Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО вклучува објекти (на пример гори, планина, езеро, пустина, зграда, град), номинирани и одобрени по меѓународната програма за светското наследство на Комисијата за светско наследство на УНЕСКО.
Програмата има за цел да каталогизира, именува и зачува објекти со културно и природно значење за општото наследство на човечкото наследство. Во определени услови, објектите од списокот можат да бидат финансирани од страна на Фондот за светско наследство. Програмата е создадена со Конвенцијата за зачувување на светското културно и природно наследство, која е поддржана од генералната конференција на УНЕСКО на 16 ноември 1972. Оттогаш па сè до денес, 183 држави ја ратифицирале конвенцијата. Во 2013 година во списокот имало вкупно 981 објект: 759 културни, 193 природни и 29 со „мешано“ значење, и тоа од 160 држави кои се членки на Конвенцијата. УНЕСКО на секој објект од списокот му дава идентификационен број.
Во Македонија, природното и културното богатство на Охридскиот регион е вклучено во списокот на УНЕСКО.
Номинираните места треба да бидат од „извонредна универзална вредност“ и да исполнуваат барем еден од следниве десет критериуми.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.