Обиколка (геометрија)
обем на кружница / From Wikipedia, the free encyclopedia
Обиколка — обемот на една кружница или елипса,[1] т.е. лачната должина на кружницата кога би се отворила и исправила како отсечка.[2] Поопшто земено, обемот е кривинската должина околу секоја затворна фигура. Обиколката може да се однесува на самата кружница, т.е. работ на круг. Обиколката на сфера е обиколката или должината на било која од нејзините големи кружници.