From Wikipedia, the free encyclopedia
Во астрономијата, месечева единица (месечево растојание LD, месечево растојание) е единица мерка за просечното растојание меѓу Земјата и Месечината и изнесува 384.400 километри. Моменталното растојание зависи од положбата на Месечината во својата орбита (месечев перигеј: 363.104 км; месечев апогеј: 405.696 км)[1].
Во просек, сончевата светлина одбиена од Месечината, пристига до Земјата за 1.25 секунди. Точната оддалеченост на Месечината се мери со помош на времето кое е потребно светлината емитирана од LIDAR станица на Земјата, да се одбие од ретрорефлекторите поставени на Месечината и да пристигне назад. Со оваа метода е утврдено дека Месечината спирално се оддалечува од Земјата за 3.8 сантиметри секоја година.[2]
Месечевата единица се користи за изразување на оддалеченоста на помали објекти Архивирано на 9 април 2017 г. (астероиди, комети, вселенски летала) кои се наоѓаат меѓу Земјата и орбитата на Месечината.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.