Бад Лангензалца
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Лангензалца (германски: Bad Langensalza; до 1956 година: Лангензалца) — град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Тој е вториот најголем град во округот по Милхаузен.
Бад Лангензалца
Bad Langensalza | |
Стариот град на Бад Лангензалца | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Унштрут-Хајних |
Градоначалник | Матијас Рајнц (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 129,37 км2 |
Надм. височина | 200 м |
Население | 17.349 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 134 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UH |
Пошт. бр. | 99941–99947 |
Повик. бр. | 03603 |
Портал | www.bad-langensalza.de |
Местоположба на градот Бад Лангензалца во рамките на округот Унштрут-Хајних | |
Координати | 51°6′29″N 10°38′48″E |
Бад Лангензалца припаѓа на историски најзначајните градови во Тириншката Котлина. Стариот град кој се протега на 50 хектари претставува трет најголем старо градско јадро по оние на Ерфурт и Милхаузан во Тирингија.
Бад Лангензалца се наоѓа во Тириншката Котлина, долж долината на Унштрут. Низ градот тече реката Залца, која се влева во Унштрут на околу два километри источно од градот. Бад Лангензалца се наоѓа во непошумен земјоделски крај, кој се граничи со Хајних на запад, со Хајлингер Хеен на север и со Фанер Хеен на југоисток.
Соседни градови на Бад Лангензалца се Милхаузен, 20 километри северозападно, Ајзенах, 30 километри југозападно, Гота, 20 километри јужно, Ерфурт, 30 километри југоисточно, Земерда, 35 километри источно и Зондерсхаузен, 35 километри североисточно.
Општини со кои се граничи се (од запад, надесно): Шенштет, Унштрут-Хајних, Нотертал-Хајлингер Хеен, Кирхајлинген, Зундхаузен, Тотлебен, Урлебен и Гросфаргула во округот Унштрут-Хајних, Тона и Несетал во округот Гота, како и Херзелберг-Хајних во округот Вартбург.
Бад Лангензалца се состои од вкупно 14 единици:
Место | Жители |
---|---|
Градско јадро и Уфхофен | 13.690 |
Ашара | 491 |
Екартслебен | 246 |
Гросвелсбах | 315 |
Грумбах | 286 |
Хенингслебен | 257 |
Илебен | 274 |
Клетштет | 218 |
Меркслебен | 481 |
Негелштет | 730 |
Тамсбрик | 1.041 |
Валдштет | 108 |
Виглебен | 390 |
Цимерн | 351 |
На основа на поднесена граѓанска иницијатива од 2018 година, Градскиот совет на 21 февруари 2019 година го прогласил Уфхофен со посебен статус на градска единица. Со тоа Уфхофен не е само најнова, туку и најголема единица од сите градски единици (без самото градско јадро.
Првпат бил споменат околу 932 година, како село со име „Салцаха“. Името на градот било променето во Лангензалца околу 1578, а „Бад“ (или „бања“) било додадено на името на градот во 1956.
Во 1075, Лангензалца бил дел од Битката за Лангензалца, во која императорот Хајнрих IV ги победил бунтовните Саксонси и Туринги.
Градот бил ограбен и оштетен од пожарите во текот на Триесетгодишната војна (околу 1632). Пожарите повторно уништиле големи делови на градот во 1711, вклучувајќи го целосното уништување на градското собрание. Тоа повторно било изградено помеѓу 1742-1752.
Војната повторно влијаела на градот во текот на 1756-1763, кога се случувала Седумгодишната војна; во близина градот се случила битка во февруари 1761. Во 1815, Лангензалца станала дел од пруската покраина Саксонија. Во 1866 повторно се случила битка во близина на градот помеѓу Прусија и Хановер во текот на Австриско-пруската војна.[2]
Американските трупи го окупирале градот во 1945.
Лангензалца поседува сликовити руини на средновековен замок и во негова близина се наоѓаат сулфурна бања.
Сулфурните бањи се откриени во 1811 и биле отворени на јавноста како лековити бања во 1812. Новите бањи биле отворени во 1928. Изворите на солена и минерална вода биле откриени во 1996, што овозможило отворање на нови лековити објекти.
Бад Лангензалца поседува ботаничка градина („Botanischer Garten in Bad Langensalza“), која била отворена во 2002 и исто така се граничи со Националниот парк Хајних, основан во 1999.
Советот на градот Бад Лангензалца се состои од 24 избрани членови и градоначалникот. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа | % на гласови | Места |
CDU|CDU | 24,5 % | 6 |
WIR | 21,3 % | 5 |
Левица | 15,7 % | 4 |
SPD | 13,7 % | 3 |
Граѓанска листа/FDP | 12,4 % | 3 |
BLU | 8,2 % | 2 |
Зелени | 4,3 % | 1 |
На 29 април 2018 година бил избран за градоначалник Матијас Рајнц (независен) со 76,9% од гласовите.
Бад Лангензалца е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.