Федерални окрузи во Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Русија се дели на 8 федерални окрузи (руски: федеральные округа), при што полуостровот Крим е сместен во Јужниот федерален округ.
Федералните окрузи се единици на административна поделба за целите на федералната влада. Тие не се составни единици на Руската Федерација. Составните единици на федерацијата се нарекуваат федерални субјекти.
Во секој округ се наоѓаат неколку федерални субјекти. Секој федерален округ има претседателски претставник, чија официјална титула е „Полномошен претставник“. Официјалната задача на овој претставник е едноставно да ја надгледува работата на федералните агенции во регионите, иако во практика овој надзор е далекусежен и од големо значење.