Република Крим
република во Руската Федерација / From Wikipedia, the free encyclopedia
Република Крим (руски: Республика Крым; кримскотатарски: Къырым Джумхуриети, Qırım Cumhuriyeti; украински: Республіка Крим) — република и федерален субјект на Русија сместен на најголемиот дел од полуостровот Крим во Црното Море.
Република Крим | |||
---|---|---|---|
Република | |||
Республика Крым | |||
Друга транскр. | |||
• укр. | Къырым Джумхуриети (кр. тат.) Республіка Крим | ||
Химна: „Нивы и горы твои волшебны, Родина“ (руски) Твоите ниви и гори се волшебни, Татковино | |||
Местоположбата на the Република Крим (red) во Русија (light yellow) | |||
Местоположбата на Република Крим (light yellow) | |||
Држава | Русија | ||
Федерален округ | Кримски[1][2] | ||
Економски регион | Кримски[3] | ||
Главен град | Симферопол | ||
Управа | |||
• Орган | Државниот совет | ||
• Началник | Сергеј Аксјонов | ||
Површина[4] | |||
• Вкупно | 26.100 км2 (10,100 ми2) | ||
Население | |||
• проц. од (2018)[5] | 1.913.731 | ||
Час. појас | московско време [6] (UTC+3) | ||
Службени јазици | руски;[7] украински, кримскотатарски | ||
Мреж. место | http://crimea.gov.ru/ |
Создадена е во 2014 г. откако властите на поранешната Автономна Република Крим и градот Севастопол објавиле независност од Украина и добиле речиси апсолутна поддршка (96,77%) од населението на референдум да станат составен дел од Русија како два нејзини федерални субјекта.[8] Украинските власти и дел од украинскиот народ, Крим го сметаат за дел од Украина и не го признаваат неговиот статус како дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум поради неговата незаконитост, забележани фалсификати и отсуство на набљудувачи од други земји за време на самиот референдум .[9]
Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија — потег кој истите тие сили го оправдувале и целосно поддржувале.