![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5e/Mark_Cavendish_TDF2012_%2528cropped%2529.jpg/640px-Mark_Cavendish_TDF2012_%2528cropped%2529.jpg&w=640&q=50)
Марк Кевендиш
британски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Сајмон Кевендиш MBE (англиски: Mark Simon Cavendish; р. 21 мај 1985 ) — мански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[6][7] Првично започнал како велодромски велосипедист, специјализирајќи се во дисциплините медисон, бодовна трка и скреч, а од 2006 се префрлил во друмскиот велосипедизам, истакнувајќи се како спринтер. Од многумина е сметан за еден од најдобрите спринтери на сите времиња,[8][9] а во 2021 година бил наречен „најдобриот спринтер во историјата на Тур и на велосипедизмот“ од Кристијан Придом, директорот на Тур де Франс.[10]
![]() Марк Кевендиш на Тур де Франс 2012 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Марк Сајмон Кевендиш | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Топовско ѓуле,[1] Манска ракета[2] Кев[3] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 21 мај 1985(1985-05-21) (39 г.)[4] Даглас, Ман, ![]() | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,75 м[5] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 70 кг[5] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2004 | Тим Персил | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2006 2006–2011 2012 2013–2015 2016–2019 2020 2021- | Тим Шпаркасе Т-Мобајл Тим Тим Скај Омега Парма-Квик Степ Тим Дименжн Дата Бахреин-Мекларен Декојнинк-Квик Степ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 1 декември 2022 |
Во неговите први години како велодромски велосипедист, Кевендиш освоил злато во медисон на Светските првенства во 2005 и 2008 возејќи за Велика Британија, заедно со Роб Хејлс и Бредли Вигинс соодветно и во трката во скреч на Комонвелтските игри 2006, возејќи за Ман. Откако не успеал да освои медал на Летните олимписки игри 2008 не учествувал во велодромските дисциплини до 2015 година, кога ја освоил неговата трета титула на светските првенства со Вигинс во медисон во 2016 година и поединечен сребрен медал во омниум на Летните олимписки игри 2016.
Како друмски велосипедист, Кевендиш станал професионалец во 2005 година, и постигнал единаесет победи во неговата прва професионална сезона, изедначувајќи го рекордот на Алесандро Петаки. Кевендиш освоил вкупно 34 етапи на Тур де Франс, изедначувајќи се со рекордот на сите времиња со легендарниот Еди Меркс по бројот на освоени етапи на трката, придонесувајќи да биде трет по бројот на освоени етапи на големите трки, вкупно 53 етапни победи. Ја освоил друмската трка на Светското друмско првенство 2011, станувајќи вториот британски возач кој успеал во тоа по Том Симпсон. Кевендиш исто така го освоил бодовниот пласман (спринтерската маичка) на сите три големи трки: Вуелта а Еспања 2010, Тур де Франс 2011 и Тур де Франс 2021[11] и Џиро д’Италија 2013. Во 2012 година, станал првиот велосипедист кој победувал четири години по ред на последната етапа на Тур де Франс на Шанзелизе.
Освоил седум етапи на големите трки во 2013 година, една во 2015 и четири во 2016 година. Ова вклучувало победа на првата етапа на Тур де Франс 2016, освојувајќи ја првата жолта маичка на Тур де Франс во неговата кариера. Кевендиш паднал со Петер Саган на четвртата етапа на Тур де Франс 2017, принудувајќи го да се откаже од трката. Кевендиш продолжил да има добри резултати до август 2018 година, кога добил дијагноза за вирусот Епштајн-Бар. Пред дијагнозата, Кевендиш успеал да настапи на Тур де Франс 2018, но бил дисквалификуван откако не стигнал во рамки на временската граница на единаесеттата етапа. Се вратил на Тур де Франс во 2021 година, освојувајќи ги етапите 4, 6 и 10 со што стигнал до 33 етапни победи, една помалку од рекордот по број на освоени етапи на Тур. Три дена подоцна, на 9 јули, ја освоил етапата од Ним до Каркасон со што го изедначил рекордот. Исто така, го освоил бодовниот пласман пред Мајкл Метјус и Сони Колбрели.
Во 2011 година, Кевендиш бил назначен за член на Редот на Британската Империја за заслуги во британскиот велосипедизам. Исто така, ја освоил наградата за спортист на годината од BBC во 2011 година со скоро половина од сите гласови од десетте предлози.