географска Македонија по словенските напади.[се бара извор]