Историја на административната поделба на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на административните поделби на Македонија е мошне сложена. Она што се нарекувало Македонија имало различна големина и било различно политички организирано. Од различни причини, границите и имињата на политичките поделби биле менувани, некогаш следејќи ја топографијата на теренот, некогаш за да се ослабнат претходните административни и државни структури, некогаш да се остварат идеолошките и филозофските идеали за управување, но најчество од причини на воено управување со територијата. Не постојат многу исцрпни и веродостојни историски записи за административните поделби на Македонија во дамнешните времиња, така што подолу опишаните административни едници се приближно опишани. По осамостојувањето на Македонија од Југославија, се прават низа на промени во границите на административните единици (општини) со цел да се задржи унитарниот карактер на државата наспрема тенденцијата на одредени политички центри за нејзина административна дезинтеграција на региони кои би го имале етничкиот предзнак.