Месечина
природен сателит на Земјата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Месечина — единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиското небесно тело до неа. Голема колку една четвртина од пречникот на Земјата (споредливо со ширината на Австралија),[1] Месечината е најголемиот природен сателит во Сончевиот Систем во однос на големината на планетата, воопшто петти по големина сателит во Сончевиот Систем, и е поголема од која било позната џуџеста планета. Месечината е објект со планетарна маса кој формирал диференцирано карпесто тело, што ја прави сателитска планета според геофизичките дефиниции на терминот.[2] Месечината нема значајна атмосфера, хидросфера или магнетно поле. Нејзината површинска гравитација е околу една шестина од Земјината (0,1654 g); за споредба, Јупитеровата месечина Ија е единствениот сателит во Сончевиот Систем за кој се знае дека има повисока површинска гравитација и густина.
Полна месечина гледана од северната полутопка на Земјата. | |||||||||||||
Орбитални особености | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Периgee | 362600 км (356400–370400 км) | ||||||||||||
Апоgee | 405400 км (404000–406700 км) | ||||||||||||
384.399 км (0,00257 ае) | |||||||||||||
Занесеност | 0,0549 | ||||||||||||
27,321582 д (27 д 7 ч 43,1 мин) | |||||||||||||
29,530589 д (29 д 12 ч 44 мин 2,9 с) | |||||||||||||
Просечна орбитална брзина | 1,022 км/с | ||||||||||||
Наклон | 5,145° во однос на еклиптиката | ||||||||||||
задоцнува едно свртување за 18,6 год. | |||||||||||||
предничи едно свртување за 8,85 год. | |||||||||||||
Месечина на | Земја | ||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||
Среден полупречник | 1.737,10 км (0,273 Земји) | ||||||||||||
Екваторски полупречник | 1.738,14 км (0,273 Земји) | ||||||||||||
Поларен полупречник | 1.735,97 км (0,273 Земји) | ||||||||||||
Сплеснатост | 0,00125 | ||||||||||||
Обиколка | 10.921 км (екваторска) | ||||||||||||
3,793⋅107 км2 (0,074 Земји) | |||||||||||||
Зафатнина | 2,1958⋅1010 км2 (0,020 Земји) | ||||||||||||
Маса | 7,3477⋅1022 кг (0,012300 Земји) | ||||||||||||
Средна густина | 3,3464 г/см³ | ||||||||||||
1,622 м/с² (0,1654 g) | |||||||||||||
Фактор на моментот на инерција | 0,3929 ± 0,0009 | ||||||||||||
2,38 км/с | |||||||||||||
Ѕвезден вртежен период | 27,321582 d (усогласен) | ||||||||||||
Екваторска вртежна брзина | 4.627 м/с | ||||||||||||
| |||||||||||||
Албедо | 0.136 | ||||||||||||
| |||||||||||||
| |||||||||||||
29,3 - 34,1 лм | |||||||||||||
Атмосфера | |||||||||||||
Површински притисок |
| ||||||||||||
Состав по зафатнина | |||||||||||||
Кружи околу Земјата на просечно растојание од 384.400 км,[3] или околу 30 пати повеќе од пречникот на Земјата. Нејзиното гравитациско влијание за малку го продолжува денот на Земјата и е главен двигател на Земјината плима и осека. Орбитата на Месечината околу Земјата има орбитален период од 27,3 денови. За време на секој период од 29,5 денови, количината на видлива површина осветлена од Сонцето варира од 0 до 100%, што резултира со месечеви мени, кои ја формираат основата за месеците од Месечевиот календар. Месечината е плимно сврзана за Земјата, што значи дека должината на полното свртување на Месечината околу сопствената оска предизвикува нејзината иста страна (блиската страна) секогаш да биде свртена кон Земјата, а нешто подолгиот месечев ден е ист како орбиталниот период. Според тоа, 59% од вкупната површина на Месечината може да се види од Земјата преку поместувања на перспективата поради либрација.[4]
Според најшироко прифатеното објаснување за нејзиното потекло, Месечината се формирала пред околу 4,51 милијарди години, не многу по Земјата, од остатоци од џиновски удар помеѓу планетата и хипотетично тело големо колку Марс наречено Теја. Потоа се повлекла во поширока орбита поради плимна интеракција со Земјата. На блиската страна на Месечината има темни вулкански Месечеви мориња, кои ги исполнуваат просторите помеѓу светлите висорамнини од античка кора и истакнатите ударни кратери. Повеќето од големите ударни кратери и површините на морињата биле формирани до крајот на имбрискиот период, пред околу три милијарди години. Површината на Месечината е релативно нерефлектирачка, со рефлексија малку посветла од онаа на истрошен асфалт. Меѓутоа, бидејќи има голем аголен пречник, полната месечина е најсветлиот небесен објект на ноќното небо. Очигледната големина на Месечината е речиси иста како онаа на Сонцето, што пак ѝ овозможува да го покрие Сонцето речиси целосно за време на целосно затемнување на Сонцето.
Истакнувањето на Месечината на земното небо и нејзиниот редовен циклус на фази побудиле културни наводи и влијанија за човечките општества низ историјата. Таквите влијанија може да се најдат во јазикот, календарските системи, уметноста и митологијата. Првиот вештачки објект што стигнал до Месечината било леталото Луна 2, без екипаж, на Советскиот Сојуз во 1959 година. Следело првото успешно меко слетување на Луна 9 во 1966 година. Единствените човечки Месечеви мисии до денес се оние на програмата Аполо на САД, мисија преку која е овозможено стапнување на површината на Месечината од страна на вкупно дванаесет мажи во периодот помеѓу 1969 и 1972 година. Со овие, а подоцна и со мисиите без екипаж, на Земјата се вратени Месечеви карпи кои се користени за да се развие детално геолошко разбирање за потеклото на Месечината, нејзината внатрешна структура и историјата на Месечината.