Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антигонидска династија или Антигониди — династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.
Напорите на Антигон I Едноокиот за воспоставување на контрола врз целокупната територија на Македонската Империја завршиле со негов пораз во Битката кај Ипс во 301 п.н.е.. Неговиот син, Деметриј I Опсадникот ја преживеал битката и неколку години подоцна завладеал со Македонија, но подоцна бил симнат од престолот и умрел во затвор. По период на нереди, синот на Деметриј, Антигон II Гонат успеал да ја зацврсти семејната власт врз старото Македонско Кралство, како и врз речиси сите грчки градови-држави до 276 п.н.е..[1]
Антигонидската династија била една од четирите династии воспоставена од страна на наследниците (дијадоси) на Александар Македонски, останатите три династии биле: Селевкидската династија, Птоломејската династија и Аталидската династија. Последниот член на династијата, Персеј, кој владеел помеѓу 179 п.н.е. - 168 п.н.е., бил признат од грците како борец за ослободување од римската власт. Персеј не успеал да го сопре напредувањето на римските легии и неговиот пораз во Битката кај Пидна значело и почеток на крајот на династијата.[2]
владетел | период на владеење | забелешка |
Антигон I Едноокиот | зачетник на династијата | |
Деметриј I Опсадникот | 294 п.н.е. - 287 п.н.е. | |
Антигон II Гонат | 277 п.н.е. - 274 п.н.е. | |
Антигон II Гонат | 272 п.н.е. - 239 п.н.е. | повторно назначен |
Деметриј II | 239 п.н.е. - 229 п.н.е. | |
Антигон III Досон | 229 п.н.е. - 221 п.н.е. | |
Филип V | 221 п.н.е. - 179 п.н.е. | |
Персеј | 179 п.н.е. - 168 п.н.е. | последниот крал во династијата |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.