Аргеади

македонска династија From Wikipedia, the free encyclopedia

Аргеади

Аргеадидинастија на кралеви-основоположници на Македонското Кралство и владеела со Античка Македонија од околу 700 п.н.е. до 309 п.н.е. За митолошки основач на династијата се смета Каран, а нејзини најславни припадници се Филип II Македонски и Александар Македонски, го поразил Персиското Царство и ја формирал Македонската Империја. Последен легитимен машки наследник од оваа династија бил Александар IV, син на Александар Велики со Роксана. По неочекуваната смрт на Александар Македонски, започнува периодот на војните на дијадосите кои доведуваат до распад на Македонската Империја и формирање на империи наследнички кои биле владеани од династии формирани од генералите во војската на Александар Македонски.

За потеклото на Аргеадите постојат две теории. Според едната, тие потекнуваат од Аргос на Пелопонез, а според втората, од Аргос во Орестида.[1][2]

Thumb
Еден од претпоставените патишта на Аргеадите од Аргос, Пелопонез, до Македонија.

Членови на династијата

Митски

Историски

Најмалку 11 кралеви и кандидати за македонскиот престол загинале во текот на владеењето на династијата Аргеади: Алкет II, Архелај I, Кратер, Павзаниј, Аргеј II, Александар II, Птоломеј I, Аминта IV, Филип II, Филип III и Александар IV.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.