Охридско Езеро
езеро во Македонија и Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
езеро во Македонија и Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се одликува со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.
Охридско Езеро | |
---|---|
Карта на Охридското Езеро | |
Подрачје | Македонско–албанска граница |
Координати | 41°2′N 20°43′E |
Вид на езеро | тектонско |
Главни приливи | Сатеска, Билјанини Извори |
Главни истеци | Црн Дрим |
Слив | км2 | 2,600 км2
Сливни земји | Македонија, Албанија |
Најг. должина | 36,4 км км |
Најг. ширина | 16,8 км км |
Површина | км2 | 388 км2
Прос. длабочина | 155 м м |
Најг. длабочина | 288 м м |
Зафатнина | 55,49 км3 км3 |
Проточност | 70 години |
Брег | 87,53 км Македонија: 56,02 км; Албанија: 31,51 км км |
Надм. височина | 693 м м |
Острови | нема |
Населени места | Охрид, Струга (Македонија) Поградец (Албанија) |
Службен назив: Природно и културно богатство на охридскиот регион | |
Тип: | природно, културно |
Критериуми: | i, iii, iv, vii |
Прогласено: | 1979 (3то заседание) |
Број | 99 |
Регион: | Европа и Северна Америка |
Дополнувања: | 1979, 2019 |
Прогласено: | 15 февруари 2021 |
Број | 2449[1] |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[2]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“[3] (лат. Ohrid Lacus)[4].
Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).
Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151 м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.
Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години).
Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.
За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемски организми. Групи најбогати со ендемски организми и воедно најистражувани групи на организми се дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемски.[5] Тие се:[6]
Пастрмки
Бели риби
|
|
Јагули
|
Климата во Охридската Котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средна месечна температура изнесува 1,5 степени во јануари , додека -17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.
Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се одликуваат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуваат стабилноста. Средната брзина на ветер во охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .
Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 °C.
Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6.000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.
Сликарот Никола Герман оставил неколку фото-записи за тоа како изгледало езерото и рибарството во Охрид по војната:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.