Крим (полуостров)
полуостров во Црното Море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кримски Полуостров (руски: Кры́мский полуо́стров, украински: Кри́мський піво́стрів, кримскотатарски: Къырым ярымадасы) или познат како Крим (руски: Крым, украински: Крим, кримскотатарски Qırım, Къырым), е најголема копнена маса во Црно Море што е речиси целосно опкружена со вода. Зафаќа површина од 27,000 км2 и население од 2 милиони. Главен и најголем град е Севастопол. Денешниот статус на полуостровот е спорен. Фактички се наоѓа под контрола на Русија и според нивниот став политички е поделен на два субјекти на Руската федерација - Република Крим и Севастопол, град со федерален статус (двата субјекти се дел од Кримскиот федерален округ. Украина го смета Крим како дел од својата територија и не го признава неговото припојување кон Русија. Според украинскиот Устав, Кримскиот Полуостров, се наоѓа во составот на Украина, а политички е поделен на Автономна Република Крим и Севастопол град кој има посебен статус. До март 2014 година Крим бил во состав на Украина кога пратениците во парламентот на Автономна Република Крим со Декларацијата за независнот на Крим од 11 март 2014 година прогласиле независност на Крим од Украина, во што учествуваат и претставниците на Севастопол, додека на референдумот кој е одржан на 16 март 2014 година, жителите на Крим изгласале припојување на Крим кон Русија. Украина не ги признала резултатите од овој референдум како ни неговата легалност. На 17 март Врховниот совет на Крим ја усвоил резолуцијата за независност од Украина и се обратил до Русија за прием на Република Крим во составот на Руската Федерација, за веќе на 18 март 2014 Република Крим влегува во составот на Руската федерација врз основа на договорот кој го потпишале рускиот претседател Владимир Путин и водачите од Крим. Истиот ден и Севастопол постанува дел од Руската федерација како град со федерален статус.
Сателитска снимка на Крим | |
Географија | |
---|---|
Место | Источна Европа |
Координати | 45.3° СГШ; 34.4° ИГД / 45.3; 34.4 |
Соседни водни површини | Black Sea
Sea of Azov |
Најголем град | Севастопол |
Површина | 27.000 км2 |
Највисоко издигнување | 1.545 м |
Управување | |
Федерален округ | Јужен федерален округ |
Федерални субјекти | Република Крим Севастопол[1] |
Области | Автономна Република Крим Севастопол Областа Керсон (северен дел од областа Арабат, реонот Хеникеск) |
Демографија | |
Демоним | Кримски |
Население | 2 милиони[2] |
Етнички групи | Руси Украинци Кримски Татари |